Елизе Рихтер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Елизе Рихтер.

Елизе Рихтер (германски: Elise Richter; 2 март 1865 во Виена23 јуни 1943 во Терезинштат) — австриска романистка и филолог. Во 1905 година дипломирала на Виенскиот универзитет како прва жена.

Живот[уреди | уреди извор]

Елизе Рихтер е родена на 2 март 1865 година во Виена во семејството на лекарот Максимилијан Рихтер (р. во 1824 г., во Тренчен, Унгарија; п. во 1890 г. во Виена) и неговата жена Емили (Еми) Лакенбахер (р. во 1832 во Есег; п. во 1889 г. во Виена). Расте во убави услови на асимилирано еврејско семејство. Имала една постара сестра Хелене, која станала позната со изучување на англистиката. На 20 години се разболела од ревматизам, од што боледувала до крајот на животот. Од 1891 година стекнала право да посетува одредени предавање на Виенскиот универзитет како гостин-слушател. Кога во 1896 година им било дозволено на жените да полагаат државни испити, 31-годишната Рихтер станала првата жена која полагала државна матура на Академската гимназија во Виена. Една година подоцна им било дозволено на жените да го посетуваат филозофскиот факултет. Рихтер запишала романистика како редовна студентка, завршувајќи ги студиите во 1901 година и дипломирала во 1905 година како прва жена на Виенскиот универзитет. Во 1921 година повторно станала прва жена која била изгласана за вонреден професор. Подоцна, го предводела фонетскиот институт. Ги истражувала физиолошките и психолошките основи на јазикот. Кога во 1929 година се ослободува професорско место на катедрата за романска книжевноста на Инсбручкиот универзитет, во цела Австрија нема хабилитирани романисти освен 61-годишната Елизе Рихтер, чија кандидатура не е земена предвид поради нејзината возраст.[1]

Рихтер, исто така, била политички активна, го основала „Сојузот на женски академски граѓани“ (Verband der Akademikerinnen) и била соосновач на женска партија во 1927 година. Себеси не се гледала борец за правата на жените.[2] Предавала до нејзиното бркање од универзитет во текот на националсоцијалистичкото стекнување на моќ во 1938 година.

Во 1943 година, Рихтер била депортирана во кампот Терезинштат. Неколку месеци по депортацијата, починала на 21 јуни 1943 година.[3]

Во 2008 година, во Виена била именувана улица во нејзина чест. Улицата се наоѓа во Флоридсдорф (21. округ).

Во летото 2016 година треба да се постави биста во дворот на главната зграда на Виенскиот универзитет.[4]

Библиотека „Рихтер“[уреди | уреди извор]

Во 1942 година, книгите на двете сестри Рихтер, вкупно околу 3.000 дела, под политички притисок во времето на националсоцијализмот биле однесени во Келнскиот универзитет. По обновата на библиотеката во 2005 година се размислува за враќање на книгите на наследниците на сестрите Рихтер. Во Келн постои мал плоштад кој е именуван по сестрите Рихтер.[5]

Награда „Елизе Рихтер“[уреди | уреди извор]

Германското здружение на романисти доделува награда од 1.500 евра од 1999 година во рамките на германските романски денови за одлични дисертации во областа на романистиката, која е именувана во чест на Елизе Рихтер.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Kurze Geschichte des Instituts für Romanistik der Universität Innsbruck. Архивирано на 31 декември 2014 г. Universität Innsbruck
  2. Petra Stuiber: Elise Richter: „Mein zweites Leben soll nicht gemordet werden“. Der Standard vom 12. Juni 2015.
  3. Elise Richter Архивирано на 3 ноември 2014 г., Todesfallanzeige bei holocaust.cz
  4. orf.at - Sieben Frauendenkmäler für Uni Wien. Artikel vom 28. Oktober 2015, abgerufen am 28. Oktober 2015.
  5. Christine Haffmans: Wiedergutmachung durch Erinnerung, Opfer und Nutznießer: Die Rekonstruktion der Richter-Bibliothek in der Universitäts- und Stadtbibliothek Köln. In: Mit Uns. (Mitarbeiterzeitschrift Uni-Köln), Juni 09, S. 20f + September 09 Teil II: Notverkauf nach Köln. (PDF; 11,3 MB), S. 22f.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]