Елза Скијапарели

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Елза Скијапарели
Роден(а) 10 септември 1890(1890-09-10)
Рим, Италија
Починал(а) 13 ноември 1973(1973-11-13) (воз. 83 г.)
Париз, Франција
Живеалиште Париз
Националност Италијанка
Занимање Моден дизајнер

Елза Скијапарели (1890-1973) била позната модна дизајнерка од Италија. Покрај нејзиниот најголем ривал Коко Шанел, таа е согледана како најважна фигура во светот на модата за време на двете светски војни.

Иако нејзините почетоци преставуваат работа со трикотажа,дизајните на Скиаперели сепак потпаднале под силно влијание на голем број на надреалисти, како нејзините соработници Салвадор Дали и Алберто Гиацомети. Исто така во редот на нејзините клиенти спаѓа и наследничката Дејзи Феловерс и актерката Мае Вест. Нејзиниот бизнис завршува во 1954 откако Скиаперели не се прилагодува кон промените на модата после Втората Светска војна.

Личен живот[уреди | уреди извор]

Скијапарели е родена во Палазо Корсини во Рим. Нејзината мајка,Марија-Лусија, била аристократа од виското општество додека нејзиниот татко, Целестино Скијапарели, преставувал познат научник и куратор на средновековни ракописи. Тој исто така бил декан на Универзитетот во Рим, како и експер на древни записи. Таа беше внука на астрономот Џовани Скијапарели, кој ги открил така наречените канали на Марс, таа поминувала многубројни часови со него проучувајќи го небото. Елза учела филозофија во Универзитетот во Рим, и во тој период била објавена нејзината книга со сензуални поеми, книга која била вистински шок за нејзината конзервативна фамилија. Скијапарели била испратена во женски манастир, каде го изразила својот револт со гладување, па на 22 години во Лондон прифатила работа како дадилка. Елза водела префинет живот, благодарение на големите луксузни богаства кои биле дарувани од нејзините родители кои одржувале висок општествен статус. Сепак таа верувала дека оваа луксузна околина предизвикувала загушување на нејзината креативност и уметност, па решително и во многу брзо време се ограничила од таа средина на гламур. Скијапарели се сели во Њујорк, подоцна во Париз, при што станала моден дизајниер, благодарение на нејзината љубов кон уметноста и дизајнот. На патот кон Лондон, Скијапарели била поканета да присуствуа на бал во Париз. Немајќи соодветна свечена тоалета, таа замотала околу себе материјал со сина боја, и со шпенагли го оформила дизајнот. Поголем дел од нејзиното време во Лондон било исполнето со прошетки по музеји, и со присуствување на предавања. Скијапарели прифаќа брак со еден од нејзините професори, Гроф Вилијам Де Вендт Де Керол, познат француско-швајцарски теософт. Во 1921 година тие се преселуват во Њујорк, каде Скијапарели веднаш се поклопува со модерниот тек на овој град. Нејзиниот маж постепено се одалечува од градот и за време на пристигнувањето на нивното трето дете Марија Луиза тој ја напушта фамилијата. Подоцна Скијапарели се запознава со Габи Пиацабиа, бивша жена на Францускиот Дадаизам уметник Францис Пиацабиа исто така сопственик на бутик во Њујорк каде се продава модерна облека од Франција.

Со нејзиното работење во таа околност, Скијапарели запознава уметници како Марсел Дучам и Ман Реј. Кога Габи и Ман Реј заминуваат од Париз, Скијапарели им се придружува.

Кариера во светот на модата[уреди | уреди извор]

Во Париз, Скијапарели позната меѓу своите пријатели како Скиап, започнала да креира своја облека. Благодарение на Паил Поирет со неговото охрабрување, таа започнува свој бизнис, кој и покрај толку позитивни воодушевувања завршува во 1927 година. Таа лансира нова плетена колекција во раните почетоци на 1927, користејќи специјален спој со шиење на два дела од материјалот(шев), древна техника на Ерменските бегалци, при што биле прикажани џемпери со надреалистични слики во илузорни 3-д димензии. Иако нејзините први дизајни се појавуваат во Вог, нејзиниот бизнис значително расцветува со инспиративниот крој кој создава илузија на марама, замотана околу врат. Во подоцнежните години колекцијата "pour le Sport" се надополнува со опрема за скијање, ленени фустани, и костими за капење. Краткото здолниште, претходник на шорцевите, создаде вистински шок во светот на тенисот, кога Лили Д'Алверз во 1931 за време на Шампионите на Вимбледон го носеше новиот дизајн. Во 1931 година била додадена и вечерна облека како дел од колекцијата, користејќи луксузна свила од Роберт Периер, при што бизнисот напреднувал со впечатлив успех, обележано со преселбата од Руе де ла Паих во реновираниот салон на Маделеине Шеруит на 21 Пласе Вендоме, салонот постанал препознатлив како Скиап Продавницата. Почетокот на мрачните времиња се бележи во 1939 година откако Франција објавува војна на Германија. Највпечатливи делови од модната колекција од 1940 година на Скијапарели се кафеавите капути и маскирните принтови на тафетите. Скијапарели заминува на 14 Јуни 1940 година во Њујорк за да присуствува на одредени предавања, освем што поминала неколку месеци во Париз во раната 1941 година, таа сепак до крајот на војната останува во Њујорк. Откако завршува војната, Скијапарели забележува дека модниот свет целосно се сменил, при што најголемо влијание имал новиот изглед на Кристијан Диор, едноставно Скијапарели ја изразила својата несогласеност со овие промени. Нејзината модна куќа одржува извесни борби за опстанок во модниот свет, се додека во декември 1954 година, Скијапарели решава да ја затвори својата продавница, истата година кога нејзиниот ривал Шанел се воздигнува во светот на модата. На 64 години, таа ја напиша својата автобиографија живеејќи мирно и удобно во нејзниот стан во Париз и куќа во Тунисиа. Таа умира на 13 ноември 1973 година.

Колаборација со уметници[уреди | уреди извор]

Модерната уметност, посебно Дадаизмот и Надреализмот, за Скијапарели преставуваа неисцрплив извор на инспирација. Нејзината соработка со многубројни современи артисти создал постојан развиток на иманигативни дизајни, пришто соработката со Салвадор Дали е исклучително забележлива. Најзабележливите дизајни на Скијапарели биле создадени токму благодарение на нејзината соработка со познатите уметници. Во прилог на добро документирани соработки, како што се чевлата-шапка и фустанот-солзи, влијанието на Дали се идентификува во некои од следниве дизајни- шапката:јагнето-шницла, и костумот дизајниран во 1936 година чии џебови наликуваат на мали фиоки. Скијапарели исто така имала одлична поврзаност со останати уметници, на пример- Леонор Фини, Жак Кокто, Мерет Опенхием и Алберто Џакомети. Позната Шанел често пати ја опишува Скијапарели со следниве зборови- Италјанската уметничка душа, која креира облека.


Кокто[уреди | уреди извор]

Во 1937 година, Скијапарели соработува со Жан Кокто, уметник кој ќе и помогне во креирање на јакна и вечерно палто за годинешната есенска модна колекција. Јакната е извезена со женска фигура чија рака ја милува половината на носителот додека нејзините руси локни занесно ја исполнуваат должината на едниот ракав. Свеченото палто содржи две профили на личности, чија симетрија креира илузија на вазна со рози. Везењето на двете облеки било извршено од познатите кројачи на високата мода Лесаге.


Фустанот Јастог[уреди | уреди извор]

Во 1937 година бил креиран фустанот Јастог, едноставен бел свилен фустан, со црвено-розов колан на половината, при што на здолништето од фустанот главен детал преставувал насликаниот розев јастог (од Дали). Од 1934 година, Дали почнува да воведува морски ракчиња во неговите дела, вклучувајќи ја креацијата- Сон во Њујорк -Човек наоѓа јастог на местото на телефонот, прикажано во списанието Американски неделник во 1935 година, како и мултимедијалената креација Телефон од јастог (1936). Неговиот дизајн за Скијапарели бил пренасочен во испечатена верзија на ткаеината со помош од водечката дизајнерка за свила Саше. Фустанот бил носен од познатата Волис Симпсон за време на фотосесија во замокот Канде, откако Симпсон официјано постанала жена на Едвард VIII.


Фустанот Солзи[уреди | уреди извор]

Фустанот-Солзи, силуетна бледо сина тоалета, означена со дизајн на Дали пришто се користела позната уметничка техника trompe l'oeil (оптичка илузија на тридимензионалност) прикажувајќи распарен материјал и солзи, оваа креација се комбинира со долг превез од "вистински" солзи внимателно отсечени и наредени во розова и магента боја, дел од фебруарската модна колекзија 1938, колекција наречена Циркус. Целта на принтот е да се создаде оптичка илузија на распарано животно, при што солзите го преставуваат крзното на животното, односно сугерираат дека фустанот е создаден од испревтена животинска кожа. Фигури во распарени прилепени облеки што сугерираат живодер се среќаваат во три уметнички слики на Дали од 1936 година, од кои сликата со наслов Пролета на некрофилијата била во сопственост на Скијапарели, останатите две слики се именувани како- Сонот го потпре рамото на човекот и Трите млади надреалистични жени кои во нивните раце ја носат кожата на оркестар.

Фустанот Скелет[уреди | уреди извор]

Дали исто така учествува во дизајнирањето на Фустанот-Скелет на Скијапарели за Циркус Колекцијата. Црни дијаметрален креп фустан, при што со користење на trapunto quilting биле создадени црти што налкуваат на ребра, рбетен столб и коските од екстремитетие.

Капата Чевел[уреди | уреди извор]

во 1933 година, Дали бил фотографиран заедно со Гала Дали неговата жена која носела капа во облик на штикла. Дали во 1937 година го создал овој дизајн за Скијапарели, при што оваа капа постанала значаен дел од колекцијата есен-зима 1937-38 година.

Парфеми[уреди | уреди извор]

Парфемите на Скијапарели биле впечатливи благодарение на невообичаениот дизјан на пакувањата и шишињата. Најпознатиот парфем Шокантно бил создаден во шише кое што наликувало на женствено торзо создадено од Леонор Фини, чија инспирација била потикната од Мае Вест како и од продавачките на цвеќиња прикажани во сликите на Дали.[1][2] Пакувањето кое исто така било дизајнирано од Фини, било преставено во највпечатливата боја на Скијапарели а тоа е розевата, при што се вели дека инприцаијата за таа одредена боја била пронајдена во розевиот дијамант на Дејзи Феловер..[3]

Останатите парфеми на Скијапарели:

  • Чао (1934)
  • Грижа (1934)
  • Скиап (1934)
  • Спиење (1938)
  • Кралот на сонцето (1946)
  • Замолчи (1948)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Webb, Peter, Une Grande Curiosité, retrieved 2010-05-02 
  2. Perfume Intelligence - The Encyclopaedia of Perfume: Volume S : Schiaparelli, Elsa, retrieved 2012-01-16 
  3. Owens, Mitchell (1997), "Jewelry That Gleams With Wicked Memories", The New York Times (1997-04-13), retrieved 2012-01-16