Ема Андијевска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ема Андијевска
Емма Андієвська
Emma Andijewska.JPG
Ема Андијевска (7 февруари 2009)
Роден/а19 март 1931 (1931-03-19) (88 г.)
Сталино, СССР
Занимањепоет, романописец, сликар, раскажувач
Националностамериканска
УниверзитетУкраински слободен универзитет
Жанрукраинска литература
Книжевно движењенадреализам

Потпис
мрежно место
emma-andiyevska.com

Ема Андијевска (украински: Емма Андієвська) (19 март 1931 година, во Донецк) — модерен, украински поет, писател и сликар. Нејзините дела се карактеризираат со надрелистичен стил. Некои од нејзините дела се преведени на англиски и германски.[1][2][3][4] Андијевска живее и работи во Минхен.

Ема Андијевска е автор на дваесет и девет збирки на поезија, пет книги со кратки раскази, три романи и повеќе од девет илјади слики. Таа има одржано уметнички изложби во САД, Канада, Франција, Германија, Австралија, Бразил, Израел, Украина и Швајцарија. Таа е член на Националниот сојуз на писатели на Украина, на украинскиот ПЕН-клуб, на Слободната академија во Минхен и Сојузното здружение на уметници. Таа е една од најважните претставници на модернизмот во украинската литература од втората половина на 20-тиот век.

Биографија[уреди | уреди извор]

Ема Андијевска била родена на 19 март 1931 година во Донецк. Нејзиниот татко бил хемичар-пронаоѓач, а нејзината мајка била агрикултурист според образованието. Ема Андијевска присуствувала на училиште само повремено, поради нејзините чести тешки болести поради кои таа морала да учи сама. Поради овој нејзин морбидитет нејзиното семејство се пресели во Вишгород во 1937 година, а подоцна во Киев во 1939 година. Татко ѝ на Андијевска беше убиен од страна на советските власти за да не може да ги даде неговите откритија на Германците.

Поради ова, децата и мајката морале да заминат за Германија во 1943 година. Семејството живееше во различни градови низ Германија, вклучувајќи го и Берлин во зоната на англиската окупација. Таму Ема Андијевска лежеше во гипс за време од три години поради нејзината туберкулоза на 'рбетот, а осум години била во корсет. При крајот на 1949 година, за време на блокадата на Берлин, семејството се пресели во камп за раселени лица во Митенвалд, а подоцна во Минхен. За да ги намали шанските за добивање на туберкулоза на белите дробови, таа додека била во Берлин, а подоцна и во Митенвалд, зеде лекции во оперското пеење.

Во 1957 година Андијевска дипломирала на Украинскиот слободен универзитет во Минхен во областа на филозофијата и филологијата. Во 1957 година целото семејство се пресели во Њујорк, а во 1962 година Андијевска добила американско државјанство. Во 1959 година таа се омажила за украинскиот литературен критичар, есеист и писател Иван Кошеливец и живеела заедно со него четириесет години. Од 1955 година до 1995 година Андијевска работела како најавувач, режисер, сценарист и уредник на украинскиот оддел на Радио Слобода во Минхен. Таа во моментов живее во Минхен, каде интензивно работи на нејзините дела, понекогаш по осумнаесет часа на ден.

Во 1992 година, Андијевска за првпат по долго време ја посети Украина. По 2000, Андиевскаја го посетила својот мал дом во Донецк. Таму таа имаше изложба на слики во Донецкиот уметнички музеј, имала презентација и средба со сонародници во конференциската сала на Музејот за уметност и го посетила Украинскиот културен центар во Донецк.

"Фолклорна песна за јаболкото"
Песна прочитана од Ема Андијевска (на украински).

Стил[уреди | уреди извор]

Ема Андијевска често се поврзува со Њујоршката група на украински емигрантски писатели. Во овој круг на пријатели спаѓаат скулпторите Михаил Черешновски и Григор Крук, уметниците Марија Долницка и Јаков Гниздовски и поетите Михаил Орест, Олег Зујевски и Васил Барка. Нивните дела се карактеризираат со тоа што тие се чисто естетски, а не политички. Поезијата и прозата на Андијевска често е наречена надреалистичка. Таа ја нагласува важната улога на потсвеста во нејзините дела. Филозофијата, духовноста и мистицизмот се исто така важни аспекти во нејзините дела. Светгледот на Андијевска е доста сличен со идеите на будизмот и Карлос Кастанеда. Делата на Андијевска се сложени и бараат ерудиција од читателот.

Награди и признанија[уреди | уреди извор]

  • Антоновичка награда (1983)
  • Орден за интелектуална храброст (2002)
  • Меѓународната книжевна награда "Триумф" (2003)
  • Глодоскиј скарб (2009)
  • Националната награда Шевченко (2018)

Извори[уреди | уреди извор]

Збирки на поезија
  • "Поезија" (Нов Улм, 1951)
  • "Раѓање на идол" (Њујорк, 1958)
  • "Риба и големина" (Њујорк, 1961)
  • "Примитивни" (Минхен, 1964)
  • "Чаршија" (Минхен, 1967)
  • "Песни без текст" (Минхен, 1968)
  • "Наука за земјата" (Минхен, 1975)
  • "Каварна" (Минхен, 1983)
  • "Искушенијата на Свети Антониј" (Минхен, 1985)
  • "Вигилија" (Минхен, 1987)
  • "Архитектонски ансамбли" (1989)
  • "Меѓуградски" (Киев, 1998)
  • "Сегменти на сон" (Минхен, 1998)
  • "Вили над морето" (Киев, 2000)
  • "Атракции со орбити и без" (Лавов, 2000)
  • "Бранови" (Киев, 2002)
  • "Бегство на коњот" (Киев, 2004)
  • "Поглед од карпата" (Киев, 2006)
  • "Хемисфери и конуси" (Киев, 2006)
  • "Розеви котли" (Киев, 2007)
  • "Фулгурити" (Киев, 2008)
  • "Идила" (Киев, 2009)
  • "Мираж" (Киев, 2009)
  • "Мутанти" (Киев, 2010)
  • "Градски вентили" (Киев, 2012)
  • "Бежигарно време" (Киев, 2013)
  • "Маратонско бегство" (Киев, 2016)

Кратки раскази
  • "Патување" (Минхен, 1955; Киев, 1994)
  • "Тигри" (Њујорк, 1962)
  • "Џалапита" (Њујорк, 1962)
  • "Бајки" (Париз, Лавов, Цвикау, 2000)
  • "Проблем со главата" (Лавов, 2000)
Романи
  • "Херострати" (Минхен, 1971; Израел, 2009)
  • "Роман за добриот човек" (Минхен, 1973; Киев, 1993)
  • "Романот за целта на човекот" (Минхен, 1982; Киев, 1992).
  • "Лавиринт" (незавршен, фрагменти биле објавени во 1988 година)

Дела преведени на англиски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Литература[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]