Прејди на содржината

Елсфлет

Од Википедија — слободната енциклопедија
Елсфлет

Elsfleth

Делови од градот Елсфлет
Делови од градот Елсфлет
Делови од градот Елсфлет
Грб на Елсфлет
Елсфлет во рамките на Германија
Елсфлет
Управа
Земја Германија
ПокраинаДолна Саксонија
ОкругВезермарш
ГрадоначалникБригите Фукс (независен)
Основни податоци
Површина115,15 км2
Надм. височина3 м
Население 9.204 (31 декември 2022)[1]
 - Густина80 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл.BRA
Пошт. бр.26931
Повик. бр.04404
Порталwww.elsfleth.de
Местоположба на градот Елсфлет во рамките на округот Везермарш
Карта
Карта
Координати53°14′0″N 9°28′0″E / 53.23333°N 9.46667°E / 53.23333; 9.46667

Елсфлет (германски: Elsfleth) — мал град во округот Везермарш, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на вливот на Хунте во Везер, на нејзиниот лев брег.

Градот по Норденхам и окружниот град Браке претставува трета најголема општина во Везермарш[2] и едно од најстарите места во Долен Везер.[3] Од 1814 до 1933 година, Елсфлет бил седиште на амт Елсфлет.

Географија

[уреди | уреди извор]

Местоположба

[уреди | уреди извор]

Елсфлет се наоѓа на Хунте, која се влива во Везер во самото градско подрачје. Градот Олденбург се наоѓа југозападно од Елсфлет. Југозападно од градот се наоѓа Бремен.

Соседни општини

[уреди | уреди извор]

На север од градот се наоѓа општината Овелгене, а на североисток е окружниот град Браке. На исток се граничи со Везер, а на другиот брег на реката е општината Берне, додека на југ е општината Худе во округот Олденбург. На југозапад се граничи со градот Олденбург, додека на запад се граничи со општината Раштеде во округот Амерланд.

Политика

[уреди | уреди извор]

Градски совет

[уреди | уреди извор]

Градскиот совет се состои од 22 избрани членови, што одговара за градови со број на жители помеѓу 8.001 и 9.000 жители.[4] Членовите се избираат на општи избори на секои пет години.

На последните општински избори на 11 септември 2016 година биле добиени следниве резултати:[5]

Партија Удел Места Промена гласови Промена места
CDU34,67 %8+0,2 %0
SPD33,88 %7+0,52 %0
Независна група Елсфлет (UWE)9,76 %2+0,61 %0
FDP9,06 %2−1,45 %0
GRÜNE8,65 %2−1,4 %0
LINKE3,94 %1+1,51 %0

Градоначалник

[уреди | уреди извор]

На 11 септември 2016 година била избрана независната Бригите Фукс за градоначалник. Таа освоила 54,48 проценти од гласовите против двата соперника.[6]

Збратимени градови

[уреди | уреди извор]

Од 13 март 1999 до крајот на 2014 година постоело партнерство помеѓу градот Елсфлет и градот Марстал на данскиот остров Ере.

Познати луѓе

[уреди | уреди извор]

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
  2. Herzlich Willkommen in Elsfleth Архивирано на 25 септември 2014 г., 29 април 2012.
  3. „Elsfleth – Stadtgeschichte“. 2012-04-29. Архивирано од изворникот на 2018-09-27. Посетено на 2018-09-27.
  4. Niedersächsisches Kommunalverfassungsgesetz (NKomVG) in der Fassung vom 17. Dezember 2010; § 46 – Zahl der Abgeordneten Архивирано на 10 јуни 2020 г., abgerufen am 10. Januar 2014.
  5. Stadt Elsfleth – Gesamtergebnis Stadtratswahl 2016, 31 декември 2016.
  6. Stadt Elsfleth – Bürgermeisterwahl 2016, 27 април 2012.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]