Прејди на содржината

Електронска уметност

Од Википедија — слободната енциклопедија
Паразит на Стеларк: Настан за инвадирано и неволно тело, на фестивалот Арс електроника во 1997 година.

Електронска уметност — форма на уметност што користи електронски медиуми. Пошироко, се однесува на технологија и/или електронски медиуми. Поврзано е со информациска уметност, медиумска уметност, видео уметност, дигитална уметност, интерактивна уметност, интернет уметност и електронска музика. Се смета за резултат на концептуалната уметност и системската уметност.

Позадина

[уреди | уреди извор]

Терминот електронска уметност е речиси синоним за компјутерска уметност и дигитална уметност.[1] Последните два термина, а особено терминот компјутерски генерирана уметност, најчесто се користат за визуелни уметнички дела генерирани од компјутери. Сепак, електронската уметност има многу поширока конотација, однесувајќи се на уметнички дела што вклучуваат секаков вид електронска компонента, како што се дела во музиката, танцот, архитектурата и изведбата.[2] Тоа е интердисциплинарна област во која уметниците, научниците и инженерите често соработуваат при создавањето на своите дела. Историчарот на уметноста Едвард А. Шанкен работи на документирање на сегашната и минатите експериментални уметности со фокус на пресекот на уметноста, науката и технологијата. Други писатели на темата електронска уметност се Френк Попер, Доминик Мулон, Сара Кук и Кристијан Пол.

Електронската уметност често содржи компоненти на интерактивност.[3] Уметниците користат технологии како што се Интернет, компјутерски мрежи, роботика, нослива технологија, дигитално сликарство, безжична технологија и импресивна виртуелна реалност. Бидејќи технологиите што се користат за креирање на делата од електронската уметност стануваат застарени, електронската уметност се соочува со сериозни проблеми околузачувањето на уметничките дела по времето на нивното производство. Моментално, во тек се истражувачки проекти за подобрување на зачувувањето и документацијата на кревкото наследство на електронските уметности. Дигиталниот графички софтвер, како што е Фотошоп, овозможува дигитална манипулација со аналогни фотографии, креирање целосно електронски слики и примена на генеративни пополнувања подобрени со вештачка интелигенција.[4]

Нослива технологија

[уреди | уреди извор]

Со напредокот во лесните микрочипови, безжичните можности, сензорите и технологијата за следење на движењето,[5] се појавиле нови медиуми во дигиталната уметност и перформансите. Технологијата има способност да ја зголеми и манипулира реалноста, како и перцепцијата на публиката или гледачот. Оделата за следење на движење се користат за креирање 3Д рендери на анимирани ликови за филмови и видео игри.[6] Произведената анимација или CGI може да се уредува и прилагодува пред гледање, но истражувањето за рендерирање во реално време за уметност во живо се поедноставува преку употреба на вештачка интелигенција, автоматизација и програмирање.[6] Рендерите во живо се користат слично во метаверзумот за да се создаде пореално движење и израз на аватарот.[7] Понатамошни импликации на овој вид технологија вклучуваат иновации во аудио и музичката продукција. Лори Андерсон е перформанс-уметник која користела одело опремено со засилени тактилни сензори. Таа ги користела своите движења за да создава музика, бидејќи на различни делови од телото им биле доделени различни перкусивни или инструментални звуци и тонови кога биле удирани или поместени.[5] Сличен на оваа музичка технологија е уредот SOMI-1, што се користи во танцовата претстава насловена „Моето тело е инструмент“ од Мајк Тајус и Лука Ренци.[8] Оваа технологија била дизајнирана од компанијата Instrument of Things; SOMI-1 е мал проприоцептивен диск кој го следи движењето и го претвора во звук.[9]

Уметнички фестивали што го користат терминот „електронска уметност“ во своето име

[уреди | уреди извор]

Уметници

[уреди | уреди извор]

Меѓу значајните уметници кои творат во областа на електронската уметност спаѓаат:

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. ↑ Paul, Christiane 2006. Digital Art, p. 10. Thames & Hudson.
  2. ↑ Paul, Christiane (2006. Digital Art, p. 132 Thames & Hudson.
  3. ↑ Paul, Christiane (2006). Digital Art, pp. 8, 11. Thames & Hudson.
  4. ↑ Chen, Brian. „How to Use A.I. to Edit and Generate Stunning Photos“. The New York Times. Посетено на April 5, 2024.
  5. 1 2 Birringer, J. & Danjoux, M. (2009). Wearable performance, Digital Creativity, 20:1-2, 95-113, DOI: 10.1080/14626260902868095
  6. 1 2 Callesen, J. & Nilsen, K. (2004). From lab to stage: practice-based research in performance, Digital Creativity, 15:1, 32-38, DOI: 10.1076/digc.15.1.32.28157
  7. ↑ Jang D., Yang D., Jang D., Choi B,. Jin T., Lee S. (2023). MOVIN: Real‐time Motion Capture using a Single LiDAR. Computer Graphics Forum. 2023;42(7):1-12. doi:10.1111/cgf.14961
  8. ↑ Brown, I. (2023, October 10). “My body is an instrument” Somi-1 performance by Mike Tyus and Luca Renzi. YouTube. https://www.youtube.com/watch?v=7MSQLX71mcY
  9. ↑ Instruments of Things. (2024). SOMI-1: About. https://instrumentsofthings.com/

Библиографија

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]