Емануел Роблес

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Емануел Роблес
Роден/а4 мај 1914
Оран, Франција
Починат/а22 февруари 1995
Булон Бијанкур, Франција
Занимањеписател, драматург, поет
ДржавјанствоФранцузин
Сопруг/аПолет Пујад
ДецаПавел (1941-1958)

Емануел Роблес (француски: Emmanuel Roblès, роден на 4 мај 1914 во Оран - починал на 22 февруари 1995 во Булон Бијанкур) — француски новинар, драматург и писател на дела во жанрот современ роман, патепис и драма.

Биографија[уреди | уреди извор]

Емануел Роблес е роден на 4 мај 1914 година во Оран, Алжир, во семејство со шпански потекло и од работничка класа. Татко му бил ѕидар, а мајка му перала. Татко му починал пред неговото раѓање и тој пораснал со својата мајка и баба, која имала влијае врз неговата иднина креативност. Завршил гимназија и воената служба во Блида.

Патувал многу посетувајќи неколку европски земји во 1934 година и Индокина и јужниот дел на Кина во 1935 година. Во 1937 година се сретнал и се спријателил со писателот Албер Ками, а потоа се поврзал со групата млади писатели околу издавачот Едмонд Шарл. Во 1938 година бил објавен неговиот прв роман „L'Action“. Тој е еден од првите кои направиле преводи на Федерико Гарсија Лорка. Емануел студирал на Факултетот за уметности и учел шпанска филологија.

Во 1939 година се оженил за студентката Полет Пујад. Во 1942 година им се родил син, кој починал во 1958 година. Втората светска војна ги прекинала студиите на Емануел Роблес и тој бил мобилизиран како преведувач и воен дописник во воено-воздушните сили во Корзика, Сардинија, јужна Италија, учествувајќи во бомбардирањето на северниот дел на Италија и Јадранскиот брег. Во текот на војната тој бил ранет во раката. Емануел Роблес бил ддемобилизиран во април 1946 година во Париз. Во 1946 година започнал да соработува со различни весници на воена тема. Во 1947 година се вратил во Алжир и формирал литературно списание „Форже“. Бил и водител на Радио Алжир. Истата година импресиониран од настаните од мај 1945 година во Алжир, го напишал романот „Висина на градот“, кој бил објавен во 1948 година Романот бил награден со наградата „Фемина“.

Во 1948 година била објавена претставата „Монсерат“, за граѓанската војна во Венецуела, која станува светски позната и објавена на над 30 јазици во светот. Заедно со литературната креативност тој продолжил да патува многу (Мексико, Јапонија, и др.), а впечатоците ги опишувал во патеписци, романи и колекција на раскази.

Во 1952 година бил издаден романот му "се вика зора", кој бил екранизиран во 1956 година. Во 1956 година бил учесник во комисијата за граѓанското примирје во Алжир, а во 1958 година го напуштил Алжир и се населил во Париз.

Емануел Роблес бил избран за член на „Академија Гонкур“ во 1973 година. Починал на 22 февруари 1995 година.

Дела[уреди | уреди извор]

Романи[уреди | уреди извор]

  • L'Action (1938)
  • La Vallée du paradis (1941)
  • Travail d'homme (1942)
  • Les Hauteurs de la ville (1948)
  • Cela s'appelle l'aurore (1952)
  • Federica (1954)
  • Les Couteaux (1956)
  • Le Vésuve (1961)
  • La Remontée du fleuve (1962)
  • Plaidoyer pour un rebelle (1966)
  • La Croisière (1968)
  • Un printemps d'Italie (1970)
  • Saison violente (1974
  • Un amour sans fin (1976)
  • Les Sirènes (1977)
  • L'Arbre invisible (1979)
  • Venise en hiver (1981)
  • La Chasse à la licorne (1985)
  • Norma, ou L'Exil infini (1988)
  • L'Herbe des ruines (1992)

Поезија[уреди | уреди извор]

  • Cristal des jours (1990)

Пиеси[уреди | уреди извор]

  • Île déserte (1941)
  • Interlude (1941)
  • Montserrat (1948)
  • La vérité est morte (1952)
  • L'Horloge (1958)
  • Porfirio (1958)
  • Plaidoyer pour un rebelle (1965)
  • Un Château en novembre (1984)
  • La Fenêtre (1987)
  • Mer libre (1985)
  • Les Yaquils (1991)
  • Lanterne magique (1994)

Зборници[уреди | уреди извор]

  • Nuits sur le monde (1944)
  • La Mort en face (1951)
  • L'Homme d'Avril (1959)
  • L'Ombre et la rive (1972)
  • Les Rives du fleuve bleu (1990)
  • Erica (1994)
  • Malika et autres nouvelles d'Algérie (2014)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]