Елдгја

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Елдгја
Eldgja.jpg
Кањонот Елдгја
Највисока точка
Надм. вис.варира: кањон до 800 метарs (2,625 ст)
Заведена какоСписок на вулкани во Исланд
Координати63°58′00″N 18°36′33″W / 63.96667° СГШ; 18.60917° ЗГД / 63.96667; -18.60917Координати: 63°58′00″N 18°36′33″W / 63.96667° СГШ; 18.60917° ЗГД / 63.96667; -18.60917
Географија
МестоИсланд
Геологија
ВидВулкански вентил на Катла
Последен избув934

Елдгја (исландски изговор: [ˈɛltcau] ( слушнете), "огнен кањон") е вулкан и кањон во Исланд. Елдгја и вулканот Катла се дел од истиот вулкански систем на југот од земјата.

Сместен помеѓу Ландманалаугар и Киркјубејарклаустур, Елдгја е најширокиот вулкански кањон на светот, приближно 40км долг и 600 метри широк. Тој бил откриен од Торвалдур Тородсен во 1893.

Првата документирана ерупција во 934 (или 939) [1] била најголемата базалтна поплава во историјата. Лавата се протега на 800 km2.[2] Се проценува дека 18 km3 на магма истекла од земјата.[3]

Во кањонот има водопад кој се нарекува Оуфајруфос. Природен мост преку водопадот исчезнал во 1993 поради преголемата вода од топењето на мразот.

Северниот дел на Елдгја, вклучително Оуфајруфос и околината, бил дел од Националниот парк Ватнајекидл до 2011.[4]

Историја[уреди | уреди извор]

Во неговата оригинална форма, пукнатината потекнува од голема историска еруппција во вулканскиот систем на Катла која започнала во 934[5]. За шест години ерупција, истекло 19,5 км3 на површина од 781 км2.[5] Количината произведена тефра се проценува на 1,5 км3 а производството на сулфурен диоксид на 219 милиони тони.[5] Во Исланд, овој голем вулкански настан е веројатно второ најголемо базалтско таложење во Холоценот после тоа на Тјоурсау.

Библиографија[уреди | уреди извор]

Извор[уреди | уреди извор]

  • Guðmundsson, Ari Trausti (1996) (на англиски). Volcanoes in Iceland. Рејкјавик: Vaka - helgafell. стр. 136. ISBN 9979-2-0348-X. 

Види[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Albert Zijlstra (29 September 2016). „Eldgja: Eruption dating“. конс. 1 January 2017. 
  2. Árni Hjartarson 2011. Víðáttumestu hraun Íslands. (The Largest Lavas of Iceland). Náttúrufræðingurinn 81, 37-49.
  3. „Katla: Eruptive History“. Глобална програма за вулканизмот. Смитсонова установа.  (англиски)
  4. „Ósnortin víðerni og einstakar jarðmyndanir“ (Icelandic). Ministry for the Environment and Natural Resources. 29 July 2011. конс. 24 March 2014. 
  5. 5,0 5,1 5,2 Program, Volcano Hazards. „Hawaiian Volcano Observatory“. volcanoes.usgs.gov. конс. 2017-12-13. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]