Економска мобилност

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Економската мобилност е способноста на едно лице или семејство да го подобри својот економски статус, кој е во тесна врска со приходот и општествениот статус, во рамките на неговиот или нејзиниот живот или во рамките на повеќе генерации. Честопати економската мобилност се мери со движењето меѓу квинталите на приходот или со споредби меѓу приходот на поединецот и приходот на семејството. Способноста да се зголеми приходот е тесно поврзана со “американскиот сон” и способноста да се зголеми економската положба преку напорна работа и труд[1].

Економска мобилност во САД[уреди | уреди извор]

Постојат два типа на економска мобилност: апсолутна и релативна.[1] Нагорната апсолутна мобилност вклучува економски раст и како резултат на тоа сите извлекуваат корист.[1]. Релативната мобилност е каракатеристична за поединци и не се појавува во тесна врска со економијата како целина.[1]. И апсолутната и релативната мобилност во последниве десет години се движеа по нагорна линија и за оние кои имаа приходи под просечниот приход. 80% од даночните обврзници имаа приходи во квинталите во ист или поголем износ како во 2005 г. за разлика од износот во 1996 г., а 45% од даночните обврзници кои не спаѓаат во квинталот на највисоки приходи ги зголемија своите приходи се поместија најмалку за еден квинтал [2]. Меѓу 1979 г. и 2004 г. во САД имаше голема разлика во однос на зголемувањето на приходите. Реалниот приход со одбиен данок за првиот 1% заработувачи се зголеми на 176% за време на тој период споредено со зголемувањето од 69% за првите 20% и зголемување од 9% за најдолните 20% .[1]. Меѓутоа, зголемувањето на нееднаквоста во однос на приходите не вклучува намалување на мобилноста. Средната вредност на семејниот приход се зголеми за 29% и просечната вредност на семејниот приход се зголеми за 43% споредено со приходот на претходната генерација од 1968 год[3]. Најголем дел од зголемувањето на тоталниот износ на семејниот приход е заслуга на зголемениот број на жени кои работат откако заработувачката на мажите остана релативно стабилна во овој период [3].Две третини од овие луѓе кои беа деца во 1968 г. пријавија поголем приход од своите родители, но само една половина од нив ја надмина економската положба на своите родители, поместувајќи се во нагорна линија за еден или два квинтали.[3]. Иако една третина од нацијата се поместува за неколку квинтали, друга третина во однос на мобилноста оди во надолна линија со тоа што бележи намалување на приходот и економската положба во споредба со своите родители.[3]. Иако постои некоја економска мобилност меѓу генерациите во САД, сè уште е тешко некој да се помести за неколку квинтали. 42% од децата кои се родени на најдолниот квинтал најверојатно таму и ќе останат, а другите 42% ќе се префрлат на вториот и средниот квинтал [3]. На спротивниот крај на спектарот, 39% ( генерација 1968 г.)од оние кои се родени во последниот квинтал најверојатно таму и ќе останат, а другите 23% ќе завршат во четвртиот квинтал.[3]. Децата кои потекнуваат од фамилии со ниски приходи претходно имале шанса од 1% да достигнат приход кои се рангира во првите 5% [4]. Од друга страна, децата кои потекнуваат од богати фамилии имаат шанса од 22% да достигнат приход кој се рангира во првите 5 %[4].

Економската мобилност низ светот[уреди | уреди извор]

Според соодност меѓу тековниот приход на поединeцот и тековниот приход на родителите на поединецот не постои академска општа согласност дека во САД има помала или поголема релативна мобилност од другите индустријализирани нации.[1][5][6]. Според една студија, приходот на родителите на поединецот може многу повеќе да се предвиди во САД отколку во другите земји [4]. Франција, Германија, Шведска, Канада , Норвешка и Данска имаат поголема релативна мобилност од САД, а додека Обединетото Кралство има помала мобилност од САД [1]. Според студијата на Мајлс Корак, коефициентот на релативната мобилност на САД спрема релативната мобилност на другите земји е 1, а останатите споменати земји имаат коефициент кој варира од 1.25(Франција) до 3 ( Данска) [1]. Како и да е, барем со една неодамнешна студија се дојде до заклучок дека релативната мобилност на другите земји е речиси иста како релативната мобилност во САД [5].

Економската мобилност на мажите во споредба со жените[уреди | уреди извор]

Денеска, жените во 30-тите години од својот живот имаат повисоки приходи за разлика од жените кои се генерација на нивните родители [7]. Меѓу 1974 г. и 2004 г. просечниот приход на жените се зголемил речиси четири пати повеќе во 30-тите години од нивниот живот [7]. Ова е апсолутен контраст во однос на зголемувањето на приходот на нивните сопружници. Просечниот приход на мажите во 30-тите години од нивниот живот се зголемил од 31.000 американски долари во 1964 г. на 35.000 американски долари во 2004 г. што значи дека нивниот приход се зголемил на само 4.000 долари [7]. Меѓутоа, многу од ова може да биде резултат на стапката на вработеност. Стапката на вработеност на жените во 30-тите години од нивниот живот се зголемила од 39% во 1964 г. на 70% во 2004 г., а стапката на вработеност за мажи на истата возраст се намалила од 91% во 1864 г. на 86% во 2004 г.[7]. Покрај непроменливиот висок износ на платите кај мажите,наглото зголемување на приходот на вработените жени е причината поради која зголемувањето на економската мобилност се препишува на жените.

Економска мобилност кај црнците и белците[уреди | уреди извор]

Просечниот приход на семејствата и од белата раса и од црната раса се зголеми уште од 1970-тите години [8]. Меѓутоа, просечниот приход на семејствата од белата раса во 30-тите години од нивниот живот се зголемил од 50.000 долари на 60.000 долари, а приходот на семејствата од црната раса на истата возраст и во истиот период се зголемил од 32.000 долари на 35.000 долари [8]. Значи, не само зголемувањето на просечниот приход туку и зголемувањето на приходот кај семејствата од црната раса( зголемување од 10%) е многу помало за разлика од семејствата од белата раса( зголемување од 19%)[8]. Ова би можело да се објасни со тоа дека 25% од црнците не се со брачен статус, иако стапката на стапување во брак се намали и кај двете раси [8]. Меѓутоа, црнците имаат помала економска мобилност и е помалку веројатно дека ќе го надминат приходот на своите родители како и економската положба на белците [8]. Две од три деца од белата раса, родени во семејства во средниот квинтал, достигнаа повисок семеен приход за разлика од своите родители [8]. Спротивно на ова, едно од три деца од црната раса, родени во семејства во средниот квинтал достигнале повисок семеен приход од своите родители [8]. Во просек, децата од црната раса чии родители се родени во најдолниот квантил или на вториот квинтал го надминуваат приходот на своите родители, но децата од црната раса чии родители биле во средниот или четвртиот квинтал имаат помал приход од своите родители [8]. Ова е многу голема разлика во споредба со белците кои искусиле меѓугенерациско зголемување на приходот во секој квинтал со исклучок на највисокиот квинтал [8]. Ова укажува на тоа дека и покрај пониските плати и нивното благо зголемување, на црнците, за разлика од белците, им е многу потешко да ја зголемат економската мобилност.

Образованието и економската мобилност[уреди | уреди извор]

Постои големо верување дека стекнатото образование и зголемената економска мобилност се тесно поврзани. Образовниот систем во САД отсекогаш се сметал за систем кој е најефикасен и нуди рамноправен процес за подобрување на економската положба на сите лица [9] Покрај зголемената можност која им се нуди на сите, семејната позадина и понатаму игра битна улога при определувањето на економскиот успех. Образованието е исто така пречка за многу лица, бидејќи ако тие не посетуваат образовна установа или не можат да посетуваат образовна установа, тогаш шансите да останат на дното на економската скала или скалата на приходи се многу големи. Студиите покажале дека образованието и семејната позадина имаат големо влијание врз економската мобилност во поглед на многу генерации. Семејната позадина и општествено-економскиот статус влијае врз можноста дали учениците ќе завршат средно училиште или колеџ, каков вид на колеџ или образовна институција ќе посетуваат и колку е голема веројатноста да дипломираат и да завршат некој степен на образование. Според студиите, кога во однос на приходот имаме пет квинтали, повозрасните деца кои се без диплома и кои имаат родители кои се на последниот квинтал остануваат на последниот квинтал. Но, ако децата се стекнале со диплома, постоело шанса од само 16% дека ќе останат на дното на квинталот. Како резултат на тоа, се докажа дека образованието овозможило зголемување на економскиот статус и мобилност на посиромашните семејства.[10] Универзитетската диплома не само што им овозможува на лицата да дојдат до врвните два квинтали, туку им овозможува на лицата кои се родени во врвните квинтали да останат на позицијата на врвните квинтали. Како резултат на тоа, напорната работа и образованието на оние кои се родени во подолните квинтали можат да им го зголемат економскиот статус и можат да им помогнат да напредуваат, но се разбира децата кои се родени во побогати семејства сепак ја имаат предноста [10].Дури и ако се игнорира можноста да се заврши некој колеџ, студиите покажале дека кај сите студенти кои се запишале во колеџ, општествено-економскиот статус или семејната позадина сè уште имаат влијание врз стапката на дипломирање и тоа со 53% врз оние кои се наоѓаат на врвниот квинтал, со 39% врз оние оние кои се наоѓаат во средниот квинтал и со 22% врз оние кои се наоѓаат на последниот квинтал. .[9] . Според пописот на САД во 2002 г. студентите можат да очекуваат да заработат со универзитетска диплома околу 2.1 милион американски долари во текот на својата кариера. Тоа е заработка што е речиси еден милион повеќе од онаа што би можело да се очекува да ја заработат лицата кои се без универзитетска диплома [11]. Земајќи го предвид фактот дека стапките на инфлација не се во чекор со зголемувањето на стапките на школарина, посиромашните семејства не можат многу да си дозволат да ги праќаат своите деца на колеџ. Земајќи го предвид зголемениот натпревар за влез во јавните училишта, учениците кои се од пониските економски квинтали не се во голема предност[9] .Стапките на школарина во текот на последните десет години се зголемија на 47% за државните универзитети и за 42% на приватните универзитети[11].Учениците од квинталите со пониски приходи, кои мораат да земаат повеќе заеми и мораат повеќе да работат наместо да учат, сметаат дека колеџот не е "тест за нивната интелегенција, туку тест за нивната изджливост" [11] . Со помош на образованието, поединците со понизок економски статус може да го зголемат потенцијалот за профит и како резултат на тоа може да заработат многу повеќе отколку своите родители и дури може да ги надминат и тие кои се во најгорните квинтали. Целокупно земено, со секој дополнителен степен на образование без разлика дали станува збор за средно училиште, колеџ, факултет или какво било друго професионално усовршување, секој поединец може да го зголеми својот приход.[10] Од друга страна, има други извештаи според кои не се смета дека лицата кои напорно работат или стекнуваат некое образование успеваат во животот, бидејќи се смета дека Америка всушност станува посиромашна и многу голема е веројатноста да остане посиромашна во споредба со некоја западноевропска земја. Сликата за “американскиот сон” почнува да избледува, бидејќи приходот на средната класа не се промени уште од 1973 г. Студиите покажуваат дека во споредба со САД економската мобилност е 3 пати посилна во Данска, 2.5 пати повисока во Канада и 1.5 пати повисока во Германија.[12]

Имиграција и економска мобилност[уреди | уреди извор]

Според Бирото за попис на население во САД, бројот на легалните имигранти постојано расте уште од 1960-тите години. Бројот за една година се зголеми од околу 320.000 на околу еден милион. Исто така околу 500.000 илегални имигранти остануваат во САД секоја година. Луѓето имигрираат во САД со надеж за поголеми економски можности,а првата генерација на имигранти прилично многу го зголеми својот приход благодарение на американската економија. Но, како резултат на тоа што повеќето имигранти немаат образование, износот на нивните плати почна да се намалува релативно како и кај оние кои не се имигранти. Според студиите, економската мобилност многу се зголеми од првата до втората генерација поради образованието. Втората генерација имигранти го надминаа нивото на приходи на првата генерација на имигранти и на оние кои не се имигранти.[13]

Преку истражувањето за меѓугенерациска мобилност, може да биде пресметана мобилноста на имигрантите и нивните деца. Заклучок за економската мобилност може да се донесе според релативните плати на мажите од кои било нации од 1970 г. па сè до втората генерација работници во 2000 г. Во 1970 г. имигрантите кои дојдоа од индустријализирана земја имаа повисоки просечни плати од лицата кои не се имигранти. Во 2000 г. втората генерација работници имаа пад во однос на релативната мобилност, бидејќи просечните плати беа многу блиску до просечните плати на работниците кои не се имигранти. Во 1970 г. просечните плати на имигрантите кои доаѓаа од неиндустријализирани земји беа помали од оние на работниците кои не се имигранти. Во 2000 г., втората генерација на работници од неиндустријализирани земји постигнаа зголемување на релативната мобилност бидејќи износот на нивните просечни плати беа поблиску и поблиску до износот на платите на оние кои не се имигранти [13]. Со помош на меѓугенерациската врска меѓу релативните плати на првата и втората генерација работници од истата земја може да се донесе заклучок за тоа дали првата генерација имигранти влијаела врз платите на втората генерација имигранти. Оваа пресметка исто така се однесуваше и за првата и втората генерација семејства родени во Америка. Студијата покажа дека и имигрантите и лицата кои се родени во Америка го достигнале речиси истото ниво на економска предност или неповолност како своите предци. Овие заклучоци предвидуваат намалување на платите од првата до втората генерација доколку се зема предвид нивото на образование за секој имигрант. На идните втори генерации имигранти ќе им биде многу потешко да ги надминат просечните плати на лицата кои не се имигранти, бидејќи голем дел од имигрантите се со низок степен на образование.[13].

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 Economic Mobility: Is the American Dream Alive and Well? Isabel Sawhill & John E. Morton. 21 Feb. 2007. Economic Mobility Project, Washington, D.C.. 4 Dec. 2007 <http://www.economicmobility.org/assets/pdfs/EMP%20American%20Dream%20Report.pdf>.
  2. Income Mobility in the U.S. from 1996 to 2005. Department of the Treasury. 13 Nov. 2007.<http://www.treasury.gov/press/releases/reports/incomemobilitystudyfinal.pdf>.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Economic Mobility of Families Across Generations. Julia B. Isaacs. 13 Nov. 2007. Economic Mobility Project, Washington, D.C.. <http://www.economicmobility.org/assets/pdfs/EMP_Across_Generations.pdf>.
  4. 4,0 4,1 4,2 Understanding Mobility in America. Tom Hertz. 26 Apr. 2006. Center for American Progress, Washington, D.C.. <http://web.archive.org/web/20090228170405/http://www.americanprogress.org/issues/2006/04/Hertz_MobilityAnalysis.pdf>.
  5. 5,0 5,1 http://www.urban.org/publications/406722.html
  6. http://web.archive.org/web/20090530053531/http://www.chicagofed.org/publications/workingpapers/wp2005_12.pdf
  7. 7,0 7,1 7,2 7,3 Economic Mobility of Men and Women. Julia B. Isaacs. 13 Nov. 2007. Economic Mobility Project, Washington, D.C.. <http://www.economicmobility.org/assets/pdfs/EMP_Men_Women.pdf>.
  8. 8,0 8,1 8,2 8,3 8,4 8,5 8,6 8,7 8,8 Economic Mobility of Black and White Families. Julia B. Isaacs. 13 Nov. 2007. Economic Mobility Project, Washington, D.C.. <http://www.economicmobility.org/assets/pdfs/EMP_Black_White_Families.pdf>.
  9. 9,0 9,1 9,2 McMurrer, D. Sawhill, I. Getting Ahead: Economic and Social Mobility in America. The Urban Institute Press. Washington, D.C. 1998.>.
  10. 10,0 10,1 10,2 Education and Economic Mobility, Ron Haskins. Economic Mobility Project, Washington D.C. http://www.economicmobility.org/assets/pdfs/EMP_Education_ChapterVIII.pdf.>.
  11. 11,0 11,1 11,2 Waldron, K. Access to College Means Access to Economic Mobility for America's Underserved. Diverse Issues in Higher Education V. 24. No. 2. 8 март 2007. p. 33.>.
  12. Stephen, Andrew. Born Unequal? New Statesman. Vol.137, Issue 4855. August 2008.<http://search.ebscohost.com/login.aspx?direct=true&db=aph&AN=26150864&site=ehost-live>.
  13. 13,0 13,1 13,2 Immigration: Wages, Education, and Mobility. Ron Haskins. Economic Mobility Project, Washington, D.C>.<http://www.economicmobility.org/assets/pdfs/EMP_Immigrants_ChapterVII.pdf>.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]