Емелин Панкхерст

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Емелин Панкхерст (1913)

Емелин Панкхерст (15 јули 1858 година – 14 јуни 1928) била лидер на британското движење ,суфражетки кое им помогнало на жените да го добијат правото на глас.

Во 1999 година Тајм ја назначил Панкхерст како еден од 100-те најважни луѓе на 20 век, изјавувајќи: „таа ја обликуваше идејата за жените за нашето време; таа го внесе општеството во нов модел од кој нема враќање назад“.[1] Таа беше многу критикувана за нејзината милитантна тактика, но нејзината работа помогна да се постигне правото на глас на жените во Британија. [2] [3]

Откако нејзиниот сопруг починал во 1898 година, Панхерст ја основала Женската социјална и политичка унија (WSPU-Women's Social and Political Union), организација посветена на „дела, а не зборови“.[4] Групата стана озлогласена кога нејзините членови почнале да кршат прозорци и ги нападнале полицајците . Панхерст, нејзините ќерки и други активисти на унијата биле осудени на повторени затворски казни, каде што организирале штрајкови со глад за да обезбедат подобри услови. Како што најстарата ќерка на Панкхерст, Кристабел го презла контролта на унијата, антагонизмот меѓу групата и владата растела. На крајот палењето станало вообичаена тактика меѓу членовите, а други модерни организации зборувале против семејството Панкхерст. Во 1913 година, неколку истакнати поединци го напуштија WSPU, меѓу нив и ќерките на Панкхерст, Адела и Силвија. Семејниот расколоп никогаш не закрепнал.

Со доаѓањето на Првата светска војна, Емелин и Кристабел повикаа на итен прекин на милитантниот активизам за право на глас во поддршка на ставот на британската влада против „германската опасност“.[5] Тие ги повикале жените да го помогнат индустриското производство и ги охрабриле младите мажи да се борат. Во 1918 година, жените над 30 години добиле право на глас и унијата повеќе не била забранета . [6]

Панкхерст ја трансформираше машинеријата на унијата во Женска партија, посветена на промовирање на еднаквоста на жените во јавниот живот. Во нејзините подоцнежни години таа се занимава со „ болшевичката закана“ и – незадоволни од политичките алтернативи – се приклучи на Конзервативната партија . Таа починала во 1928 година, 17 дена пред жените да добијат еднакви права на глас[7] и беше одбележана две години подоцна со статуа во лондонската Викторија Тауер Гарденс.


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Warner, Marina (14 June 1999). „Emmeline Pankhurst – Time 100 People of the Century“. Time Magazine. Архивирано од изворникот на 26 August 2013.
  2. Bartley, Paula. 2002. Emmeline Pankhurst. London: Routledge.ISBN 0-415-20651-0
  3. Fulford, Roger. 1957. Votes for Women: the story of a struggle. London: Faber & Faber.
  4. Pankhurst, Emmeline. 1914. My own story. London: Virago Limited, 1979, p38. ISBN 0-86068-057-6
  5. Purvis, June. 2002. Emmeline Pankhurst: a biography. London: Routledge, p270. ISBN 0-415-23978-8
  6. „Start of the suffragette movement“. UK Parliament (англиски). Посетено на 2018-03-13.
  7. „Emmeline Pankhurst“. Biography (англиски). Посетено на 2018-03-13.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]