Електрофил

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Во органската хемија, електрофил претставува реагенс кој прифаќа електрони.[1] Електрофилите имаат позитивен набој или се неутрални супстанци со празни орбитали, кои се привлекувани кон центар со многу електрони. Тие при хемиска реакција прифаќаат електронски пар и формираат врска со нуклеофили. Електрофилите се Луисови киселини бидејќи прифаќаат електрони. Најголем дел од нив имаат позитивен набој, содржат атом со парцијален позитивен набој или содржат атом што нема осум валентни електрони. Привлекуваат електрони и се однесуваат како да се делумно празни. Делумно празните супстанци бараат центар со многу електрони за да се дополнат. Електрофилите реагираат во присуство на електрони и светлина.

Кога ќе дојдат во контакт, електрофилите реагираат со нуклеофилскиот дел со најмногу електрони. Тие често се среќаваат во органска синтеза, како на пример катјоните H+ или NO+, поларизирани неутрални молекули како HCl, алкилхалогениди или карбонилни соединенија, неутрални молекули кои лесно може да се поларизираат како Cl2 или Br2, оксидациони агенси како пероксилни киселини, хемиски супстанци кои не го исполнуваат октетното правило како карбени или слободни радикали и некои Луисови кислини како BH3 и диизобутилалуминиум хидрид.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Структура и сврзување“. Институт за хемија при УКИМ. Посетено на 2020-06-27.