Едноминутни новели

Од Википедија — слободната енциклопедија

Едноминутни новели (унгарски: Egyperces Novellák) е збирка куси раскази од унгарскиот писател Иштван Еркењ (Örkány István). Збирката е објавена во 2005 година од издавачката куќа “Темплум”. Преводот од унгарски јазик е направен од Анамарија Цинеге Панзова.

Технички податоци[уреди | уреди извор]

Збирката “Едноминутни новели” е објавена како 31 книга на библиотеката “Магма”. Книгата е отпечатена во мал формат (18 сантиметри), во мек повез и има 154 страници. Каталогизацијата е извршена во Националната и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски” - Скопје и ја носи ознаката ISBN 9989-902-64-Х. Графичкото уредување и дизајнот на книгата е дело на фирмата “Точка”, а на предната корица е ставена слика на “Трегер и Трегер” (Träger & Träger). На задната корица се наоѓа мал осврт врз делото. Печатењето на книгата било овозможено со финансиска поддршка од Унгарската книжевна фондација.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Збирката “Едноминутни новели” содржи две воведни објаснувања (“Упатство за употреба” и “Што е тоа гротеска?”), како и 60 куси раскази, собрани во неколку циклуси. На крајот на книгата се наоѓа белешка за авторот, како и хронологија на животот на Еркењ, подготвена од Златко Панзов. Исто така, збирката содржи и цртежи, кои се дело на Еркењ. Во збирката се поместени следниве раскази:[1]

  • Циклус “Претходници”, со расказите: Во лудница, Сатаната во Фиред.
  • Циклус “Состојби”, со расказите: Нема ништо ново, Што е ова? Што е ова?, Смртта на глумецот, Престиж, Смртта на гледачот, Старееме, Феномен, Упорна печатна грешка (поправка на грешката), Информација, Климакс, Сифонска смрт, IN MEMORIAM, д-р К. Х. Г.
  • Циклус “Портрети”, со расказите: Машки портрет, Еден совесен читател.
  • Циклус “Сликите на едно време”, со расказите: Перпетуум мобиле, Зад линијата на фронтот, Посветите на еден унгарски писател, Испитување на карактерот, Слика на едно време.
  • Циклус “Опачини”, со расказите: Лош сон, Италија, Секогаш има надеж.
  • Циклус “Варијации”, со расказите: Избавителот; Мал оглас; Вест; Често многу добро се согласуваме во најсложените работи, но се случува за наједноставни прашања да не можеме да најдеме заеднички јазик.
  • Циклус “Стеснетост”, со расказите: Нашите чеда, Ќофтиња, апел, Професионална гордост, Ahasver, Судбината на уметникот.
  • Циклус “Соопштенија”, со расказите: Соопштение на Друштвото за заштита на животни, Инвентар, Најди ја грешката!, Како се чувствуам, Испитување на јавното мислење, Уште и праша.
  • Циклус “Можности”, со расказите: Празна страница; Изјава; Информации, ограничувања на сообраќајот во врска со настаните на први февруари; Контемплации во визбата; Скромност; Време на насилство; Семејни вести; Наслови во весници; Залудно ни успева да разјасниме некое прашање, веднаш се појавува следната загатка; Оптичка измама; Дом.
  • Циклус “Параболи”, со расказите: Возачот, Што сè треба да се знае, Нововенчани на меден месец на лепливата хартија (се мисли на муволовка), Трилер, Смислата на животот, Мемоарите на една баричка, Говор во парламентот, Надворешна конјугација.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Иштван Еркењ, Едноминутни новели, Темплум, Скопје, 2005.