Елса Моранте

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Елса Моранте
Elsa Morante
Elsa Morante with her cats at her apartment in Rome
Роден/а18 август 1912(1912-08-18)
Рим, Италија
Починат/а25 ноември 1985(1985-11-25) (возр. 73)
Рим, Италија
Занимањеромансиер
НационалностИталијанка
Значајни делаИсторија
Значајни наградиВиарегио Призе (1948)
Сопруг/аАлберто Моравија (в. 1941–61)

Елса Моранте (италијански: Elsa Morante), (18 август 1912, Рим - 25 ноември 1985, Рим) — италијанска писателка, романсиер, поет, преведувач, писател на литература за деца[1].

Нејзиниот роман „Историја“ е вброен во 100 најдобри книги на сите времиња.

Животопис[уреди | уреди извор]

Родена била во Рим на 18 август 1912 година. Нејзината мајка била Еврејка и работела како учителка во Рим, а нејзиниот татко работел како поштар.

И покрај фактот дека нејзиното семејство било сиромашно, Елса успеала да го заврши класичното средно училиште.

Поради економски и семејни причини, таа не успеала да го заврши колеџот; таа започнала да работи како наставничка и да одржува приватни часови на италијански, латински и грчки јазик..

Таа била многу млада кога за прв пат започнала да пишува мини-романи, се занимавала и со пишување на поезија и со уметничка литература.

Нејзините дела секогаш биле објавувани иако фашизмот во тоа време бил на власт во Италија.

Брзо се здобила со голема популарност и затоа фашистичкиот режим не можешел директно да ја нападне, затоа што ќе го предизвикал гневот на Италијанците.

Во 1936 година, таа се запознала со славниот италијански писател Алберто Моравија, а во април 1941 година се омажила за него.

На крајот на Втората светска војна, Елса и Алберто морале да го напуштат Рим, кој тогаш бил под германска окупација, поради нивното еврејско потекло. Се засолнале во местото Фросионе. Нивниот престој таму бил за неа инспирација за нејзиниот антологиски роман „Историја“

Елса Моранте и Алберто Моравија се развеле во 1961 година, а тој настан имал посебно влијание врз нрјзината работа, како и врз нејзината психа.

Елса Моранте се обидела да се самоубие во 1983 година, а починала во 1985 година од срцев удар по една операција и од последиците на самубиството[2].

Главни теми[уреди | уреди извор]

Поголемиот дел од водечките ликови на Моранте ја користат автобиографијата како начин за терапија и надеж. Нарцизмот станувала водечка алатка во нејзиното творештво. Нејзиното пишување е од суштинско значење за формирање на позитивна свест за нејзините лични сеќавања. Друг важен аспект на работата на Моранте е метафората за љубовта. Според неа, љубовта може да биде страст и опсесија и може да доведе до очај или уништување. Според неа, нејзината прва љубов била рај, но потоа се претворила во пекол. Метафората на љубовта лесно може да се проследи во една од нејзините најпознати песни, „Алиби“. Љубовта и нарцизмот се теми добро поврзани едни со други. Повеќето од ликовите на Моранте бараат љубов, не затоа што имале вистински чувства кон личноста во која се вубувале, туку затоа што требало да ги покријат чувствата за празнина уште од своето детство[3].

Творештво[уреди | уреди извор]

Романи[уреди | уреди извор]

  • Лага и магија (1948) [4].
  • Островот Артуро (1957)
  • Историја (1974)
  • Аракоели (1982)

Збирки на раскази[уреди | уреди извор]

  • Тајната игра (1941)
  • Несекојдневните авантури на Катери 'од Тречиолина' (1942)
  • Андалузискиот шал (1963)
  • Заборавени приказни (1937-1947)
  • Детски анегдоти (1939-1940)

Поезија[уреди | уреди извор]

  • Алиби (1958)
  • Светот спасен од децата (1968)

Книги за деца[уреди | уреди извор]

  • Вонредните авантури на Кетрин (1959)

Есеј[уреди | уреди извор]

  • Добри и лошите страни на атомската бомба (1987, есеи)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. [ https://www.britannica.com/biography/Elsa-Morante/ Архивирано 29 октомври 2020 г. Elsa Morante Italian author]
  2. ELSAMORANTE
  3. „Elsa Morante (1918-1985)“. Архивирано од изворникот на 2020-01-18. Посетено на 2020-07-24.
  4. Elsa Morante married the novelist Alberto Moravia

Надворешни врски[уреди | уреди извор]