Емин-ага
| Емин-ага Emin-ağa | |
|---|---|
| Роден(а) | неизв. Велес, Румелиски Пашалак, Отоманска Империја |
| Починал(а) | 1830 Велес, Румелиски Пашалак, Отоманска Империја |
| Деца | Ќор Али |
Емин-ага (турски: Emin-ağа) — османлиски политичар од турска народност и управник на Велешката Каза со која управувал од околу крајот на XVIII век и почетокот на XIX век.
Животопис
[уреди | уреди извор]Емин-ага е роден во градот Велес, тогаш дел од Отоманското Царство. Потекнувал од благородно турско семејство. Околу крајот на XVIII век, бил назначен за управител на Велешката Каза. Емин-ага побарал помош од значајното мијачко семејство Рензовци да му изградат коник кај левиот брег на реката Вардар.[1] Емин му дозволил на Силјан Рензов, прадедо на Андреја Дамјанов, да се пресели во Папрадиште за да ги избегне арнаутските банди во Тресонче.[2] Синот на Емин, Ќор Али-бег,[3] подоцна ги примил останатите Мијаци од Велешко во самиот град.[1] По уништувањето на Москополе од Али-паша Јанински, Емин им дозволил на влашките трговци да се преселат во Велес. Емин-ага помогнал со трговско и економското напредување на градот.[4]
Емин-ага умрел во 1830 година во Велес. По смртта го наследи неговиот син.[5]
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 Брковски, Мелетије (27 јануари 2006). „Скопје повторно го доби божјиот храм „Св. Богородица"“ (PDF). Македонско сонце.
- ↑ Аврамовски, Аврам (24 април 2022). „Резбарите: раскажувачи во дрво“. Тресонче.
- ↑ Ивановски, Ристо (2014). Албанците во Република Македонија — само од 1780 година (PDF). Битола: Бригиен. стр. 16. Архивирано од изворникот (PDF) на 2023-03-18. Посетено на 2026-05-04.
- ↑ Поповиќ, Јован (1998). О Цинцарима (PDF). Белград: Прометеј. стр. 41.
- ↑ Данов, Љупчо (8 јули 2018). „Патувањето со гемија на Јозеф Хан по Вардар, од Велес до Солун“. Дума.