Прејди на содржината

Елизабета (филм од 1998)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Елизабета“ (англиски: Elizabeth) – филм на режисерот Шекар Капур (Shekhar Kapur) од 1998 година, снимен по сценариото на Мајкл Хирст (Michael Hirst). Главните улоги ги играат: Кејт Бланчет (Cate Blanchett), Џефри Раш (Geoffrey Rush), Џозеф Фајнс (Joseph Fiennes), Кристофер Еклстоун (hristopher Eccleston), Род Калбертсон (Rod Culbertson), Пол Фокс (Paul Fox), Теренс Ригби (Terence Rigby), Питер Стокбриџ (Peter Stockbridge), Ричард Атенборо (Richard Attenborough) и Кети Бурк (Kathy Burke). Филмот бил номиниран за наградите „Оскар“ во седум категории, а ја освоил наградата за најдобра шминка. Покрај тоа, бил номиниран за наградите БАФТА во 12 категории, а победил во шест, вклучувајќи ги категориите: најдобар британски филм, најдобар спореден глумец (Џефри Раш) и најдобра глумица (Бланчет). Исто така, Бланчет ја освоила и наградата „Златен глобус“ за најдобра глумица во драма.[1]

Синопсис

[уреди | уреди извор]

Во филмот се прикажува владеењето на британската кралица Елизабете Прва (ја игра Бланчет). Кралицата Мери (ја игра Бурк), која е фанатична приврзаничка на католицизмот, го наследува својот татко, кралот Хенри VIII, а својата полусестра Елизабета ја затвора затоа што е наклонета кон протестантите. Меѓутоа, додека Елизабета ја чека смртната пресуда, кралицата Мери ненадејно умира без наследник, така што младата Елизабета станува крлаица. Свесен за лошата положба на Елизабета, нејзиниот остарен советник, сер Вилијам Сесил (го игра Атенборо) го гледа решението во бракот со некој моќен европски монарх. Но, младата кралица е заљубена во ерлот од Лестер, Роберт Дадли (го игра Фајнс), така што нејзината неодлучност предизвикува бројни интриги на дворот...