Економски симулатор

Економски симулатор (англиски: economic simulation game или tycoon game) — жанр компјутерски игри, кој претставува подвид на симулаторите за градење и управување, заснован на прикажување на економски и пазарни процеси.[1][2]
Целта на играчот, кој раководи со некое претпријатие, е да извлече виртуелна добивка.
Во „чистите“ економски симулатори, елементите на градење се отсутни. Играчот треба да управува со веќе постоечко трговско претпријатие, каде што пазарните процеси и однесувањето на конкурентите се релативно блиски до реалноста.
Елементи на економска симулација, честопати многу значајни, се вклучени во многу стратегиски игри, каде што една од целите на играчот е, исто така, да извлече добивка. Во игрите од овој жанр, на играчот му се дава можност да управува со економски системи со различна сложеност, на пример: град (SimCity, Dwarf Fortress — делумно), островска држава (Tropico), фарма (SimFarm), превозна фирма (Railroad Tycoon, OpenTTD), управување со компанија (Industry Giant 2), играчка компанија (Game Dev Tycoon); или пак да избере профил и големина на виртуелен бизнис по сопствена желба (Виртономика) и сл. Честопати, како објекти за управување можат да се јават и егзотични системи, на пример, мравјалник (SimAnt) или подземна тврдина (Dungeon Keeper).
Видови економски симулатори
[уреди | уреди извор]Активниот развој на интернет-технологиите и растот на интернет-публиката во последните години дале моќен поттик за развојот на индустријата на семрежни игри, а особено на семрежните економски симулатори.
Постојат многу варијанти на семрежни економски симулатори — прелистувачки, преземливи, едноиграчки и повеќеиграчки, како и оние што се играат во реално време и засновани на потези. Некои семрежни симулатори се насочени првенствено кон пазарот за забава, додека други имаат примена во реалниот свет за обука, образование и моделирање.
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Looking for a business simulator game (англиски)