Елизабета (кралица на Романија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Кралица Елизабета
Elisabeta a Romaniei.jpg
Кралица на Грција
На престол 27 септември 1922 – 25 март 1924
Сопружник Георги II
Полно име
Елизабет Карлос Џозефина Александра Викторија
Татко Фердинанд I
Мајка Принцеза Марија

Елизабета (12 октомври 1894 - 14 ноември 1956) била романска принцеза и кралица на Грција како сопруга на грчкиот крал Георги II.

Georges II et Elisabeth

Елизабета е родена во замокот Палеш, Романија како Елизабета Карлос Џозефина Александра Викторија, принцезата на Романија. Таа била ќерка на романскиот крал Фердинанд I и на принцезата Марија.

На 27 февруари 1921 година во Букурешт Елизабета се омажила за грчкиот принц Георги, кој во 1922 година бил прогласен за крал на Грција, а Елизабета - за негова кралица. Во 1923 година, Георги II бил детрониран и заедно со неговата сопруга бил избркан од земјата, а во следната година Грција била прогласена за република. Бракот на Елизабет и Георги II се покажал ,могу лош па тие се развеле на 6 јули 1935 година. Во ноември истата година монархијата во Грција била вратена и Георги II повторно застанал на престолот во Атина. Елизабета не се вратила во Грција, а туку останала во родната Романија, каде што живеела до укинувањето на монархијата по Втората светска војна.

По укинувањето на монархијата во Романија, Елизабета емигрирала во Франција, каде што починала во 1956 година во Кан.