Елда (род)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Елда
Fagopyrum esculentum2.jpg
Обична елда
(Fagopyrum esculentum)
Научна класификација
Царство: Растенија
Нерангирано: Скриеносеменици
Ред: Каранфиловидни
Семејство: Троскоти
Род: Елда
Mill.
Видови

15-16, вклучувајќи ги:[1]

Елда (науч. Fagopyrum) — род цветни растенија од семејството на троскотите (Polygonaceae).

Опис[уреди | уреди извор]

Родот елда опфаќа 15-16 видови растенија, меѓу кои два претставуваат важни земјоделски култури: обичната елда (Fagopyrum esculentum) и татарската елда (Fagopyrum tataricum). Имаат слична употреба и се категоризирани како псевдожитарки бидејќи се користат за иста намена како житарките, но не му припаѓаат на семејството треви (Poaceae).

Во рамките на родот се наоѓаат и следниве питоми видови: повеќегодишната елда Fagopyrum dibotrys (порано Fagopyrum cymosum),[2] Fagopyrum giganteum и Fagopyrum homotropicum.[3]

Растенијата имаат петливчени цветови распоредени во сложен грозд што даваат снопчиња со странични цветови на врвот од гранчето.[4]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „The Plant List: A Working List of all Plant Species“. http://www.theplantlist.org/tpl/search?q=fagopyrum. 
  2. PFAF Plant Database: Fagopyrum dibotrys (повеќегодишна елда)
  3. T. Sharma, S. Jana. Species relationships in Fagopyrum revealed by PCR-based DNA fingerprinting. „Theoretical and Applied Genetics“ том  105 (2-3): 306–312. doi:10.1007/s00122-002-0938-9. PMID 12582533. 
  4. M. Quinet, V. Cawoy, I Lefevre, F. Van Miegroet, A-L. Jaquemart, J.-M. Kinet.. Inflorescence structure and control of flowering time and duration by light in buckwheat (Fagopyrum esculentum Moench). „Journal of Experimental Botany“ том  55 (402): 1509–1517. doi:10.1093/jxb/erh164. PMID 15208346. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]