Елитна единица (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Елитна единица
(Tropa de Elite)“
TropaDeElitePoster.jpg
Филмски постер
РежисерЖозе Падиља
ПродуцентЖозе Падиља
Маркос Прадо
СценаристБраулио Мантовани
Жозе Падиља
Родриго Пиментел
НастапуваатВагнер Моура
Цаио Жункуеира
Андре Рамиро
КинематографијаЛула Карваљо
МонтажаДаниел Резенде
ДистрибутерUniversal Pictures
ПремиераБразил:
5 октомври 2007
Времетраење118 минути
ДржаваБразил
Јазикпортугалски

„Елитна единица“ е бразилски филм од 2007 година. Филмот е делумно фиктивна слика за батаљонот за специјални полициски операции на воената полиција на Рио Де Женерио. Тоа е вториот долгометражен филм а прв игран филм на режисерот Жозе Падиља, кој претходно го режирал прочуениот документарец „Автобус 174“. Сценариото е напишано од, за оскар номинираниот писател, Браулио Мантовани, базиран на книгата „Елитна единица“ на социологот Луиж Едуардо Соарес и двајца поранешни капетани на единицата, Андре Батиста и Родриго Пиментел.

Филмот освоил Златна мечка на филмскиот фестивал во Берлин 2008 година.

Сиже[уреди | уреди извор]

Елитна единица е интензивен преглед на озлогласните фавели на Рио де Женеиро. Филмот е поставен во 1997 година и прикажува интимен преглед на широката коруптивна мрежа во градот. Милицијата на дилерите со дрога има контрола врз фавелите, додека полицијата ги изведува своите криминални дејствија надвор. Елитната единица се бори против растурањето дрога, но одржувањето на ред има своја цена па е тешко во нивните акции да се разликува добро, лошо, правда или освета. Капетанот на елитната единица, Нашименто (Вагнер Моура) се соочува со криза: како дополнување на притисоците од борбата во воените зони, тој мора да најде и подготви своја замена, за да може да побегне од секојдневното насилство и биде блиску до неговата бремена жена. Двајца од најновите регрути во единицата, Нето (Цаио Жункуеира) и Матијас (Андре Рамиро) се пријатели од детство. Едниот брзо посегнува по оружје, додека другиот одбива да ги погази идеалите. Заедно, тие се одлична замена.