Елија Евдокија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Елија Евдокија
Византиска царица
Полно имеЕвдокија Августа
Роден(а)околу 401
Родно местоАтина
Починал(а)октомври 20, 460(460-10-20) (58 - 59 години)
Место на смртЕрусалим
Придружник наТеодосиј II
ДецаЛицинија Евдокија
ТаткоЛеонтија

Атинијада или позната како Елија Лицинија Евдокија (401-460), била византиска царица, сопруга на царот Теодосиј II.

Атинијада била родена во Атина или Антиохија,[1][2] со грчко потекло[3][4][5][6][7], како ќерка на софистот Леонтиј[8] од кого добила добри познавања во областа на литературата и реториката[9]. Нејзиниот татко имал голема куќа во Акропол, со голем двор, место каде малата Атинијада ги поминувала детските денови[10]. Таа била крстена според градскиот протектор Палас-Атена[10].

Кога таа имала 12 години, нејзината мајка починала и таа ги презела домашните обврски. Кога починал нејзиниот татко во 420 година, таа била уништена од болка. Според негова волја, тој им го оставил целиот имот на своите синови, додека на неговата ќерка само 100 монети, велејќи дека тие биле доволни за неа бидејќи нејзината судбина ќе биде најголема за една жена[9]. Традиционалната приказна раскажана од Јован Малаја и други средновековни автори, е дека алчните браќа на Атинијада ја лишиле од скромниот дел од татковото наследство[11], поради што таа се обратила за одмазда кон царскиот двор во Константинопол. Брилијантното нејзино докажување во дворот го привлекла вниманието на Теодосиј и сестра му Пулхерија која ја направила Атинијада своја дворска дама, подготвувајќи ја за жена на царот.

Таа го прифатила христијанството и го променила своето име во Елија Лицинија Евдокија, по што на 7 јули 421 година се омажила за Теодосиј II. Две години подоцна Елија Евдокија ја добила и титулата августа. Новата царицата на своите браќа ги направила државници, при што едниот, Валериј го направила конзул во 432 година а подоцна и стратег, додека другиот Гесиј го направил епарх на Илирик.

Други современи автори на Елија Евдокија, како Сократ Схоластик и Јован Панонски, ги пренесуваат настаните со повеќе детали, но ја пропуштаат заслугата на Пулхерија за бракот на Евдокија и Теодосиј. Тие сепак го нагласуваат влијанието што Евдокија го имала во царскиот двор, како и на нејзиното застапништво за неевреите и Евреите.

Евдокија и Теодосиј II имале три деца:

Во 438-439 Елија Евдокија заминала на аџилак во Ерусалим, од каде донела бројни вредни реликвии. За време на престојот во Антиохија таа донирала средства за обнова на зградата на локалниот сенат. Враќајќи се во Константинопол, Елија се окажала изолирана поради зависноста на Пулхерија и некои нејзини неосновани сомневања во љубовна врска и заговор нејзиниот штитеник, Павлиниј, командант на царската стража.

По последната егзекуција на Павлиниј во 440 година, Елија Евдокија се вратила во Ерусалим, каде била обвинета за убиство на еден офицер, испратен да убие двајца од нејзините придружници. Поради овој чин Елија изгубила некои од своите привилегии. Сепак, таа продолжила да има големо влијание. Елија Евдокија била чувствителна кон востанието на сириските монофизити од 453 година, кои се одвоиле од Православната Црква. Сепак подоцна таа ги проближила односите со Пулхерија и повторно била прифатена во пазувите на Православната црква.

Елија Евдокија починала на 20 октомври 460 година во Ерусалим и била погребана во црквата "Св. Стефан", која била изградена со нејзини средства. Непосредно пред нејзината смрт, Евдокија се пожалила на еден духовник дека е невина по обвиненијата во прељуба со Павлиниј и дека е жртва на клевети.

Во последните години од својот живот Елија Евдокија се занимавала напорно со литература. Напишала стихови за победата на Римјаните над Персијците, како и литература со верска содржина.

Поради придонеси кон Православната Црква, Елија Евдокија е почитувана како светица, чиј празник се слави на 13 август.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Eudocia.". www.britannica.com. конс. 2014-10-11. Eudocia, original name Athenais (b. c. 400, Athens—d. Oct. 20, 460, Jerusalem), wife of the Eastern Roman emperor Theodosius II. She was a highly cultured woman who, in rivalry with her sister-in-law, the empress Pulcheria, exercised great influence over her husband until her withdrawal from Constantinople. Athenais, as she was then called, came from Athens, where her father, Leontius, was a pagan philosopher. 
  2. Lightman, Marjorie (2008). A to Z of Ancient Greek and Roman Women. Infobase Publishing. стр. 115. ISBN 9781438107943. „Athenais was born in either Antioch or Athens, the daughter of Leontius, a prominent sophist and teacher of rhetoric…“ 
  3. Duncan, Alistair (1974). The noble heritage: Jerusalem and Christianity, a portrait of the Church of the Resurrection. Longman. стр. 28. ISBN 058278039X. „In 438 the Empress Eudocia, wife of Theodosius II, visited Jerusalem. On her return to Constantinople, after donating towards the building of new churches, she was displaced in court circles by her sister-in-law because of her Greek origin. Only one part of her churches remains.“ 
  4. Morgan, Robin (1996). Sisterhood is global: the international women's movement anthology. Feminist Press. стр. 270. ISBN 1558611606. „Greek women also were visible during the Byzantine period. In 421 CE, Emperor Theodosius II married a pagan Athenian woman, Athenais; after baptism she became Eudocia.“ 
  5. Mahler, Helen A. (1952). Empress of Byzantium. Coward-McCann. стр. 106. OCLC 331435. „Athenais, daughter of the Athenian scholar, Leontius. Before the wedding she would receive in holy baptism the name of his mother, the exalted Empress Eudoxia but because of Athenais' Greek origin the name would be pronounced Eudocia.“ 
  6. Cheetham, Nicolas (1981). Mediaeval Greece. Yale University Press. стр. 12. ISBN 0300105398. „Immensely proud of her Hellenic ancestry and culture, Eudocia dominated her…“ 
  7. Cuming, G. J. ; Baker, Derek ; Ecclesiastical History Society (1972). Popular belief and practice: Volume 8 of Studies in church history. CUP Archive. стр. 13. ISBN 052108220X. „Eudocia herself, the daughter of a pagan Athenian philosopher, embraced the new faith in a mood of total acceptance. Very conscious of her Hellenic heritage, as her famous address to the citizens of Antioch showed,“ 
  8. Bradbury, Jim (2004). The Routledge companion to medieval warfare. Routledge. стр. 91. ISBN 0415221269. „Theodosius married Athenais, renamed Eudocia, a Greek philosopher's daughter.“ 
  9. 9,0 9,1 Tsatsos, 11
  10. 10,0 10,1 Jeanne Tstastaos, Empress Athenais-Edocia: A Fifth Century Byzantine Humanist. (Brookline: Holy Cross Orthodox Press, 1977), 10.
  11. Tsatsos, 12.

Литература[уреди | уреди извор]

  • Cameron, Averil The Mediterranean World in Late Antiquity London: Routledge, 1993.
  • Chicago, Judy. The Dinner Party: From Creation to Preservation. London: Merrell (2007). ISBN 1-85894-370-1
  • Holum, Kenneth G, Theodosian Empresses, Berkeley: University of California Press, 1982.
  • Klein, Konstantin, "The patronage of Aelia Eudokia in Jerusalem," "Wiener Jahrbuch für Kunstgeschichte," 60/61 (2011/12): 85-95.
  • Plant, I. M., Women Writers of Ancient Greece and Rome: An Anthology, London: University of Oklahoma Press, 2004.
  • Sowers, Brian, "Eudocia: The Making of a Homeric Christian," PhD diss., University of Cincinnati, 2008.
  • Tsatsos, Jean, Empress Athenais- Eudocia: A Fifth Century Byzantine Empress, Brookline: Holy Cross Orthodox Press, 1977.
  • Usher, Mark David "Prolegomenon to the Homeric Centos," American Journal of Philology, 118, no. 2 (1997): 305-321.
  • Usher, Mark David, Homeric Stitchings, New York: Rowman & Littlefield Publishers, Inc., 1998.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]


Претходник
Елија Евдоксија
Византиска царица
421–450
Наследник
Елија Пулхерија