Прејди на содржината

Ел Дорадо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Златото на индијанските кралеви наречен зипа, поради што Шпанците го презеле митот за Ел Дорадо.

Ел Дорадо (шпански: El Dorado) - измислено кралство во Јужна Америка, богато со злато.

Митот за Ел Дорадо

[уреди | уреди извор]

На шпански, зборот „Ел Дорадо“ значи „златниот“ и оригинално потекнува од изразот El Hombre Dorado („Златниот човек“) или од El Rey Dorado („Златниот крал“), а го означувал Зипа, митолошкиот поглавар на народот Муиска во Колумбија. Зипа бил познат по тоа што се попрскал со златна прашина и потоа потонал во езерото Гватавита. Со текот на времето, легендата за Ел Дорадо постепено се менувала и попримила други значења, од златен град до златно царство. Исто така, постепено се појавиле гласини за друга локација на Ел Дорадо, што поттикнало неколку неуспешни експедиции во доцниот 16 век во потрага по градот наречен Маноа (Manõa) на брегот на езерото Париме. Двете најуспешни експедиции до Ел Дорадо биле предводени од сер Волтер Ралеј (Sir Walter Raleigh). Инспирирани од легендата, шпанските конквистадори повеќепати ги пребарувале Колумбија, Венецуела и делови од Гвајана и Бразил во потрага по градот и славниот крал. Во текот на овие експедиции, биле направени карти на северниот дел од Јужна Америка, вклучувајќи го и басенот на реката Амазон. На почетокот од 19 век, идејата за постоењето на Ел Дорадо била отфрлена.[1]

Ел Дорадо како тема во уметноста и во популарната култура

[уреди | уреди извор]
  1. „Humboldt, Alexander von, Personal Narrative of Travels to the Equinoctial Regions of America During the Years 1799-1804, (chapter 25). Henry G. Bohn, London, 1853“. Архивирано од изворникот на 2016-03-03. Посетено на 2019-01-22.
  2. YouTube, Neil Young – Eldorado (пристапено на 3.11.2017)
  3. IMDb, The Road to El Dorado (2000) (пристапено на 22.11.2017)