Екатерина Волкова

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Екатерина Волкова
Yekaterina Volkova.jpg

Екатерина Генадиевна Волкова (руски:Екатерина Геннадьевна Волкова) (родена на 16 февруари 1978 г. во Курск) е руска атлетичарка на средни патеки која е специјализирана да се натпреварува во трката на 3000 метри со препреки.

Во првата трка на 3000 метри со препреки на големите натпреварувања, на светското првенство во 2005 одржано во Хелсинки, таа го освоила сребрениот медал со време од 9:20,49, што претставувало нејзин личен рекорд.

На светското првенство во 2007, во Осака, Волкова го освоила златниот медал, а следната година, на Летните олимписки игри 2008, во Пекинг таа успеала да го осови бронзениот медал.

Лични рекорди[уреди | уреди извор]

  • 1500 метри - 4:09.03 (2005)
  • 3000 метри - 8:54.64 (2005)
  • 3000 м со препреки - 9:06.57 (2007)
  • 5000 метри - 15:00.02 (2007)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]