Прејди на содржината

Елена Доцевска Божиновска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Елена Доцевска Божиновска
Член на Совет на Општина Куманово
На должноста
23 ноември 2021 – сѐ уште
Лични податоци
Роден(а) 23 јуни
Куманово, СР Македонија, СФРЈ
Националност Македонка
Партија ВМРО-ДПМНЕ
Професија правник

Елена Доцевска Божиновска (родена на 23 јуни во Куманово) - македонски политичар и тековен член на Советот на Општина Куманово од партијата ВМРО-ДПМНЕ.

Доцевска Божиновска е дипломиран правник со положен правосуден испит, раководител на Одделение за библиотека во Собранието на Република Македонија. Таа била првенец на генерација, во средношколски и студентски денови ангажирана во невладини организации, бројни еко-проекти, и проекти на НРИО Наш Весник и Радио Телевизија Куманово, ЗНМ и проектот „Булевар“. Таа е сопруга и мајка на две деца.

На функцијата советник во Советот на Општина Куманово доаѓа како носител на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори во 2021 година.[1]

  1. „Елена Доцевска Божиновска носител на листата кандидати за советници на ВМРО-ДПМНЕ за Куманово“. Кумановски Муабети. 12.09.2021. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)