Прејди на содржината

Емилија Перес

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Емилија Перес“
Плакатот на македонски јазик
РежисерЖак Одијар
Продуцент
  • Жак Одијар
  • Паскал Кошто
  • Валери Шерман
  • Ентони Вакарело
СценаристЖак Одијар
Главни улоги
Музика
  • Клеман Дукол
  • Камиј
КинематографијаПол Гиљом
МонтажаЖилиет Велфлинг
Студио
ДистрибутерPathé Distribution
Премиера18 мај 2024 г. (Кански кинофестивал)
21 август 2024 г. (Франција)
9 јануари 2025 г. (Македонија)
Времетраење132 минути
ЗемјаФранција Франција
Јазик
Буџет26 милиони долари[1]
Бруто заработка15,4 милиони долари

„Емилија Перес“[2] (шпански: Emilia Pérez) — француска крими-комедија од 2024 г. во режија на Жак Одијар, заснована на неговото сопствено сценарио. Во филмот играат Карла Софија Гаскон, Зои Салдана, Селена Гомес, Адријана Пас и Едгар Рамирес. Премиерно бил прикажан во мај 2024 г. на Канскиот кинофестивал, каде што ја освоил наградата на жирито, а глумиците (Гаскон, Гомес, Пас и Салдана) ја освоиле наградата за најдобра женска улога. Филмот бил предложен за 10 „Златни глобуси“, освојувајќи четири: за најдобар филм — мјузикл или комедија, за најдобра споредна глумица во игран филм, за најдобар филм на странски јазик и за најдобра песна. Добил и 13 номинации за наградите „Оскар“, поставувајќи рекорд за најмногу номинации на филм надвор од англиското говорно подрачје. Исто така, филмот освоил две награди БАФТА: за најдобра споредна глумица и за најдобар неанглојазичен филм. Премиерата на филмот во Франција се одржала на 21 август 2024 година, а во Македонија на 9 јануари 2025 година.[3]

Содржина

[уреди | уреди извор]

Преквалификувана и потценета, Рита е адвокатка во голема фирма, чиј интерес е да ги брани најголемите злосторници наместо да ги изведе пред лицето на правдата. Еден ден, таа добива неверојатна понуда: водачот на наркокартелот, Манитас, ја ангажира за да му помогне да се повлече од бизнисот и да го спроведе планот што тајно го подготвувал со години — да стане жената за која отсекогаш сонувал...

Глумец Улога
Зои Салдана Рита Мора Кастро
Карла Софија Гаскон Емилија Перес / Хуан „Манитас“ дел Монте
Селена Гомес Џеси дел Монте
Адријана Пас Епифанија Флорес
Едгар Рамирес Густаво Брун
Марк Иванир д-р Васерман
  1. Cessac, Marjorie (18 мај 2024). „Cannes 2024 : les maisons de luxe défilent dans les budgets des films“. Le Monde (француски). Архивирано од изворникот 18 May 2024. Emilia Perez bénéficie d'un budget de 25 millions d'euros Занемарен непознатиот параметар |trans-quote= (help)
  2. „Перез“ е погрешно. Според Правописот од 2017 година, буквата „z“ од шпански се транскрибира како „с“ на македонски јазик.
  3. РТС, Емилија Перез (пристапено на 2.3.2025

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]