Елмира Хусејнова

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Елмира Хусејнова
Податотека:Elmira Hüseynova.jpg
Роден(а)Елмира Хусејнова кизи Мехрали
12 февруари 1933(1933-02-12)
Баку, Азербејџанска Советска Социјалистичка Република
Починал(а)23 јануари 1995(1995-01-23) (61 години)
Баку, Азебејџан
НационалностАзерска
Други имиња(руски: Эльмира Мехралы кызы Гусейнова)
Занимањевајар, портретист
Активен1957–1995
Познат(а) помонументални скулптури

Елмира Хусејнова (12 февруари 1933 – 23 јануари 1995 година) — азербејџански вајар и портретист, која има одржано изложби во различни локации низ светот и беше призната како Почесен уметник на Азербејџан.

Ран живот[уреди | уреди извор]

Елмира Хусејнова кизи Мехрали (Елмира Хусејнова, ќерка на Мехрали) била родена на 12 февруари 1933 година во Баку, Азербејџанска Советска Социјалистичка Република.[1] Таа уште од рана возраст имала желба да стане уметник.[2] Елмира студираше на Државиот универзитет за уметност Азим Азимзаде, дипломирајќи во 1954 година. Таа го продолжи своето образование во Државниот научен институт за сликарство, скулптура и архитектура Илја Репин во Санкт Петербург, дипломирајќи во 1960 година.[3]

Кариера[уреди | уреди извор]

Хусејнова почна да одржува изложби во 1957 година и во Азербејџан и во разни други републики на СССР. Тие главно се фокусирале на културни икони—писатели, научници, воени херои и обични работници. Во однос на вајарството, таа работеше со различни медиуми како бронза, керамика, епоксидна смола, мермер, гипс, камен и дрво. Таа работеше со различни видови на дрва и материјали за создавање на најпознатите и значајните нејзини дела.[2] Таа во стапила во брак со Тогрул Нариманбеков и тие заедно имале една ќерка, Асмар Нариманбеков, која била именувана по братот на нејзината мајка[4] и и исто така станала Почесен уметник на Азербејџан.[5]

Хусејнова најмногу се истакна со нејзините масивни скулптури и нејзината оригиналност во однос на композицијата. Некои од нејзините најистакнати дела се: Селска девојка (1957), Работник (1958), Семејство (1960), и Мајка (1970). Таа создала скулптури за гробовите на Јафар Џабарли (1968) и Расул Рза (1970), како и барелјеф за Лав Ландау[3] и споменик за Хасан бег Зардаби (1983), кој се наоѓа во Стар град на влезот на издавачката куќа на Азербејџанска енциклопедија.[3][6] Таа создала два споменици во Германија и во 1967 година беше призната како Почесен уметник на Азербејџан.[3] Други истакнати нејзини дела се статуата на Дмитриј Менделеев на лоџијата на Националната библиотека на Азербејџан во Баку, споменикот на Џафар Џабар во Сумгајит (1966) и слика на платно во зградата Мили Меџлис која била портрет на Незами Ганџави.[6][1] Во прилог на нејзините скулптури, таа беше позната и по нејзините портрети, од кои најпознати се: Портрет на Сатар Бахлулзаде, Портрет на Расул Рза, Портрет на студент и Портрет на Тогрул.[6]

Смрт и наследство[уреди | уреди извор]

Хусејнова починала на 23 јануари 1995 година во Баку по долго и тешко боледување.[1][2] Некои од нејзините дела во постојани колекции на Националниот музеј на уметноста на Азербејџан и Азербејџанските државни уметнички галерии (аз), како и во приватни колекции.[4] Во 2012 година, во нејзина меморија била одржана изложба на одредени нејзини дела во Бакуската галерија.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

Извори[уреди | уреди извор]

Користена литература:[уреди | уреди извор]