Елизабета Дончевска - Лушин
| Елизабета Дончевска - Лушин | |
|---|---|
| Роден/а | 1967 Струмица, СР Македонија |
| Занимање | Писателка |
Елизабета Дончевска - Лушин (р. 1967, Струмица) — македонска писателка и педагог.[1]
Биографија
[уреди | уреди извор]Елизабета е родена во 1967 година во Струмица. Основно и средно образование завршила во својот роден град, а Физолофски факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во најголемиот дел од својата професионална кариера работи како училишен педагог.
Во 2005 го издала својот прв роман „Зад виножитото“ кој како дебитанско дело истата таа година влегла во најтесниот круг за избор на роман на годината. Со расказот „Урбана игра“ е застапена во збирката раскази (раскази од женски автори) „Паралелен живот“. Учествувала на повеќе конкурси во државата и е носител на повеќе награди. Има издадено и неколку стручни трудови кои ја обработуваат темата образование и педагогија.
За делото „Невидливи облици“ е носител на Признание за афирмација на македонскиот јазик и литература од издавачот Нов Вавилон, Битола.
Живее и работи во Струмица.
Дела
[уреди | уреди извор]- „Зад виножитото“ (2005)
- „Невидливи облици“ (2019)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Апостолова, Кристина (2022-08-24). „Шта она ради данас: Елизабета Дончевска Лушин, песникиња, романописац и учитељица - Фрее Пресс“. Слободен печат (српски). Посетено на 2025-09-26.