Треска (езеро)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Езеро Треска)
Поглед кон езерото Треска

Треска претставува рекреативно езеро во село Сарај, во близина на главниот град на Македонија, Скопје. Езерото се протега на површина од 136.000 м2, длабоко е од 1,6 до 3 м и има капацитет од 10.000 капачи. Целиот спортско-рекреативен комплекс е изграден во 1978 година со самопридонес на жителите на Скопје.

Загаденост[уреди | уреди извор]

Поради загаденоста на водата, езерото е затворено како капачки објект од 1998 година. Постои иницијатива за негово повторно активирање како главна летна атракција за скопјани и иако постои фонд „Пари за Треска“, единствено има средства само за да се покријат трошоците за тековно чистење на дното на езерото, како и за санација на бетонските плочи на базенот[1].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Трајковска, Деспина (26 мај 2011). „Сончање без капење во езерото „Треска". Утрински Весник. Посетено на 2011-06-12.