Прејди на содржината

Елита (ТВ серија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Елита
Жанр
Создадена од
  • Карлос Монтеро
  • Дарио Мадрона
Улоги
  • Марија Педраза
  • Ицан Ескамија
  • Мигел Бернардеу
  • Мигел Херан
  • Хаиме Лоренте
  • Алваро Рико
  • Арон Пајпер
  • Мина Ел Хамани
  • Естер Експозито
  • Омар Ајусо
  • Дана Паола
  • Хорхе Лопес
  • Клаудија Салас
  • Џорџина Аморос
  • Леити Сене
  • Сергио Момо
  • Карла Диаз
  • Мартина Кариди
  • Ману Риос
  • Пол Гранч
  • Андрес Веленкозо
  • Диего Мартин
  • Валентина Зенере
  • Андре Ламоља
  • Карлото Кота
  • Адам Нору
Композитор(и)Лукас Видал
Земја на потеклоШпанија
Првичен јазикшпански
Бр. на сезони5
Бр. на епизоди40
Производство
Извршен продуцент(и)
  • Карлос Монтеро
  • Дарио Мадрона
  • Диего Бетанкор
  • Ињаки Хуаристи
Продуцент(и)Франциско Рамос
Кинематографија
  • Даниел Соса Сегура
  • Рикардо де Грасиа
Уредници
  • Ирина Блекуа
  • Асцен Марчена
Времетраење41–59 минути
10–15 минути (раскази)
Продукциска куќаZeta Producciones
ДистрибутерNetflix
Прикажување
Првична мрежаNetflix
Првично прикажување5 октомври 2018 (2018-10-05) – present (present)
Надворешни врски
Мрежна страницаnetflix.com/title/80200942

„Елита“ (шпански: Élite; стилизирана како E L I T Ǝ) е шпанска телевизиска серија, создадена за Netflix од Карлос Монтеро и Дарио Мадрона. Настаните се одвиваат во Лас Енсинас, измислено елитно средно училиште.

Првата сезона, составена од осум епизоди, беше објавена на Netflix на 5 октомври 2018 година. Доби позитивни критики од критичарите и публиката, а многумина го пофалија нејзиното пишување, глума и прикажување на зрели теми. Во октомври 2018 година, серијата беше обновена за втора сезона, која беше објавена на 6 септември 2019 година. Третата сезона беше нарачана во август 2019 година и беше објавена на 13 март 2020 година. Во мај 2020 година и февруари 2021 година, Netflix ја обнови серијата за четврта и петта сезона. Четвртата сезона беше објавена на 18 јуни 2021 година, а петтата сезона беше објавена на 8 април 2022 година [1] Во октомври 2021 година, Netflix ја обнови серијата за шеста сезона.[2]

Заплет[уреди | уреди извор]

Прва сезона[уреди | уреди извор]

Откатко нивното училиште се урива, на тројца пријатели од работничката класа - Самуел, Надија и Кристијан им се нудат стипендии за Лас Енсинас, најексклузивното приватно училиште во Шпанија. Стипендиите се спонзорирани од градежната компанија виновна за пропаѓањето на училиштето. Во Лас Енсинас, тие првично се отфрлени од богатите ученици. Разликите помеѓу богатите студенти и студентите од работничката класа доведуваат до убиство, кое полицијата се обидува да го истражи додека тројца од младите се обидуваат да го сокријат.

Втора сезона[уреди | уреди извор]

Втората сезона се занимава со исчезнувањето на Самуел. Во меѓувреме, тројца нови ученици – Валерио, Ребека и Кајетана – се запишуваат во училиштето каде секој од нив има свои мрачни тајни. Тие се спријателуваат со учениците во нивниот клас додека Самуел продолжува со својот план да го исчисти името на неговиот брат Фернандо, кој е обвинет за убиството на Марина. Во меѓувреме, Поло се обидува да се самоубие за да си ја расчисти совеста, но на крајот се навикнува да живее среќно со помош на Кајетана. Менталното здравје на Андер се влошува поради товарот да ја чува тајната на Поло. Карла е наведена да верува дека Самуел е мртов, па таа го признава злосторството на Поло, Поло е уапсен, но две недели подоцна е ослободен и се враќа на училиште.

Трета сезона[уреди | уреди извор]

Студентите влегуваат во последниот семестар во Лас Енсинас. Поло и Кајетана се отфрлени од нивните врсници, со исклучок на Валерио. Самуел и Гусман продолжуваат со својот заговор да ја донесат правдата за злосторството на Поло. Лу и Надија се натпреваруваат за стипендија на Универзитетот Колумбија, што ги тера двете да се спријателат. На Андер му е дијагностицирана леукемија и започнува хемотерапија. Ноќта на нивното матурирање, во пијан ступор, Лу го прободува Поло, кој се сопнува и паѓа, што води до неговата смрт. Самуел, Гусман, Андер, Омар, Надија, Карла, Валерио, Ребека и Кајетана се согласуваат да го прикријат убиството. Не можејќи да се најде осомничен, смртта на Поло на крајот се смета за самоубиство и неговите родители ѝ кажуваат на полицијата дека го признал убиството на Марина. Два месеци подоцна, Самуел, Гусман, Андер и Ребека се враќаат за да ја повторат последната година со Омар, кој се запишал како редовен студент.

Четврта сезона[уреди | уреди извор]

Со доаѓањето на новиот директор и неговите деца - Ари, Менсија и Патрик - доаѓа нова мистерија откако Ари е пронајдена близу смрт. Приказната продолжува со ново полугодие во Лас Енсинас, како и со нов директор, еден од најмоќните стопанственици во Европа, подготвен да го врати Лас Енсинас назад на вистинскиот пат. Со себе ги носи и своите три деца, тројца тинејџери, исто така навикнати секогаш да добиваат што сакаат кога сакаат, без разлика кој ќе настрада.

Петта сезона[уреди | уреди извор]

После смртта на Армандо, Самуел и Ребека ја кријат вистината за тоа што се случило од сите, вклучувајќи го и нивниот најдобар пријател Омар. Тоа е така сѐ додека неговото тело не биде откриено што води кон низа промени кои ги раскинуваат нивните односи и засекогаш ги променуваат нивните животи. Исто така, двајца нови студенти – Исадора и Иван – се запишуваат во Лас Енсинас и набрзо формираат пријателства со досегашните студенти, главно со Филип и Патрик.

Улоги[уреди | уреди извор]

  • Марија Педраза како Марина Нуниер Осуна (сезона 1)
  • Ицан Ескамија како Самуел „Саму“ Гарсија Домингез (сезони 1–5)
  • Мигел Бернардо како Гусман Нуниер Осуна (сезони 1–4)
  • Мигел Херан како Кристијан Варела Експосито (сезони 1–2)
  • Хаиме Лоренте како Фернандо „Нано“ Гарсија Домингез (сезони 1–2)
  • Алваро Рико како Леополдо „Поло“ Бенавент Вилада (сезони 1–3)
  • Арон Пајпер како Андер Муњос (сезони 1–4)
  • Мина Ел Хамани како Надија Шана (сезони 1–4)
  • Естер Експозито како Карла Росон Калеруега (сезони 1–3)
  • Омар Ајусо како Омар Шана (сезони 1–5)
  • Дана Паола како Лукресија „Лу“ Монтесинос Хендрих (сезони 1–3)
  • Хорхе Лопес како Валерио Монтесинос Рохас (сезони 2–3)
  • Клаудија Салас како Ребека „Ребе“ Парија де Бормухо Авалос (сезони 2–5)
  • Џорџина Аморос како Кајетана „Каје“ Грахера Пандо (сезони 2–5)
  • Леити Сене како Малик Диало (сезона 3)
  • Серхио Момо како Јерај Енгонга (сезона 3)
  • Карла Дијаз како Аријадна „Ари“ Бланко Комерфорд (сезона 4-5)
  • Мартина Кариди како Менсија Бланко Комерфорд (сезона 4-5)
  • Ману Риос како Патрик Бланко Комерфорд (сезона 4)
  • Пол Гранч како Филип Флоријан фон Тризенберг (сезони 4–5)
  • Андрес Веленкозо како Армандо де ла Оса (сезони 4–5)
  • Диего Мартин како Бенџамин Бланко (сезони 4-5)
  • Валентина Зенере како Исадора Артињан (сезона 5)
  • Андре Ламоља како Иван Карваљо (сезона 5)
  • Карлото Кота како Круз Карваљо (сезона 5)
  • Адам Нуру како Билал Ибрахим (сезона 5)
  • Алваро Де Хуана како Џоел (сезона 6)
  • Кармен Аруфат како Сара (сезона 6)
  • Ана Бокеса (сезона 6)
  • Алекс Пастрана како Раул (сезона 6)
  • Андер Пуиг (сезона 6)

Епизоди[уреди | уреди извор]

Сезони Епизоди Датум на емитување
1 8 5 октомври 2018
2 6 септември 2019
3 13 март 2020
4 18 јуни 2021
5 8 април 2022

Прва сезона[уреди | уреди извор]

# Оригинален наслов

(шпански)

Сценарио Режија Датум
1 1 Bienvenidos Карлос Монтеро и Дарио Мадрона Рамон Салазар 5 октомври 2018
2 2 Deseo Карлос Монтеро Дани де ла Орден 5 октомври 2018
3 3 Sábado noche Дарио Мадрона Рамон Салазар 5 октомври 2018
4 4 El amor es una droga Дарио Мадрона Рамон Салазар 5 октомври 2018
5 5 Todos mienten Карлос Монтеро Дани де ла Орден 5 октомври 2018
6 6 Todo va a salir bien Дарио Мадрона Дани де ла Орден 5 октомври 2018
7 7 Todo estalla Карлос Монтеро Рамон Салазар 5 октомври 2018
8 8 Assilah Карлос Монтеро и Дарио Мадрона Рамон Салазар 5 октомври 2018

Втора сезона[уреди | уреди извор]

# Оригинален наслов

(шпански)

Сценарио Режија Датум
9 1 20 horas desaparecido ‏‏‎Дарио Мадрона‏‏‎ Рамон Салазар 6 септември 2019
10 2 34 horas desaparecido Карлос Монтеро Рамон Салазар 6 септември 2019
11 3 36 horas desaparecido Бреиксо Корал Рамон Салазар 6 септември 2019
12 4 59 horas desaparecido Абрил Самора Силвија Кер 6 септември 2019
13 5 63 horas desaparecido Хаиме Вака Силвија Кер 6 септември 2019
14 6 66 horas desaparecido Карлос К. Томе Силвија Кер 6 септември 2019
15 7 84 horas desaparecido Абрил Самора Дани де ла Орден 6 септември 2019
16 8 0 horas desaparecido Бреиксо Корал Дани де ла Орден ‏‏‎ ‏‏‎ ‏‏‎ ‏‏‎ ‏‏‎ ‏‏‎ ‏‏‎ ‏‏‎ ‏‏‎6 септември 2019 ‏‏‎ ‏‏‎ ‏‏‎ ‏‏‎‏‏‎ ‏‏‎ ‏‏‎ ‏‏‎ ‏‏‎

Трета сезона[уреди | уреди извор]

# Оригинален наслов

(шпански)

Сценарио Режија Датум
17 1 Carla Дарио Мадрона Хорхе Торегроса 13 март 2020
18 2 Samuel y Guzmán Хаиме Вака Хорхе Торегроса 13 март 2020
19 3 Cayetana y Valerio Алмудена Окања Дани де ла Орден 13 март 2020
20 4 Lu Карлос К. Томе Дани де ла Орден 13 март 2020
21 5 Ander Алмудена Окања Хорхе Торегроса 13 март 2020
22 6 Rebeka Карлос К. Томе и Андрес Сеара Хорхе Торегроса 13 март 2020
23 7 Nadia y Omar Хаиме Вака Дани де ла Орден 13 март 2020
24 8 Polo Дарио Мадрона Дани де ла Орден 13 март 2020

Четврта сезона[уреди | уреди извор]

# Оригинален наслов

(шпански)

Сценарио Режија Датум
25 1 El Nuevo Orden Хаиме Вака Едуардо Чаперо-Џексон 18 јуни 2021
26 2 5 segundos Естер Моралес и Хаиме Вака Едуардо Чаперо-Џексон 18 јуни 2021
27 3 Cuando bailan las mentiras con las tentaciones Давид Лоренцо и Хаиме Вака Гинеста Гиндал 18 јуни 2021
28 4 Soy una... Алмудена Окања Гинеста Гиндал 18 јуни 2021
29 5 La reinserción Алмудена Окања Едуардо Чаперо-Џексон 18 јуни 2021
30 6 Te quiero mal Давид Лоренцо Едуардо Чаперо-Џексон 18 јуни 2021
31 7 Antes de irme (1a parte) Естер Моралес и Хаиме Вака Гинеста Гиндал 18 јуни 2021
32 8 Antes de irme (2a parte) Хаиме Вака Гинеста Гиндал 18 јуни 2021

Петта сезона[уреди | уреди извор]

# Оригинален наслов

(шпански)

Сценарио Режија Датум
33 1 Yo lo maté Хаиме Вака Дани де ла Орден 8 април 2022
34 2 Todo vale Давид Лоренцо Дани де ла Орден и Гинеста Гиндал 8 април 202
35 3 Átame Џесика Пирес и Луис Москера Лино Ескалера 8 април 202
36 4 El cuerpo Хаиме Вака Лино Ескалера 8 април 202
37 5 Por favor, di la verdad Алмудена Окања и Хаиме Вака Гинеста Гиндал 8 април 202
38 6 No puedes comprar mi amor Давид Лоренцо и Хаиме Вака Гинеста Гиндал 8 април 202
39 7 Tóxicos Џесика Пирес, Луис Москера и Хаиме Вака Едуардо Чаперо-Џексон 8 април 202
40 8 Tu lado del mundo y el mío Џесика Пирес и Хаиме Вака Едуардо Чаперо-Џексон 8 април 202

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Netflix pone fecha de regreso a 'Élite' y presenta a los nuevos alumnos“. LaVanguardia. 14 March 2022.
  2. Hopewell, Jamie Lang,John; Lang, Jamie; Hopewell, John (2021-10-28). „Netflix Confirms 'Elite' Will Return for Season 6, Unveils Cast for 'Bird Box' Adaptation“. Variety (англиски). Посетено на 2021-10-28.