Емили Марфи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Емили Марфи
Роден(а) 14 март 1868(1868-03-14)
Инисфил, Онтарио, Канада
Починал(а) 17 октомври 1933(1933-10-17) (воз. 65 г.)
Едмонтон, Канада
Занимање Активистка, правник, автор
Познат(а) по Активистка за женски права

Емили Марфи (родена Емили Гован Фергусон, 14 март 1868 - 17 октомври 1933) била канадска активистка за женски права, правник и автор. Во 1916 година станала првата жена судија за прекршоци во Канада и Британската Империја. Таа е најпозната по нејзиниот придонес за феминизмот во Канада, посебно за прашањето дали жените се „личности“, според канадскиот закон. Емили Марфи е позната како член на „Славната петорка“,[1] која е група на канадски активистки за женските права, чии членови биле и Хенриет Едвардс, Нели Маклунг, Луиз Макини и Ирена Парлби.

Биографија[уреди | уреди извор]

Емили Марфи е родена во Кукстаун, Онтарио, како трето дете на Исак и Емили Фергусон. Исак Фергусон бил успешен бизнисмен и сопственик на имот. Како дете, Марфи често им се придружувала на постарите браќа, Том и Гован во нивните авантури; нивниот татко го поддржувал таквото однесување и често подеднакво ги делеле интригите. Со оглед на тоа дека нивното семејство учествувало во законите и политиката, не е чудно што Марфи станала една од највлијателните активистки за женски права во Канада. Марфи пораснала под влијание на нејзиниот дедо, Огла Р. Гован, политичар кој го основал локалното здружение „Портокалов Ред“ (Оrange Order) во 1830-те, и под влијание на двајцата вујковци, членови на Брховниот суд за правда, и сенатори. Нејзиниот брат станал адвокат и член на Врховниот суд. Членовите на нејзиното семејство биле истакнати членови во судот, и таа имала корист од своите родители кои ја поддржувале својата ќерка во примарното формално акаденско образование. Таа е, исто така, во роднинска врска со Џејмс Роберт Гован, кој бил адвокат, судија, и сенатор.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Kome, Penney (1985). [„Емили Марфи“ - Google Книги (англиски) Women of Influence: Canadian Women and Politics] (1st издание). Toronto, Ontario: Doubleday Canada. стр. 31–32. ISBN 978-0-385-23140-4. „Емили Марфи“ - Google Книги (англиски).