Прејди на содржината

Езотерија

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Езотерика)

Езотерија доаѓа од грчкото ἐσωτερικός (esôterikos), и се однесува на „внатрешното“, мистичното.

Езотеријата како знаење е достапна само на тесен круг на „просветлени“, „иницирани“ или посебно обучени луѓе.[1]

Како спротивен поим се смета „егзотеријата“ која пак е знаење добро познато и достапно на јавноста.

Во денешно време, терминот „езотерија“ не се користи само за мистично знаење или практика, туку и за било кое знаење кое е тешко да се објасни, да се сфати или да се запомни.

Потекло на терминот

[уреди | уреди извор]

Платон во неговите дијалози (околу 390 г. п.н.е.) го користи изразот ta esô со значење „внатрешното“, а изразот ta eksô со значење „надворешното“. Најверојатно првата употреба на зборот esôterikos е во текстови на Луциан од Самосата, пишувани околу 166 г. од нашата ера.[2]

Поимот езотерија во англиски текстови за првпат се појавува во 1701 година, во Историја на филозофијата од Томас Стенли, во неговиот опис на школата на тајни на Питагора.

„Езотерија“ е знаење кое се чува во тајност, не толку поради намерата за тајност, колку поради природата на самото знаење. На пример, тоа знаење е достапно само на оние кои имаат соодветно интелектуално предзнаење.

Историја

[уреди | уреди извор]

Езотеријата не подразбира едно конкретно знаење, туку се однесува на широк спектар на знаења и движења кои често меѓу себе не се поврзани.

Римското Царство има неколку мистични религии за кои е потребна иницијација. Некои го гледаат христијанството како езотерија, поради ритуалот на крштевање, на пример. Терминот гностицизам се однесува на религиозни движења кои тврдат дека имаат тајни знаења (гноси). Друго важно движење од Стариот Свет е херметизмот.

Муслиманските Исмаили прават разлика меѓу внатрешното и надворешното. Веруваат дека спасот за душата се постигнува преку добивање 'Нур' (светлина) преку езотерија, односно преку духовна потрага по просветлување.

Иако повеќето езотерични учења имаат своја историја стара повеќе илјади години, сепак низ историјата имињата се менувале. Така, за време на ренесансата, се користи изразот неоплатонизам. Во 17 век во Европа, се користи изразот розекрајцеризам, што подоцна се претвора во разни варијанти на масонерија. Во 19 век во Франција зема замав теозофијата на Мадам Блаватска. Потоа се појавуваат разни видови на езотерични организации кои преминуваат во метафизички организации, и њу ејџ групи. Антропозофија, на пример, е синтеза на западната езотерија и теозофијата, чиј основач е Рудолф Штајнер на почетокот на XX век.[3] Друг вид на езотерично учење, пак, произлегува од учењето на Успенски.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Merriam-Webster Online Dictionary : esoteric“. Архивирано од изворникот на 2008-09-07. Посетено на 2008-10-22.
  2. http://paginasesotericas.tripod.com/esoterismo.htm
  3. Robert McDermott, The Essential Steiner, ISBN 0-06-065345-0, pp. 3-11
  • Benjamin Walker, Encyclopedia of Esoteric Man: The Hidden Side of the Human Entity, Routledge and Kegan Paul, London, 1977, ISBN 0-7100-8479-X
  • Benjamin Walker, Man and the Beasts Within: The Encyclopedia of the Occult, the Esoteric, and the Supernatural, Stein & Day, New York, 1978, ISBN 0-8128-1900-4
  • Wouter J. Hanegraaff (ed.) in collaboration with Antoine Faivre, Roelof van den Broek & Jean-Pierre Brach, Dictionary of Gnosis and Western Esotericism, 2 тома., Brill, Leiden 2005.
  • Aries: Journal for the Study of Western Esotericism, Brill, Leiden, од 2001.
  • Aries Book Series: Texts and Studies in Western Esotericism, Brill, Leiden, од 2006.
  • Antoine Faivre, Access to Western Esotericism, SUNY Press, Albany 1994.
  • Antoine Faivre, Theosophy, Imagination, Tradition: Studies in Western Esotericism, SUNY Press, Albany 2000.
  • Kocku von Stuckrad, Western Esotericism: A Brief History of Secret Knowledge, Equinox, London / Oakville 2005.
  • Wouter J. Hanegraaff, 'The Study of Western Esotericism: New Approaches to Christian and Secular Culture', in: Peter Antes, Armin W. Geertz & Randi R. Warne, New Approaches to the Study of Religion, Том I: Regional, Critical, and Historical Approaches, Walter de Gruyter, Berlin / New York 2004.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]