Прејди на содржината

Елан (претпријатие)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Елан е производител на спортски производи во Бегуње на Горењска, Словенија. Најпознат е по своите скии и сноуборди.[1] Други производи вклучуваат едрилици од 9-15 м должина, моторни јахти, облека (најчесто спортска) и опрема за спортски објекти. Марката станала попозната во доцните 1970-ти, кога шведскиот ас во алпско скијање Ингемар Стенмарк освоил три последователни титули на Светскиот куп со скии Елан.

Историја

[уреди | уреди извор]

Претпријатието потекнува од словенечката партизанска работилница која функционирала за време на Втората светска војна, кога се произведувале скии за југословенските партизански сили.[1]

Елан СЦХ ја промениле светската скијачка индустрија со измислување на странични скии, кои овозможиле вртење со мали брзини и со краток радиус на вртење. Тие првпат биле развиени во 1988 година од Јуриј Франко (да не се меша со скијачот Јуре Франко), кој пресметал соодветен флекс модел за новиот вид скии со својот колега Павел Шкофиќ. Тие организирале проект наречен СајдКат Екстрим и тргнале да градат прототипови.

На почетокот на 2021 година, Елан објавиле дека го создале „првите целосно функционални, преклопени, целосно планински скии во светот“.[2][3]

Претпријатие

[уреди | уреди извор]

Групата Елан се состои од 20 поврзани компании под заедничко сопствеништво на претпријатието Скимар. Поголемиот дел од компаниите на групата го користат брендот Елан и логото како дел од нивните проекти, производи и услуги. Седиштето на претпријатието се наоѓа во Бегуње на Горењска, додека различните производствени компании се расфрлани низ Централна Европа: скиите и јахтите за едрење на Елан се произведуваат во Словенија, сноубордите на Елан се произведуваат во Австрија, а моторните јахти во Хрватска. Групата ги продава своите производи преку независни дистрибутери во 46 земји низ светот, а маркетингот го преземаат сопствените компании на Елан во Северна Америка, Јапонија, Германија и Швајцарија. На 13 март 2013 година, австриската подружница на Елан, сместена во Каринтија, објавила банкрот. Елан Австрија имала обврски од 8.7 милиони евра и имала средства од 6.5 милиони евра. 78 вработени и 120 кредитори биле погодени од овој банкрот.

Словенечката државна организација СДХ, која е задолжена за приватизациските активности во Словенија во име на владата, ја даде својата согласност за продажба на „државно сопственикот производител на скии Елaн на Мерил Линкч Интеренешанал и Вилтан Ентерпрајзес Лимитед.

  1. 1 2 Johnson, William Oscar (February 6, 1984). „On the scene: Elan skis“. Sports Illustrated. стр. 106.
  2. „Elan releases game changing folding ski“. Посетено на 6 March 2021.
  3. „Voyager“. Посетено на 6 March 2021.