Ема од Нормандија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ема од Нормандија
British.Library.MS.Add.33241.jpg
Ема од Нормандија со двата сина Хардекнуд и Едвард
Сопруга на Англиски крал
На престол 1002 – лето 1013
3 февруари 1014 – 23 април 1016
Јули 1017 – 12 ноември 1035
Сопруга на Дански крал
На престол 1018 – 12 ноември 1035
Сопруга на Норвешки крал
На престол 1028 – 12 ноември 1035
Сопружник Етелред II (1002 - 1016)
Кнут Велики (1017 - 1035)
Деца
Едвард, Крал на Англија
Года, Грофица од Булоњ
Алфред Етелинг
Хартакнут
Гунхилда, Света Римска Царица
Династија Нормандска
Татко Ричард Бестрашниот
Мајка Гунор
Роден(а) о.  984[1]
Нормандија, Франција
Починал(а) 6 март 1052 (возраст о. 68)
Винчестер, Хемпшир, Англија
Почивалиште Олд Минстер, Винчестер. Коските сега се во Винчестерската катедрала
Вероисповед Римокатолик

Ема од Нормандија (заведена како Елфгифу во кралските документи; [2] околу 984 - 6 март 1052) била Кралица на Англија, Данска и Норвешка преку нејзините бракови со Етелред Неподготвениот (1002-1016) и Кнут Велики (1017- 1035). Таа била ќерка на норманскиот владетел Ричард Бестрашниот и Гунор.

По смртта на своите сопрузи, Ема продолжила активно да учествува во политиката за време на владеењето на нејзините синови, Едвард Исповедникот и Хартакнут. По смртта на Кнут, нејзиниот втор сопруг, во 1035 година, него на англискиот трон го наследил нивниот син Хартакнут, кој во тоа време бил во Данска. Ема била назначена како негов регент до неговото враќање.[3]

Бракот со Етелред II[уреди | уреди извор]

Со намера да ги намали тензиите со Нормандија, англискиот крал Етелред се оженил со Ема во 1002 година.[4] Етелред се надевал дека со овој брак ќе го зближи со Норманите, и дека заедно ќе се борат против викиншките закани.[5] По бракот, на Ема ѝ било дадено англосаксонско име Елфгифу, кое се користело за формални и официјални работи, и станала кралица на Англија. Таа добила сопствени имоти во Винчестер, Ратланд, Девоншир, Сафолк и Оксфордшир, како и во градот Ексетер.[6]

Етелред и Ема имале два сина, Едвард Исповедникот и Алфред Етелинг, и ќерка, Года од Англија (или Годгифу).

Кога данскиот крал Свен Форкберд ја нападнал и ја освоил Англија во 1013 година, Ема и нејзините деца биле испратени во Нормандија, а набрзо им се придружил и Етелред. По смртта на Свен во 1014 г., тие се вратиле во Англија.

Етелред починал во 1016 година. Неговиот син од претходниот бракЕдмунд Ајронсајд го наследил тронот.[7]

Во 1015 година, Кнут, синот на Свен Форкберд, ја нападнал Англија. По смртта на Етелред (април 1016) и Едмунд (ноември 1016), Кралицата Ема се обидела да ја задржи контролата на Англосаксонците врз Лондон и бил договорен нејзиниот брак со Кнут. [5] Некои научници веруваат дека со овој бракот Кнут ги поштедил животите на нејзините синови. [6]

Бракот со Кнут[уреди | уреди извор]

Ема ја напушта Англија со двата сина по инвазијата на Свен Форкберд (1013). Детал од минијатура од 13 век (Fugit emma regina cum pueris suis во нормата cum pueris suis ut ibidem a duce patre suo protegatur )

Кнут го освоил поголемиот дел од Англија по победата над Едмунд Ајронсајд на 18 октомври 1016 година, во битката кај Асандун, по што тие се согласиле да го поделат кралството. Едмунд го зел Весекс, а Кнут остатокот од Англија. Набрзо Едмунд починал (30 ноември 1016), а Кнут станал крал на цела Англија. По склучувањето на бракот со Кнут во 1017 година, [8] синовите на Ема од нејзиниот брак со Етелред биле испратени да живеат во Нормандија под туторство на нејзиниот брат. Тогаш Ема станала кралица на Англија, а подоцна и на Данска и Норвешка.

Во бракот, Ема и Кнут имале син Хартакнут и ќерка Гунхилда.

Деца[уреди | уреди извор]

За време на двата брака, Ема имала 5 деца:

Заговор во врска со смртта на Алфред[уреди | уреди извор]

Кралицата Ема и нејзините синови се примени од војводата Ричард II од Нормандија (Универзитетска библиотека во Кембриџ)

Во 1036 година, Алфред Етелинг и Едвард Исповедникот, синовите на Ема од Етелред, од егзилот во Нормандија се вратиле во Англија за да ја посетат мајка им. За време на престојот во Англија, тие требало да бидат заштитени од Хартакнут, но тој бил во Данска. Алфред бил фатен и ослепен со жешко железо, а подоцна подлегнал на раните и починал.

Едвард успеал да побегне и се вратил во Нормандија.

Похвалата за Кралицата Ема вината за апсењето, мачењето и убиството на Алфред целосно ја префрла на Харолд Харефут, со намера да се ослободи од двајца потенцијални кандидати за англискиот престол преку убиството на Едвард и Алфред. Некои научници тврдат дека тоа можел да биде Годвин, Ерл од Весекс, кој патувал со Алфред и Едвард како нивни заштитник преку Ла Манш.[9]

Ковладеење на Хартакнут и Едвард Исповедникот[уреди | уреди извор]

Хартакнут, синот на Кнут, го наследил тронот на Данска по смртта на неговиот татко во 1035 година. Пет години подоцна, тој и неговиот брат, Едвард Исповедникот, го делат тронот на Англија, по смртта на Харолд, полубратот на Хартакнут. [5] Владееле само две години до смртта на Хартакнут. [5]

Ема одиграла важна улога во ова ковладеење затоа што била заедничката врска меѓу двата крала.

Смрт и погреб[уреди | уреди извор]

Ковчегот во Винчестерската катедрала. Ова е еден од шесте ковчези во близина на олтарот во катедралата, и наводно ги содржи коските на Кнут и неговата сопруга Ема.

По нејзината смрт во 1052 година, Ема била погребана заедно со Кнут и Хартакнут во Стариот Минстер, Винчестер, пред да биде префрлена во нова катедрала изградена по Норманското освојување.[10] За време на Англиската граѓанска војна (1642–1651), нивните останки биле расфрлани по подот на катедралата од страна на парламентарните сили.

Искушението на кралицата Ема[уреди | уреди извор]

Искушението на кралицата Ема од Вилијам Блејк.

Искушението на кралицата Ема од Оган во Винчестер е легенда која најверојатно потекнува од 13 век. Кралицата Ема била обвинета дека спиела со епископот Елфвајн од Винчестер. За да ја докаже својата невиност, таа требало да помине преку девет вжештени плугови поставени на наосот на Винчестерската катедрала. Двајца епископи ја одвеле босоногата кралица пред редицата од вжештени плугови. Одела по вжештените плугови, но не го почувствувала голото железо ниту жарот.[11] [12] Вилијам Блејк направил илустрација од настанот.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Strachan 2004, стр. 15.
  2. Encomium Emmae Reginae, p. 40 digitallibraryindia accessed 21 December 2020
  3. Philip J. Potter:Gothic Kings of Britain: The Lives of 31 Medieval Rulers, 1016-1399
  4. Keynes 2009.
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 Howard 2008.
  6. 6,0 6,1 Huneycutt 2003.
  7. Barlow 1984.
  8. Strachan 2004.
  9. O'Brien 2006.
  10. Lawson 2013.
  11. Dugdale 1693.
  12. Reid 1885.