Еестец

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

ЕЕСТЕЦ http://www.eestec-sk.org.mk (EESTEC- Electrical Engеnеering STudent European assoCiation - http://www.eestec.net) е невладина, непрофитна и неполитичка организација формирана за студенти по електротехника и компјутерски науки. Формирана е 1986 во Холандија, a во Скопје активно постои од 2003 година. Нејзиното активно членство брои 6000 студенти, студенти од водечките Електротехнички Универзитети низ цела Европа.

Целта на организацијата е да воспостави контакти помеѓу студентите, Универзитетите и идни работодавачи. Организацијата е комбинација на дружење, научни истражувања, посета на Европските универзитети со цел да се запознаат странските техники на учење и истражување, здобивање со неформално образование, запознавање млади луѓе од странски земји, посета на врвни компании, слушање предавања од врвни ескперти и професори.


Историјат[уреди | уреди извор]

Интренационалната организација ЕЕСТЕЦ (EESTEC) е формирана 1986 год. во Холандија и во моментот нејзиното членство низ цела Европа брои преку 3000 активни членови, студенти од водечките Европски Електротехнички Универзитети. Локалниот комитет во Скопје активно постои од 2003 година и во моментот брои преку 50 членови.
Основачи на локалниот комитет (ЛК) Скопје се:
- Ангел Стојановски
- Игор Панчевски
- Ана Мирчевска
- Драги Неделковски
- Билјана Стоименова
- Катерина Јовановска
- Игор Новевски
- Мики Јовановски


За годината 2009/10 ЕЕСТЕЦ ЛК Скопје на своето собрание го избра новиот Управен Одбор: - Претседател: Бојан Манчев
- Потпретседател за внатрешни работи: Весела Секулоска
- Потпретседател за публикации: Бојан Пекевски
- Контакт личност: Цветанка Ристовска

Визија на организацијата[уреди | уреди извор]

Визијата на организацијата е членовите да бидат студенти со изграден карактер, со знаење за други култури, нации, религии, јазици, кои во исто време освен инженерски знаења ќе имаат и способности за организација, финансии, логистика, тимска работа, изготвување проекти итн.
Целта на организацијата на локално ниво е да се воспостават контакти помеѓу студентите, факулетот и идните работодавци. и да ги научи студентите како да бидат тимски и добро организирани играчи и успешни инженери. Со самото организирање на презентации, семинари, работилници, мотивациски викенди и тренинзи, студентите се здобиваат со овие знаења.
Преку меѓународните настани студентите имаат шанса да одат во преку 20 Европски земји, да ги посетат најдобрите технички универзитети за Електротехника и Компјутерски науки и да се запознаат со начинот на живот и студирање ширум Европа. Членовите на тој начин ги развиваат и подобруваат комуникациските способности на идните инженери и размената на идеи и техничко знаење. Да не го изоставиме и запознавањето со различни култури, религии и општества, при што воедно се стекнува искуство за работа во мултинационална средина.

Локални настани[уреди | уреди извор]

Локалниот Комитет (ЛК) Скопје е постојано активен, организирајќи презентации за млади членови, мотивациски викенди, забави, меѓународни и локални семинари и конгреси.

Интернационални настани[уреди | уреди извор]

Академски Работилници[уреди | уреди извор]

Локалните комитети од цела Европа организираат еднонеделни работилници и собири, каде студентите се стекнуваат првенствено со дополнително образование. За време на студентските работилници се организираат предавања и вежби на актуелни теми од областа на електротехниката, информатиката и најновите технологии. Предавањата ги држат врвни професори и асистенти, доктори на науки, еминентни стручњаци, како и странски предавачи. Целта на овие работилници е:
- запознавање со електротехничките универзитети
- организирање на тркалезни маси со дискусии на одредени теми
- посети на фирми кои помагаат во реализирање на работилницата, се со цел студентите подобро да се запознаваат со условите и начинот на работа, како и да се воспостават контакти со потенцијални работодавачи
- кратки прошетки до некои познати локалитети и знаменитости
- забави, дружење, прошетки низ градот во кој се одржува работилницата

Студентски собири и размени[уреди | уреди извор]

Студентските собири и размени се неакадемски активности во ЕЕСТЕЦ. Се одржуваат најчесто во летниот и зимскиот период. За време на овие собири нема семинари и работилници, туку само забава и дружење. Локалните комитети од Шпанија, Хрватска, Португалија, Бугарија, Грција итн, организираат собири на море преку летото, но има и настани на езера и на планини во Швајцарија, Босна и Херцеговина, Унгарија, Словенија, Естонија итн.

Тренинзи[уреди | уреди извор]

Тренинзите се официјални ЕЕСТЕЦ настани за активни членови кои сакаат своето знаење да го пренесат на членовите од својот и од останатите локални комитети. Тренерите кои ги држат овие тренинзи се сертифицирани ЕЕСТЕЦ тренери. Секој член кој има мотивација да биде тренер може да се пријави да биде дел од програмите за тренери кои се одржуваат неколку пату во годината.

Конгреси [уреди | уреди извор]

ЕЕСТЕЦ има официјален годишен конгрес на кој претставниците од сите локални комитети се собираат и дискутираат за иднината на ЕЕСТЕЦ, за проблемите, за можни решенија и за контринуираниот развој на локално и меѓународно ниво.

Досегашни настани организирани од ЛК Скопје[уреди | уреди извор]

Интернационални настани

- “Skopje Workshop 2004”, (25/04/2004-03/05/2004).
- ”Тaste the Networks” , (12/12/2005-19/12/2005).
- “Feel the Energy `07”, (29/04/2007-05/05/2007).
- “Plone my Web”, (01/12/2007-09/12/2007).
- "WiMax to the Max", (17/05/2009-25/05/2009).

Локални настани
- Мотивациски викенди
- Презентации за млади членови



Контакт[уреди | уреди извор]

skopje@eestec.net


Наводи[уреди | уреди извор]

1. ЕЕСТЕЦ ЛК Скопје (EESTEC LC SKOPJE) Официјална страна на ЕЕСТЕЦ ЛК Скопје
2. EESTEC International Официјалната страна на Интернационалниот комитет на ЕЕСТЕЦ


Надворешни Врски[уреди | уреди извор]

Факултет за Електротехника и Информациски Технологии-Скопје
EESTEC International on Wikipedia