Езеро Хилиер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Езеро Хилиер
Lake Hillier 2 Middle Island Recherche Archipelago NR IV-2011.JPG
ПодрачјеГолдфилдс-Есперанс, Западна Австралија
ВидСолено езеро
Сливни земјиАвстралија
Управен органПрироден резерват Архипелаг Речерче
Најг. должина600 м (2,000 ст) км
Најг. ширина250 метарs (820 стапки) км
Површина{{Пб/Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „&“
 |1=Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „&“
}}
15 ha (37 acres) км2
Наводи[1]

Езерото Хилиерсолено езеро на работ од Мидл Ајленд, најголем остров од Речерче архипелагот во Голдфилдс-Есперанс регионот, во близина на јужниот брег на Западна Австралија. Карактеристично е по својата розова боја. Долг и тенок брег го одвојува Јужниот Океан (по некои дефиниции, Индискиот Океан ) од езерото.

Розовото езеро (Езерото Хилиер) на островот Мидл во Западна Австралија

Опис[уреди | уреди извор]

Езерото Хилиер е долго околу 600 метри и околу 250 метри широко.[2] Езерото е опкружено со густа дабова шума и еукалиптус, а од океанот го дели само едно тесно подрачје на песочна дина.[3] Езерото се карактеризира со дречлива розова боја, а таа се должи на присуството на микроалга, наречена Dunaliella salina.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Откривање од Европјаните и негово користење[уреди | уреди извор]

Езерото Хилиер било посетено од експедицијата на Метју Флиндерс на 15 јануари 1802 година. Забелешките во дневникот на Флиндерс се сметаат за први пишани записи за езерото. Флиндерс го набљудувал розовото езеро откако се искачил на највисокиот врв на островот (сега наречен Флиндерсов врв), опишувајќи го езерото на следниов начин: [4]

Во североисточниот дел имаше мало езеро со розова боја, чија вода, како што ме информираше г-дин Трстл кој го посети, беше презаситена со сол која се кристализираше во близина на брегот во количини доволни да се натовари еден брод. Примерокот што го донесе на бродот имаше добар квалитет и не требаше ништо освен сушење за да може да се употребува.

Во 1889 година, [5] Едвард Ендрјус ги истражувал можностите за производство на сол од езерото Хилиер за трговски цели, и накратко со двата сина се преселил на островот.[6] Заминал оттаму по една година.[5]

Кон крајот на 19 век од езерото се ископувала сол. Претпријатието за ископување сол почнало да пропаѓа од повеќе причини, а меѓу нив и „отровноста на солта наменета за потрошувачка“.[7]

Форми на живот[уреди | уреди извор]

Брегот на езерото Хилиер

Во езерото Хилиер живеат само микроорганизми, во кои спаѓа и Dunaliella salina - црвените алги кои му ја даваат бојата на езерото, како и црвените халофилни бактерии - бактериоруберин, кои ги има во кората на солта. И покрај необичната нијанса, езерото нема познати негативни ефекти врз луѓето. Одозгора, езерото изгледа како еднобојна розова гума за џвакање, но од брегот јасно се разликуваат повеќе розови нијанси. На крајбрежјето има наслаги од солена кора. Во 2016 година, научниците од проектот Extreme Microbiome спроведоа екстензивно секвенционирање на микробиомот и метагеномската ДНК и откриле Haloquadratum, Haloferax, Salinibacter, Halobacterium, Halogeometricum и неколку други халофилни организми. Исто така се открило и ниска концентрација на Psychroflexus.

Безбедност и пристапност[уреди | уреди извор]

И покрај високото ниво на сол (споредливо со Мртвото Море), езерото Хилиер е безбедно за пливање. Сепак, тоа не се препорачува, а не е ни дозволено без претходно одобрение од Одделот за заштита на животната средина на Западна Австралија.[8]

Статус на заштитена област[уреди | уреди извор]

Од 2012 година, езерото Хилиер било вклучено во границите на Природниот резерват Архипелаг Речерче. Од 2002 година, езерото се смета за блато од „субрегионално значење“. [9]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Guide to Asia - Lake Hillier - Australia“. 2004. Архивирано од изворникот на 23 August 2006. Посетено на 31 August 2008.
  2. „Lake Hillier“. Посетено на 2 March 2015.
  3. 3,0 3,1 ЕНаука.мк. „Зошто езерото Хилиер во Австралија има розова боја? | ЕНаука“ (англиски). Посетено на 2021-12-20.
  4. Flinders, Matthew (1814) [Facsimile Edition, 1966]. „Book I Chapter IV“. A Voyage to Terra Australis; Undertaken for the purpose of completing the discovery of that vast country, and prosecuted in the years 1801, 1802 and 1803, in his majesty's ship the Investigator, and subsequently in the armed vessel Porpoise and Cumberland schooner. With an account of the shipwreck of the Porpoise, arrival of the Cumberland at Mauritius, and imprisonment of the commander during six years and a half in that island. Volume I. London: Printed by W. Bulmer and Co. and published by G. And W. Nicol. Посетено на 2020-01-30 – преку Project Guttenberg.
  5. 5,0 5,1 Alistair Paterson and Corioli Souter (April 2006). „Report on historical archeological expedition to Middle and Boxer Islands, Recherche Archipelago“ (PDF). Western Australian Museum. стр. 12. Посетено на 24 August 2014.
  6. „The story of the Middle Island Boys“ (PDF). Esperance Island Cruises. Посетено на 18 July 2015.[мртва врска]
  7. Green, Jeremy; Souter, Corioli; Baker, Patrick (2001). „Department of Maritime Archaeology Visit to Middle Island, Recherche Archipelago, Esperance, 29 April–4 May 2001, Report–Department of Maritime Archaeology Western Australian Maritime Museum No. 154“ (PDF). Western Australian Maritime Museum. стр. 7. Посетено на 27 February 2015.
  8. „Swim in Lake Hillier, Australia“. Архивирано од изворникот на 18 March 2015. Посетено на 2 March 2015.
  9. A Biodiversity Audit of Western Australia's 53 Biogeographical Subregions in 2002 (PDF). Department of Conservation and Land Management. 2003. стр. 211. ISBN 0 7307 5534 7. Посетено на 1 March 2015.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]