Елисејски полиња

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Елисејски Полиња)
Авенијата Елисејски Полиња од Палатата Конкорд, поглед од обелискот

Шанз-Елизе или Елисејски полиња (француски: Champs-Élysées, МФА: /ʃɑ̃zelize/ audio) — широка авенија во Париз. Целосното име е „Авенија на Елисејските Полиња“ (француски: „avenue des Champs-Élysées“. Улицата е една од најпознатите улици во светот, со многу кина, кафулиња и луксузни специјализирани продавници. Името се однесува на Елисејските Полиња, местото на благословените во старогрчката митологија. Шанз-Елизе исто така се нарекува и „најубавата авенија на светот“ (француски: la plus belle avenue du monde)

Опис[уреди | уреди извор]

Авенијата е долга 2 километри, низ осмиот округ во северозападен Париз, од плоштадот Конкорд на исток со обелискот пред неа, до Плоштадот Шарл де Гол на запад, локацијата на Триумфалната Порта. Шанз-Елизе формира дел од т.н. историска оска (француски: Axe historique).

Долниот дел на Шанз-Елизе е ограничен со зеленило и згради како Théâtre Marigny и Grand Palais (каде се наоѓа Palais de la Découverte). Елисејската палата е малку на север, надвор од самата авенија. На запад во авенијата се сместени кина, театри, кафулиња и ресторани (како Фуке (фр. Fouquet's)), и луксузни продавници.

Настани[уреди | уреди извор]

Секоја година на Денот на Бастилја, најголемата воена парада во Европа минува низ Елисејските Полиња, проследена од Претседателот на Републиката.

Елисејските полиња се и традиционален крај на последната етапа на Тур де Франс.

Големи спонтани собири повремено се случуваат на Елисејските полиња, како Новогодишни прослави, или кога Франција го освои 1998 ФИФА Светското Првенство.

Елисејските полиња како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

  • „Елисејски полиња“ (Champ Elysees) - песна на британската панк-рок група „Адиктс“ (The Adicts).[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Предлошка:Туристички атракции во Париз