Ема Асон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ема Асон

Ема Асон (13 јули 18891 јануари 1965),[1] била политичарка од Естонија (Социјалдемократ). Таа била првата жена која била избрана во парламентот во Естонија. Ема Асон учествувала во создавањето на првиот устав во независна Естонија, посебно во делот за образование и женските права.

Животопис[уреди | уреди извор]

Ема Асон е родена во Ваабина, Лифландска губернија, во тоа време дел од Руското Царство. Татко ѝ бил учител. Учела во женската школа на Пушкин во Тарту, а дипломирала историја на „Бестужев Курсеви“ во Санкт Петербург во 1910 година. Се вработила како наставник по историја во женскиот колеџ во Тарту.

Ема Асон била активна во рзлични женски организации. Во 1919 година, била избрана во градскиот совет во Талин, како и во првиот парламентарен состав на независна Естонија. Во 1920 година, на жените во Естонија им биле дадени сите политички права. Само две жени биле консултирани за време на создавање на уставот, а тоа биле: Мини Курс-Олеск и Ема Асон.[2] Била член на Министерството за образование во 1919 - 1921 година, секретар на женската организација во Естонија и претседател на отсекот за образование од 1925 до 1940 година.

Била во брак со политичарот Фердинанд Петерсен од 1921 до 1941 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Asson, Emma (1889-1965)“. Eesti Majanduslugu. Архивирано од изворникот на 2019-04-06. Посетено на 24 November 2013.
  2. The Struggle for Female Suffrage in Europe: Voting to Become Citizens. BRILL. 7 June 2012. стр. 120–. ISBN 978-90-04-22991-4.