Прејди на содржината

Елена Ѓоргиева (музичар)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Елена Ѓоргиева
Роден(а)Битола, СР Македонија
ПотеклоМакедонија Македонија
ЖанровиКласична музика
Занимањамузичар, пијанистка, педагог
Инструментипијано

Елена Ѓоргиева - музичар, пијанистка, педагог од Битола.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Музичкото образование заврила при Василка Куновска а потоа при Маргарита Татарчевска, во Државното муичко училиште – Битола. Дипломира и магистрира на Факултет за музичка уметност - Скопје во класата на проф. Тодор Светиев.[2]

Музичка дејност

[уреди | уреди извор]

Учествувала на мајсторски школи кај врвните пијанисти: Арбо Валдма, Акилес Дел Вињ, Нелсон Дел Вињ Фабри, Чаи Чоу, Павел Егоров, Данг Таи Шон, Борис Романов и Мери Кавкалеска Во текот на 20 годишната музичка активност остварила бројни солистички концерти и концерти реализирани со камерни и симфониски оркестри.[3]

Настапува на културни манифестации:

  • „Интерфест“ Битола,
  • ДММ,
  • БИТ ФЕСТ,
  • „Пролетни музички вечери“

Редовно посетува семинари кај светски реномирани пијанисти.[4]

Член е на триото Трифоника – музички состав, кој негува музицирање на пијано со шест раце.Познат по бројни истакнати концертни настапи.[5]

Менаџер за културни и сценски активности. Активно и искуствено, професионално се изградува низ координирање и солистичко вклучување на поважни и поголеми музички настани.

Педагошката дејност

[уреди | уреди извор]

Во текот на 20 годишната педагошка работа со нејзините ученици има освоено бројни награди и учествува на концерти и натпревари меѓу кои Е.П.Т.А., ШОПЕНОВА ВЕЧЕР и др.[6] Нејзиниот педагошки ангажман е сконцентриран кон студиско-аналистичко пристапување кое е прилагодено кон поединечното учење, имајќи ги во предвид стиловите и поединечното учење. и развојни потреи.

Добитник е на бројни државни награди како солист и во камерни состави