Емигрантски комунистички сојуз
Исечок од весникот „Ослободување“ | |
| Кратенка | ЕКС |
|---|---|
| Основана | 1920 г. |
| Укината | август 1923 г. |
| Вид | Политички огранок на БКП |
| Цел | Да го спречи влијанието на ВМРО (Автономисти) спрема македонската емиграција во Бугарија. |
| Седиште | Софија, Царство Бугарија |
| Службени јазици | македонски и бугарски |
| Претседател | Димо Хаџи Димов |
| Клучни членови | Васил Главинов и Христо Јанков |
| Матична организација | Бугарската комунистичка партија |
Емигрантски комунистички сојуз „Ослободување“ — огранок на Бугарската комунистичка партија за македонските социјалисти од Вардарска и Егејска Македонија. Основано во 1920 година и предводено од Димо Хаџи Димов. Организацијата дејствувала против влијанието на ВМРО (Автономисти). Орган на сојузот бил весникот „Ослободување“.
Историјат
[уреди | уреди извор]После Првата светска војна, голем дел од поранешните членови на Македонската револуционерна организација се иселиле во Царството Бугарија. Се развила внатрешна борба меѓу врховистите и социјалистички струи за влијание врз македонското емигрантско население. На 23 октомври 1918 година, организирале конгрес во Софискиот универзитет во кои главниот говорник бил Љубомир Милетиќ. Меѓу врховистите биле Георги Баждаров, Кирил Прличев, Симеон Радев и Тодор Александров. Додека од левицата биле Ѓорче Петров и Димо Хаџи Димов.[1]
После неуспехот на конгресот, Серчаните ја објавиле Серската декларација, додека Димо Хаџи Димов ја објавил брошурата Назад кон автономијата. Социјалистите го основале Привременото претставништво, предводено од Христо Татарчев, Петар Поп Арсов, Михаил Герџиков и Петар Ацев. Додека врховистите ја основале ВМРО (Автономисти), предоводена од Тодор Александров. Во 1919 година пропаднало Привременото претставништво. Во 1920 година, со поттик од Бугарската комунистичка партија, основан е Емигрантскиот комунистички сојуз на чело со Димо Хаџи Димов.[1][2]
ЕКС не успеала да го привлече вниманието меѓу македонските емигранти.[3] Освен Хаџи Димов, Васил Главинов и Христо Јанков од Кукуш биле клучни членови во организацијата.[4] Организацијата ги ширела идеалошките ставови на Бугарската комунистичка партија.[5] Меѓу 1920-1923 година нивниот орган бил весникот „Ослободување“, уредена од Хаџи Димов и Главинов.[6] Во август 1923 година, после преговори меѓу БКП и ВМРО (Автономисти),[7] организацијата е укината. Повеќето членови подоцна се приклучиле во ВМРО (Обединета).[8]
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 Пандев, Константин (1975). Димо Хаджидимов. Софија: Съюз на македонските култ. просветни дружества в България. стр. 42–44.
- ↑ Кастелов, Бојан (1985). Димо Хаджидимов. Живот и дело. Софија: Изд. на Отечествения Фронт. стр. 223–225.
- ↑ Нинчовска, Мирјана (2010). Македонската емигрантска федеративна организација меѓу двете светски војни. Скопје: УКИМ. стр. 13. Архивирано од изворникот на 2025-07-10. Посетено на 2026-02-13.
- ↑ Зографски, Данчо (1986). Одбрани дела: Македонското прашање и историските распака. Скопје: Наша книга. стр. 256.
- ↑ Андонов Полјански, Христо (1981). Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава. УКИМ. стр. 210.
- ↑ Поповски, Владо (1999). Македонското прашање во документите на Коминтерната: ч.1. 1923-1925 г. Гурга. стр. 680.
- ↑ Куманов, Милен. „Македония. Кратък исторически справочник“, София, 1993, стр. 99
- ↑ НМ (14 јуни 2023). „Симеон Кавракиров, револуционерот кој загина за обединување на Македонците“. Нова Македонија.

