Едренџик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Едирнеџик
Αδριανή
Едирнеџик is located in Грција
Едирнеџик
Едирнеџик
Местоположба во областа
Едирнеџик is located in Драма (општина)
Едирнеџик
Местоположба на Едирнеџик во Општина Бук и областа Источна Македонија и Тракија
Координати: 41°8′N 24°15′E / 41.133° СГШ; 24.250° ИГД / 41.133; 24.250Координати: 41°8′N 24°15′E / 41.133° СГШ; 24.250° ИГД / 41.133; 24.250
ЗемјаГрција
ОбластИсточна Македонија и Тракија
ОкругДрамски округ
ОпштинаБук
Општ. единицаНусретли
Надм. вис.&10000000000000151000000151 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно1.080
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Едирнеџик (грчки: Αδριανή, Адријани)[2][3] — село во Општина Бук во Драмски округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 11 километри источно од градот Драма и на 28 километри североисточно од центарот на општината, Бук. Селото се наоѓа на надморска височина од 151 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Отоманско Царство[уреди | уреди извор]

Селото во текот на 19 век се наоѓало во рамките на Драмската каза, во составот на Отоманското Царство. Црквата „Свети Никола“ била изградена во 1884 година.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 500 жители Македонци, 450 Грци и 50 цигани[4][5]. Во периодот од 1902 до 1909 година учители во селото биле Александрос Целиос - секретар на револуционерниот комитет „Аминас“, и Александрос Лукас - член на терористичката група во Едирнеджик[6].

Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живеале 250 Грци и работело грчко училиште со 2 наставници и 40 ученици[7].

Грција[уреди | уреди извор]

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Република Турција и Република Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија додека муслиманското население ги напуштило своите домови.

Во 1927 година, селото било прекрстено во Адријани.[8]

Демографија[уреди | уреди извор]

До 1928 година во селото биле населени 788 бегалци од Турција.[9] Во 1928 година селото броело 1741 жители, додека во 1940 година селото броело 124 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 126 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 108 жители, во 1971 година имало 63 жители, во 1981 година имало 38 жители, додека во 1991 година имало 28 жители[10]. Денеска, населението на селото е 13 жители според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 2065 1837 1564 1076 1076 1346 1371 1080
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција. 
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Καραγκιόζ Κιόι -- Περίβλεπτον
  3. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971
  4. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  5. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 169.
  6. [yaunatakabara.blogspot.com/2010/08/ka-1800.html Yauna Takabara]
  7. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рp. 196-197.
  8. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971
  9. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928
  10. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. II. Скопје: Институт за национална историја. стр. 14.