Елизабета Канческа-Милевска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Елизабета Канческа-Милевска
Министерка за култура
На должноста
26 јули 2008 – 1 јуни 2017
Премиер Никола Груевски
Емил Димитриев
Претходник Арифхикмет Џемаили
Наследник Роберт Алаѓозовски
Лични податоци
Роден(а) 30 јуни 1970
Велес, СР Македонија
Националност Македонка
Партија ВМРО-ДПМНЕ
Установа Универзитет „Свети Кирил и Методиј“

Елизабета Канческа-Милевска (р. 30 јуни 1970 во Велес) — македонски политичар и министерка за култура во периодот 2008–2017.[1]

Животопис

Канческа-Милевска, претседателот Ѓорѓе Иванов, и американскиот амбасадор Филип Рикер во посета на Охрид (2009)

Канческа-Милевска е родена 1970 година во Велес. Во 1989 година го завршува средното образование во гимназијата „Јосип Броз Тито” – Скопје, културолошка насока. Во 1993 година дипломирала на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” – Скопје, група социологија.

Во 2005 година магистрирала на постдипломските „Европски студии за интеграција и комуникации” на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” – Скопје, на тема „Општествената заштита на културното наследство во контекст на културната политика на РМ и процесот на интегрирање во ЕУ“ и се здобива со звањето магистер по „Европски студии за интеграција и комуникации“. Во февруари 2012 година докторирала на Филозофскиот факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на темата „Европскиот културен модел и културно-интеграциската политика на Република Македонија“.

Професионално работно искуство

Проекти како министерка за култура

2013 година

Овластена е од премиерот Груевски да потпише договор со фирмата на Субрата Рој за изградба на споменик на Мајка Тереза[2]

Реконструирана е Саат-кулата во Прилеп.[3]

Во средината на март 2013 година се најавува започнување на процедура за изградба на нова Универзална сала.[4] во која бројот на седишта ќе биде зголемен од 1500 на 3000. Во 2016 година Канческа-Милевска и Коце Трајановски кажуваат дека новата сала нема да се гради.[5]

Министерството кое Канческа-Милевска го води го снабдува фестивалот „Браќа Манаки“ со нова дигитална опрема која чини околу 110.000 евра.[6]

Во интервју за Утрински весник таа кажува дека „Изградбата на Стариот театар, музејскиот комплекс, Спомен-куќата на Мајка Тереза, Портата, скулптурите кои ги поставувавме, концертната сала на Филхармонијата не зависи од Општина Центар, таа општина нема надлежност за проектите на Министерството за култура, тие се надлежни само за изградбата на спомениците, кои се дел од проектот Скопје 2014.“[7]

Канческа-Милевска најавува дека започнувајќи од 2014 година Министерството ќе финансира по десет композиции годишно во три категории: „Таленти“, „Поттикнување семејни вредности и многудетни семејства“ и „Афирмирање на Република Македонија и нејзината историја“.[8]

Во април истата година заедно со тогашниот директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Васе Доневски и поранешниот градоначалник на општина Центар, Владимир Тодоровиќ, во име на Владата, поднесуваат отчет за проектот „Скопје 2014“. Во оваа прилика министерката истакнува дека покрај Портата Македонија, Зградата на стариот театар, Музејскиот комплекс на македонската борба, Концертната сала на Филхармонијата одговорност на Министерството за култура уште 35 скулптури кои се поставени во централното градско подрачје.[9] Во овие скулптури спаѓаат и „Трите врби“ кои беа поставени во Вардар (со цена од: 270.000 евра).[10] Во интервју со Васко Попетрески, како пратеник во новиот состав на Собранието во 2018 година Канческа-Милевска вели Министерството за култура било одговорно само објектите во кои се сместени Театарот, Музејот, Филхармонијата и Портата Македонија.[11]

Овој отчет провладините медиуми сметаат дека ги отстранува сите двојби и шпекулации во врска со проектот „Скопје 2014“, додека пак, опозиционите медиуми го критикуваат започнувајќи од детали како што е фактот дека не биле информирани за конференцијата за печат која била одржана,[12] па сè до тоа дека извештаите за трошоците не се однесувале на целосно изградени објекти.[12]

Во јули 2013 година Канческа-Милевска најави изградба на нов објект на Драмскиот театар кој требаше да се наоѓа на местото на МНТ Центар.[13]

На 18 август 2013 година Канческа учествува на отворањето на продавница за сувенири на граничниот премин „Богородица“ на македонско-грчката граница.[14]

Во октомври 2018 година музичарот Златко Ориѓански кој е дел од екипата која ја спрема претставата „Огнени Јазици“ во Драмскиот театар во Скопје (текст: Горан Стефановски, режија:Слободан Унковски) бара од министерката Канческа-Милевска да се откаже од некое патување и од некој коктел за да им посвети внимание на глумците кои премиерите ги спремаат без парно греење.[15]

2014 година

Во февруари 2014 година Министерството за култура раководено од Канческа-Милевска најавува дека на почетокот на следната година ќе биде распишан конкурс за откуп на скулптури во галериски формат од македонски автори.[16][17]

Наводи

  1. „Министерство за култура“. Посетено на 19 декември 2010.
  2. 2,0 2,1 „„Субрата Рој ќе гради одбележје на Мајка Тереза". Република.мк. 14 јануари 2013. Посетено на 26 октомври 2018.[мртва врска]
  3. 3,0 3,1 „Реконструирана Саат-кулата во Прилеп". Република.мк. 2 март 2013. Посетено на 26 октомври 2018.[мртва врска]
  4. 4,0 4,1 „По локалните избори ќе се почне процедура за изградба на нова Универзална сала“. Република.мк. 15 март 2013. Посетено на 26 октомври 2018.[мртва врска]
  5. 5,0 5,1 „СДСМ - Кого лажеа Елизабета Канческа-Милевска и Коце Трајановски?“. Република.мк. 18 февруари 2016. Архивирано од изворникот на 2016-06-07. Посетено на 26 октомври 2018.
  6. 6,0 6,1 „Фестивалот „Браќа Манаки" нема повеќе да позајмува дигитална опрема, добива своја“. Република.мк. 3 април 2013. Посетено на 26 октомври 2018.[мртва врска]
  7. 7,0 7,1 „Канческа-Милевска: Не сме поврзани со Општина Центар за „Скопје 2014". Република.мк. 14 јануари 2013. Посетено на 26 октомври 2018.[мртва врска]
  8. 8,0 8,1 „Владата ќе финансира песни за трето дете“. Новатв.мк. 16 април 2013. Архивирано од изворникот на 2021-01-04. Посетено на 26 октомври 2018.
  9. 9,0 9,1 „Скопје 2014 не чини колку што тврдеше опозицијата – Владата со детален отчет“. Република.мк. 22 април 2013. Посетено на 26 октомври 2018.[мртва врска]
  10. 10,0 10,1 „Колку отчетот за Скопје 2014 е отчет“. Novatv.mk. 25 април 2013. Архивирано од изворникот на 2017-10-29. Посетено на 26 октомври 2018. [1] Архивирано на 29 октомври 2017 г.
  11. 11,0 11,1 „360˚ Интервју со Канческа-Милевска: Во ниеден момент не сум ја предала партијата“. AlsatM.mk. 23 октомври 2018. Посетено на 26 октомври 2018. [2]
  12. 12,0 12,1 12,2 „„Скопје 2014 до сега чини 207.872.492 евра“. a1on.mk. 22 април 2013. Архивирано од изворникот на 2021-02-13. Посетено на 26 октомври 2018. [3] Архивирано на 13 февруари 2021 г.
  13. 13,0 13,1 „Современ деловен објект – новиот Драмски театар“. Novatv.mk. 30 јули 2013. Архивирано од изворникот на 2021-01-07. Посетено на 26 октомври 2018. [4] Архивирано на 7 јануари 2021 г.
  14. 14,0 14,1 „Отворена продавница за сувенири на Богородица“. Novatv.mk. 18 август 2013. Посетено на 26 октомври 2018.[мртва врска] [5][мртва врска]
  15. 15,0 15,1 „Ориѓански - Аман министерке откажете некое патување, смилувајте им се на глумците“. Novatv.mk. 10 октомври 2013. Посетено на 26 октомври 2018.[мртва врска] [6][мртва врска]
  16. 16,0 16,1 „Министерството за култура ќе распише конкурс за откуп на скулптури“. Novatv.mk. 30 јули 2013. Архивирано од изворникот на 2021-03-07. Посетено на 26 октомври 2018. [7] Архивирано на 7 јануари 2021 г.
  17. 17,0 17,1 „Популарната македонска музика ќе се стимулира со државни пари“. Novatv.mk. 16 април 2013. Посетено на 26 октомври 2018.[мртва врска] [8][мртва врска]

Надворешни врски

Политички функции
Претходник
Арифхикмет Џемаили
Министер за култура
2008-2017
Наследник
Роберт Алаѓозовски