Елена Вапцарова
Изглед
| Елена Вапцарова | ||
| Родена | Елена Везјова 1882 Банско, Отоманско Царство | |
|---|---|---|
| Починала | 1969
| |
| Занимање | учителка | |
| Сопружник | Јонко (Иван) Вапцаров | |
| Деца | Никола Јонков Вапцаров | |
Елена Вапцарова (моминско: Везјова; 1882 во Банско — 1969 ) — македонска учителка.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Елена како протестантка (евангелистка) го завршила двегодишното американско мисионерско (протестантско) училиште во Самоков, Бугарија, а потоа работела како учителка во с. Елешница, во Костенец-бања, Вељуса и Банско.
По стапувањето во брак со Јонко (Иван) Вапцаров во 1909 година, станала домаќинка, а нивниот дом станал сврталиште на македонски дејци од разните политички ориентации.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Варвара, Св.“. Македонска енциклопедија. , книга . Скопје: МАНУ. стр. 239. Text "series " ignored (help)