Екофеминизам

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Екофеминизмот опишува движења и филозофии кои го приврзуваат феминизмот со екологијата.[1] Терминот се верува дека бил скован од страна на француската писателка Францоиз д’Јаубон во нејзината книга, Le Féminisme ou la Mort (1974).[2] Екофеминизмот ја поврзува експлоатација и доминација на жените со онаа на животната средина, и тврди дека постои историска врска меѓу жените и природата. Екофеминистите веруваат дека оваа врска е илустрирана преку традиционално 'женските' вредности на реципроцитет, негување и соработка, кои се присутни и кај жените и во природата. Покрај тоа, екофеминистите прави врски помеѓу менструацијата и месечните циклуси, раѓањето и создавањето итн. Жените и природата исто така се обединети преку нивната заедничка историја на угнетување од страна на патријархалното општество.

Во есејот насловен „Екофеминизам: Кон глобална правда и планетарно здравје“ авторите Грета Гард и Лори Груен го претставуваат она што тие го нарекуваат „Екофеминистичка рамка“. Оваа рамка е наменета да воспостави начини на гледање и разбирање на нашите моментални глобални ситуации, така што ние можеме подобро да разбере како стигнавме во овој момент и што може да се направи за да се ублажат злата. Четирите страни на рамката се: механистичкиот материјалистички модел на универзумот, што произлегува од научната револуција и последователните намалувања на сите нешта во ресурси да бидат оптимизирани, мртвa инертна материја за искористување, издигнувањето на патријархалните религии и нивното воспоставување на родовата хиерархија, заедно со нивното негирање на иманентна божественост, и својствената моќ и доминација која ја произведува, и капитализмот и неговата вродена потреба за експлоатација, уништување и инструментализација на животните, земјата и народот со единствена цел за создавање богатство. Тие тврдат дека овие четири фактори не донеле до она што екофеминистите го гледаат како „поделба меѓу природата и културата“, кој е коренот на нашите планетарни зла. Есејот кој е достапен семрежно на оваа врска (http://lgruen.faculty.wesleyan.edu/files/2011/05/Gaard.pdf) нуди богатство на податоци и статистики за теоретските аспекти на екофеминистичката критика.

Вандана Шива тврди дека жените имаат посебна врска со природата преку нивните секојдневни интеракции и дека оваа врска е игнорирана. Таа вели дека жените кои произведуваат „богатство во партнерство со природата, се експерти во свое право за холистичките и еколошките знаења за процесите на природата.“ Сепак, таа тврди дека „овие алтернативни начини на знаења, кои се ориентирани кон социјалните бенефиции не се признати од страна на капиталистичката редукционистичка парадигма, бидејќи таа не успева да ја согледа меѓусебната поврзаност на природата, или врската на животот, работа и знаењето на жените со создавање на богатство.“[3]

Феминистката и социјалниот еколог Џенет Биехл го критикуваше екофеминизмот поради преголемото фокусирање на мистична врска помеѓу жените и природата и не е доволно на актуелните состојби на жените.[4] Розмери Редфорд Рутер и се приклучи на Џенет Биехл во критикувањето на фокусот на мистицизамот врз работата, кој се фокусира на помагањето на жените, но тврди дека духовноста и активизмот можат да се комбинираат ефикасно во екофеминизмот.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. MacGregor, Sherilyn (2006). Beyond mothering earth: ecological citizenship and the politics of care. Vancouver: UBC Press. стр. 286. ISBN 0-7748-1201-X. 
  2. (Merchant, Carolyn. "Chapter 8." In Radical ecology: the search for a livable world. New York: Routledge, 1992. 184)
  3. Shiva, Vandana (1988). Staying alive: women, ecology and development. London: Zed Books. ISBN 978-0-86232-823-8. 
  4. Biehl, Janet (1991). Rethinking eco-feminist politics. Boston, Massachusetts: South End Press. ISBN 978-0-89608-392-9. 
  5. Ruether, Rosemary Radford (2003). Heather Eaton & Lois Ann Lorentzen. уред. Ecofeminism and Globalization. Lanham, Boulder, New York, Toronto, Oxford: Rowman and Littlefield. стр. vii - xi. ISBN 0-7425-2697-6.