Елвира Линдо

Елвира Линдо (родена на 23 јануари 1962 година во Кадис, Шпанија) e шпанска новинарка и писателка.
На 12-годишна возраст, Линдо се преселила во Мадрид, каде студирала новинарство на Универзитетот Комплутенсе во Мадрид. Не добила диплома, бидејќи во 1981 година почнала да работи на телевизија и радио како спикер, глумица, сценарист и била креатор на стрипови. Така бил создаден ликот на Манолит Гафотас. Таа почнала да работи на ТВ во 1990 година, но се пензионирала во 1993 година за да се фокусира на пишување. Ова бил почеток на книгите за Манолит Гафотас, кои и ја донесле Националната награда за литература за деца и млади и кои постигнале голем комерцијален успех.[1]
Нејзиниот прв роман се базирал на еден од нејзините измислени ликови, момче од Мадрид, наречено Манолито Гафотас, кој станал класик на шпанската литература за деца. Манолито бил син на возач на камион и живеел скромно во работничката населба Карабанчела. Ликот бил протагонист на неколку романи напишани во прво лице, во стил кој вклучувал хумор, иронија и остра социјална критика.
Линдо пишувала и романи и драми за возрасни, таа била сценарист на Првата ноќ од мојот живот и имала соработувано со режисерот Мигел Албаладе на сценаријата на Манолита Гафотас и Вербален напад. Таа го адаптирала и сценариото Пленилунио од романот на нејзиниот сопруг Антонио Муњос Молина.
Откако нејзиниот сопруг Антонио Муњос Молина бил назначен за директор на Институтот Сервантес во Њујорк, Линдо живее во Њујорк. Таа често пишувал за весниците на шпански јазик Ел Паис, пишувајќи уредници, како и написи за други списанија и весници.
Линдо во 1998 година била наградена со Национална награда за литература за деца и млади за нејзината книга Валканите алишта на Манолито Гафотас иНаградата Библиотека Бреве за нејзиниот роман за возрасни Еден твој збор.[2] Нејзината следна книга, Што ми остана да живеам[3] била објавена на 3 септември 2010 година.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Elvira Lindo“. www.spainisculture.com. Архивирано од изворникот на 2022-07-02. Посетено на 30 април 2021.
- ↑ „Elvira Lindo gana el premio Biblioteca Breve con la obra 'Una palabra tuya'“ [Elvira Lindo Wins the Premio Biblioteca Breve with the Work 'Una palabra tuya']. La Vanguardia (шпански). Barcelona. EFE. 7 February 2005. Посетено на 5 September 2018.
- ↑ „Elvira Lindo“. Elvira Lindo. 2010. Посетено на 2010-08-03.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Матична страница
- Елвира Линдо на
Семрежната филмска база на податоци (англиски)