Езерски Врв (Динариди)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Езерски Врв
Maja Jezercë / Језерски врх
Jezerca Massive.jpg
Поглед на Езерскиот Врв од Тројан
Највисока точка
Надм. вис.2.694 м [1]
Истакнатост2.036 м [2]
Географија
МестоСкадарска област
Координати42°26′33″N 19°48′51″E / 42.44250° СГШ; 19.81417° ИГД / 42.44250; 19.81417Координати: 42°26′33″N 19°48′51″E / 42.44250° СГШ; 19.81417° ИГД / 42.44250; 19.81417
Матичен венецПроклетие, Динарски Планини
Геологија
Видваровник
Искачување
Прво освојување1929 г. од Слиман, Елмсли и Елвуд
Најлесен патсеверна падина

Езерски Врв (албански: Maja Jezercë, српски: Језерски врх) — врв на масивот Проклетие меѓу Албанија и Црна Гора. Претставува највисокиот врв на Динарските Планини, втор по висина во Албанија и седми на Балканот. Се издига на надморска височина од 2.694 м. и го зазема 28. место по истакнатост во Европа.[3]

Врвот е сместен во масивот Проклетие, познат по најјужните ледници во Европа.[4] Освен некои подрачја северно од врвот, варовничкиот масив е дел од националните паркови Тет и Долината на Валбона.[5] До врвот се статува по патека од северната страна; највеќето планинари приоѓаат од гратчето Гусиње од црногорска и селото Тет од албанска страна.[6]

Езерски Врв лежи на 5 км од Црна Гора, меѓу долината на реката Валбона на исток и седлото Шала на запад.

Комунистичката власт на НСР Албанија го преименувала врвот во во „Врв на Младоста“ (Maja e Rinisë), но ова име не було усвоено во секојдневна употреба.[6]

Топографија[уреди | уреди извор]

Езерце е каменлив врв од доломитски варовник речиси без никаква растителност. На север, исток и запад од врвот се протега голем цирк од времето кога ледниците зафаќале поголема површина. Денес северниот цирк се нарекува Езерска Долина (Buni i Jezercës) и е на висина од 1.980 до 2.100 м, со ледничко езеро долго 380 м.[7]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Maja e Jezercës“. Peakbagger.com. конс. 2014-05-24.  (англиски)
  2. 2,0 2,1 Ултраистакнати планини во Европа — Peaklist.org. (англиски) посет. 24 мај 2014 г
  3. „EUROPE ULTRA-PROMINENCES 99 Peaks with Prominence of 1,500 meters or greater“. peaklist.org. 
  4. „FEASIBILITY STUDY ON ESTABLISHING A TRANSBOUNDARY PROTECTED AREA PROKLETIJE / BJESHKËT E NEMUNA MOUNTAINS“ (PDf). condesan.org. стр. 4. 
  5. Florian Baba (Herausgeber): Linja e Gjelbër Shqiptare, Tirana 2008
  6. 6,0 6,1 „Summipost: Jezerca“. конс. 2 August 2009. 
  7. Milovan Milivojevića, Ljubomir Menkovića and Jelena Ćalić: Pleistocene glacial relief of the central part of Mt. Prokletije (Albanian Alps), in: Quaternary International, V. 190, 1, 1. November 2008, S. 112-122

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Шаблон:Планини во Албанија