Емилија Џипунова
Емилија Џипунова | ||
Родена | 30 јануари 1935 Велес, Кралство Југославија | |
---|---|---|
Националност | Македонка | |
Занимање | балерина, критичарка |
Емилија Џипунова (р. 30 јануари 1935 во Велес) — македонска балерина и балетска критичарка.[1]
Како солистка се истакнувала со својата танцувалност и со сигурна балетска техника.
Животопис
[уреди | уреди извор]Џипунова припаѓа на првата генерација македонски балерини. Таа започнала да се занимава со балет на возраст од 13 години. Како солистка, за првпат настапила во 1949 година, во првата целовечерна балетска претстава „Бахчисарајска фонтана“.
Го завршила Балетското училиште во Скопје во класата на Ѓ. Македонски и Н. Кирсанова, напоредно со гимназијата. Апсолвирала на Филолошкиот факултет во Скопје. Член е на Балетот при МНТ во периодот 1949-1974.
До пензионирањето во 1975 година, таа учествувала во сите балетски претстави, именувана како „истакнат солист“. Настапувала како солистка во над 30 балети поставени на сцената на МНТ, а нејзините улоги биле високо вреднувана од критиката. Исто така, таа настапувала и во балетските сегменти од повеќе опери, поставувани на сцената на МНТ.
По пензионирањето, од 1979 година е балетски рецензент во Радиото и во печатените медиуми. Автор е на две телевизиски серии за балетската уметност, а напишала и над 70 лексикографски одредници за балетската уметност во повеќе енциклопедии. Најпосле, Џипунова е автор на две книги: „Македонската балетска сцена“ и „Балетот како врвна естетика на играта“.
- Улоги
- Пријателка на Марија (Б. Асафјев, „Бахчисарајска фонтана“);
- Муза (П. И. Чајковски, „Франческа де Римини“);
- Колумбина (Л. Делиб, „Копелија“)
- и други.
Награди
[уреди | уреди извор]Џипунова е добитник на повеќе награди и признанија од институциите во кои работела, а носител е и на „Орден на трудот со златен венец“, доделен од страна на претседателот на СФРЈ.
- 2015 - Награда „Менада“.[2][3]
- 2018 - Награда „Св. Климент Охридски“[4] за долгогодишни остварувања во областа на културата и уметноста.
- 2021 - Награда „13 Ноември“[5]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Џикова“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1640. Text "series " ignored (help)
- ↑ „Менада за достигнувања во областа на танцот за Емилија Џипунова“, Утрински весник, година XVI, број 4754, вторник, 7 април 2015, број, стр. 14.
- ↑ „Наградата „Менада“ за Емилија Џипунова“, Дневник, година XIX, број 5736, вторник, 7 април 2015, број, стр. 19.
- ↑ НМ (2018-12-08). „Врачена државната награда „Свети Климент Охридски"“. Нова Македонија. Посетено на 2019-07-24.
- ↑ „ИЗБРАНИ ДОБИТНИЦИТЕ НА НАГРАДАТА „13 НОЕМВРИ" НА ГРАД СКОПЈЕ ЗА 2021 ГОДИНА“. Град Скопје. 1 ноември 2021. Посетено на 2 ноември 2021.
|