Езеро на шампањското

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Езеро на шампањското
ChampagnePool-Wai-O-Tapu rotated MC.jpg
Портокаловата боја потекнува од депозити на арсен и антимон сулфид.
ПодрачјеВаиотапу, Северен Остров
Координати38°21′33″ S; 176°22′08″ E / 38.359086° S; 176.368901° E / -38.359086; 176.368901Координати: 38°21′33″ S; 176°22′08″ E / 38.359086° S; 176.368901° E / -38.359086; 176.368901
ВидГеотермален градиент
Сливни земјиНов Зеланд
Најг. должина65 м (213 ст) км
Најг. длабочина62 м (203 ст) м
Зафатнина50,000 m3 (1,800,000 cu ft) км3
Проточност34 денови

Езеро на шампањското (Champagne Pool) — кратерско езеро кое се наоѓа на Северниот Остров во Нов Зеланд. На местото каде што денес се наоѓа езерото имало неверојатно убави бели и розови карпести тераси, но откако еруптирал вулканот Мауна Тарауера, на местото на терасите се појавило блескаво смарагдно-зелено езеро. Топлиот извор од кој денес се затоплува езерото се формирал пред околу 900 години преку хидротермална ерупција[1], што го прави во геолошка смисла релативно млад систем.

Езерото се наоѓа на 30 километри југоисточно од Роторуа и околу 50 километри североисточно од Таупо. Името Езеро на шампањското е изведено од изобилството на јаглероден диоксид (СО2). Нејзиниот кратер е околу 65 метри во пречник со максимална длабочина од околу 62 метри и се полни со проценета количина од 50.000 метри3 од геотермалната течност[2]. На дното, водата достигнува температура и до 260 °C, додека на површината на езерото се движи меѓу 73 и 75 °C.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Lloyd, E. F. (1959). „The hot springs and hydrothermal eruptions of Waiotapu“. New Zealand Journal of Geology and Geophysics. 2 (1): 141–76. doi:10.1080/00288306.1959.10431319.
  2. Hedenquist, J. W. (1986). „Geothermal systems in the Taupo Volcanic Zone: Their characteristics and relation to volcanism and mineralisation“. Bulletin of the Royal Society of New Zealand. 23: 134–68.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]