Едриличарски клуб Снегар

Од Википедија — слободната енциклопедија

Едриличарскиот клуб „Снегар“ е издвоен од Друштвото за водени спортови и рекреација 1972 година, и од тогаш постигна врвни спортски резултати давајќи репрезентативци на регатите во Европска конкуренција. 1. Едриличарски Клуб Снегар - Струга Сместен е во центарот на град Струга на „Градска плажа“ помеѓу Фудбалскиот клуб и хотел „Дрим“ Струга. - Располага со хангар од околу 250 м2 во чиј склоп се наоѓа општествена просторија со 30 м2 и магацин од 12 м2. Транзицијата во периодот до 2007 година го успори развојот на едриличарскиот спорт, но од 2008 година се започнати интензивни активности со учество на Светско Првенство во класата „Оптимист“ во Чешме, Турција, Балкан-ските првенства во класата „Опти¬мист„ во Варна – Бугарија, Балканското првенство во класа „Ласер“ во Мангалија, Велигденската Регата – Порторож – Словенија, International Optimist Sailing Week - Турција, Купот на Ѓердап – Д. Милановац, Меѓународната Дубровничка Регата, Св. Никола – Пула, и Новогодишните регати во Хвар - Хрватска. Истовремено, во соорга¬ни¬зација на Едриличарската феде¬рација клубот организираше и бе¬ше учесник на 7 (седум) државни - меѓународни регати. Клубот располага со едрилици од класите „Оптимист“ „Ласер’ „Фин“ „420“ и „470“. Покрај тоа моделарскиот тим разви и сопствена класа на викенд крсташи со должина од 7,5 метри, од кои се изградени веќе 5 јахти.

2.ЗАПОЧНУВАЊЕТО НА ЕДРЕЊЕТО ВО МАКЕДОНИЈА

Во Македонија, едрењето го развиваат моделарите собрани во организацијата на Народната техника на СРМ во 1948 година. Тие години од Сплит биле донесени во Струга и Охрид едрилици од типот „Пионер“. Следните години биле донесени едрилици и од класите „Јола“ „Ѕвезда“, и „Шлука“. Во 1954 година Народната техника на Јусославија организирала во Охрид изградба на новата класа „Кадет“. Оваа класа од Македонија била дистрибуирана до сите едриличарски центри во тогашната држава Југославија. На овие класи се обучени првите едриличари во Македонија, но за жал во 1960 и 1963 година на двапати катастрофалните поплави ги уништија постоечките хангари и едрилици на бреговите на Охридското Езеро. Како последица на тоа едрењето престанало да се развива, па дури и почнало да стагнира.

Голема прекретница е направена на 27.09.1970 година на вонредното собрание на сојузот на организациите на техничка култура и спортови на вода на Македонија, кога е донесена одлука за свикување собрание на Едриличарски сојуз на Македонија (Претседател Д-рГиго Милески). Сојузот бил основан во Струга на 10.05.1972 година и регистриран во регистарот на здруженијата на граѓаните на 20.10.1972 година од секретаријатот за внатрешни работи Струга. Ваквиот пат го следеле и другите водени спортови, па дополнително се формирал и Каја¬кар¬скиот и Веслачкиот сојуз на Македонија, сите со седиште во Струга.

Паралелно со организациските активности, младите ентјузијасти од Струга, Владимир Кавај и Лазо Ѓоргоноски ја обновија едриличарската секција во ДВСР „Црн Дрим “ и ги реставрирале едрилиците од класата „Кадет“ со помош на младите едриличари Вилие Јовчески, Звонимир Матовски, Јордан Гаврески и други. Во секцијата за брзо време била оформена натпреварувачка екипа, почнале да се проучуваат регатните правила, да се следат странски стручни списанија и да се организираат натпревари. Молскавичен раст на вкупното едрење е започнато со приклучувањето Томе Кочоски, Раде Кутаноски, Ѓорѓи Чуркоски, Танас Мисоски, Зоран Жупаноски, Славе Кочоски, Коста Благоевски и Ликовски Димитри. Со нив, едриличарската секцијата се трансформирала во Едриличарски клуб „Снегар“ Струга, којшто е регистриран како здружение на граѓани при одделението за внатрешни работи УП.БР.06-687/1 во 27.03.1974 год во Струга . Во клубот бил задржан постојниот натпреварувачки и моделарски тренд во развојот, биле реставрирани клупските простории, се изгради сопствена флота од 5 едрилици од класата „Кадет“ и се воведе пионерската класа „Оптимист“. Покрај тоа, раководните тела на Едриличарскиот клуб „Снегар“ работеа за организирање на органите и телата и на другите едриличарски клубови. Во текот на тие години Едрили¬чарскиот спорт во Република Македонија доживеал процут излегувајќи од рамките на Македонија и влегол во трка најпрво со контитененталните клубови во Земун и Суботица, а потоа со клубовите на море од Сплит, Шибеник, Ријека, Пула, Дубро¬в¬ник, Херцег Нови, Тиват, Копер, Пор¬торож и други. Притоа биле пос¬тигнати забележителни резултати, со освојување на први втори и трети места. Со постојано учество на регатите во рамките на сојузната држава. Македонскиот едриличар Фарук Лушо од Струга станал реперезентативец на СФРЈ во едрење. Неговото учество на светското првенство и олимипијадата за класата „Ласер“ било оневозможено со распадот на таа држава.

Со здобивањето на самостојност на Република Македонија, транзици-ските последици од про¬ме¬на на системот настапиле и спортската дејност поради промената во системот на финанси¬рањето. Општиот пад на стопанството се рефлектирал и во едрењето бидејќи војната во СФРЈ ги оневозможило организирањето на дотогашните регати во Хрватска, Словенија Црна Гора и транизтирањето кон Унгарија (Балатон) и Италија. И покрај тоа, Едриличарскиот сојуз на Македонија во текот на 1998 година го издаде првиот превод на „Регатните правила за едрењето“, што е прв стручен текст од ова поле во Македонија, и е од особена важност, поради внесувањето на нова, „едриличарска“ терминологија во македонскиот јазик . Во текот на истата година, и Кирил Андонов од Скопје, го публикува своето дело „Бродомоделарство“ . Следната организациска измена на македонскиот едриличарски сојуз се случил во 1998 година, кога е преименуван во Едрили¬чарска федерација на Македонија што било наметнато од измените во едриличарската организацијата на светско ниво – ISAF . На спортско поле, во периодот од 1991 до 2000 година, може да се забележи географска промена на натпреварите со учеството на регати на Црното, Егејско и Мраморно море, односно регати организирани од Бугарскиот, Турски и Грчки едриличарски клубови и сојузи. Најзабележителните спортски успеси во овој период го носи Бојан Кавај во класата „Ласер“ додека Иван Андреески од Струга за првпат што го вееше нашето Македонско знаме на светското превенство во Бангкок на Тајланд во класата „Мистрал“.

Вистински револуционерен скок за македонското едрење се случил во 2000 година, кога едриличарските вете¬рани во Струга изградиле 3 едрилици – минитонци со должина од 7,5 метри. Бидејќи сите се изградени по исти одлики може да се нарече дека е за првпат е воведена домашна класа едрилици која била наречена „Сирма“. Истовремено во тој период со завршуванњето на проектот за изградба на минитонци се оформува и Јахтинг Клубот Сирма Струга . Од тогаш до денесе се одржуваат регати и во класата минитонец, па набрзо во Струга и Охрид се набавени уште десетина јахти од класата минитонец, а во следните години и микротонец. Натпреварувачки пресврт е направен во класата „Оптимист“ во 2001 година од членовите Ристе Талески, Ердал Љушо, Моника Ристеска, Марко Гучески, Власе Јовановски и други. Веќе во 2003 година екипата од класата оптимист освоила медали на Еуро-Балканските регати, од кои најзначајни се златните медали до 12 години во 2004 година. Сребрените медаљи во генералниот пласман во 2005 година и бронзените медаљи во 2006 година. Со тек на време Македонското едрење почнува да се рангира на светско ниво со учества на европски и најпрестижните светски првенства.

3. ЗАКЛУЧОК Вкупното согледување на овој материјал може да ги даде следните заклучоци: 1 Едрењето во неговата целокупност во Република Македонија согласно своите природните ресурси сè уште не се препознава како масовна рекреација. 2 Гледано од страна на врвен спорт, тоа котира на светската цена над своите досегашни вложувања благодарение на мал број ентјузијасти. Со дополнителен механизам на поткрепа во моментов има огромни можности за освојување на медали на европсктие и светски натпревари. 3. Се препознава навлегување на елитното едрење, кое доаѓа со набавка на едреници, во сè поголем број, а тоа е можност за дополнителен поттик за спортското, рекреативно и елитно едрење.

Користена литература и информации од:

1.Архивата на Едриличарска федерација на Македонија

2.ISAF – Меѓународна едриличарска федерација . www.sailing.org

3.Архивата на Едриличарски клуб „Снегар“ Струга

4.Интервју со Владимир Кавај , Лазо Ѓоргоноски и Љушо Фарук од Струга.

5.Спортски сојуз Струга ( СОФКА).

6.Интервју со Лазо Ѓоргоноски и Фарук Лушо од Струга.

7.Друштво за водени спортови и рекреација.

9.Решение за упис УП.БР.06-687/1 во 27.03.1974 год на СВР Струга.

10.ЦИП - 796,063“1989/92“:797.14(02)

11.CIP - 689:629.12(035), ISBN9989-9959-0-9