Елин Пелин (град)

Координати: 42°40′9.31″N 23°36′7.68″E / 42.6692528° СГШ; 23.6021333° ИГД / 42.6692528; 23.6021333
Од Википедија — слободната енциклопедија
Елин Пелин
Елин Пелин
град
Поглед на Елин Пелин
Знаме на Елин ПелинГрб на Елин Пелин
Елин Пелин is located in Бугарија
Елин Пелин
Елин Пелин
Местоположба на Елин Пелин во Бугарија
Координати: 42°40′9.31″N 23°36′7.68″E / 42.6692528° СГШ; 23.6021333° ИГД / 42.6692528; 23.6021333
ЗемјаБугарија
ОбластСофија
ОпштинаЕлин Пелин
Управа
 • ГрадоначалникИвајло Симеонов (ВМРО-БНД)
Површина
 • Вкупна29,098 км2 (11,235 ми2)
Надм. вис.&10000000000000558000000558 м
Население (2022)
 • Вкупно7.349
 • Густина250/км2 (650/ми2)
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Повик. бр.+359 0725
Мреж. местоelinpelin.org

Елин Пелин (бугарски: Елин Пелин) — град во Западна Бугарија, административен центар на општината Елин Пелин во Софиската Област. Има население околу 7.340 луѓе (2022).

Географија[уреди | уреди извор]

Градот Елин Пелин се наоѓа на 558 метри надморска височина во југоисточниот дел на Софиската Котлина, помеѓу реките Лесновска и Елешница и на 24 километри источно од Софија.[1] На градското земјиште се наоѓа селото Елин Пелин, кое нема сопствено земјиште.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Првите информации за населбата потекнуваат од османлиски документи од 15 век, во кои се користи името Нувосел. Во средината на 19 век селото се викало Новоселци и било едно од поголемите села во источниот дел на Софиското Поле. Во 1846 година бил завршен православниот храм „Свети Никола“. Кон крајот на 19 век во гратчето биле основани училиште и читалиште.

Во 1881 година, по ослободувањето, Новоселци станал центар на околија во Софискиот Округ. Во 1888 година била пуштена во употреба железничката пруга Софија—Саранбеј. Таа поминува 4 км јужно од тогашното село, каде што се формирала посебна населба околу новата станица — денешното село Елин Пелин. Таму била изградена фабриката за керамика „Изида“ и неколку помали индустриски претпријатија.

Во 1950 година, селото Новоселци било преименувано во Елин Пелин во чест на писателот Елин Пелин (1877–1949), кој пораснал во блиското село Бајлово. Во 1955 година станицата Елин Пелин била одвоена како одделна населба, а во 1960 година Елин Пелин бил прогласен за град.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. wikimapia.org
  2. Селото Елин Пелин е сместено во атарот на градот Елин Пелин и на селоот Нови Хан.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]