Едмон де Гонкур

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Едмон де Гонкур
Edmond de Goncourt by Nadar c1877.jpg
Гонкур во 1877 (слика од Надар)
Роден/а26 мај 1822
Нанси, Франција
Починат/а16 јули 1896
Шампросе, Франција
Занимањеписател, издавач, книжевен и ликовен критичар
Националностфранцузин

Едмон де Гонкур (26 мај 182216 јули 1896) — француски писател, издавач, книжевен и ликовен критичар, воедно и основач на Гонкуровата академија. Роден во Нанси, тој поголемиот дел од својот живот го посветил на пишување книжевни и ликовни рецензии, а оформил и писателски пар заедно со братот Жил де Гонкур. По смртта на Жил во 1870, Едмон продолжил да твори сам.

Едмон го заложил сиот свој имот за да ја основа и одржува академијата Гонкур. Во чест на починатиот брат Жил де Гонкур (17 декември 1830 – 20 јуни 1870), секој декември од 1903 година академијата ја доделува „наградата Гонкур“. Тоа се смета за најпрестижна награда во француската литература, а се доделува за „најдоброто фиктивно прозно дело на годината“. Марсел Пруст, Симон де Бовоар, Мишел Турние, Маргерит Дирас, Ромен Гари и Патрик Модијано, се меѓу најпознатите добитници на наградата. Едмон починал во Шампросе во 1896, а бил закопан на гробиштата Монмартр во Париз.[1]

Дела[уреди | уреди извор]

Романи
  • Sœur Philomène (1861)
  • Renée Mauperin (1864)
  • Germinie Lacerteux (1865)
  • Manette Salomon (1867)
  • Madame Gervaisais (1869)
  • La Fille Elisa (1878)
  • Les Frères Zemganno (1879)
  • La Faustin (1882)
  • Chérie (1884)

Друго
  • Journal des Goncourt, 1851-1896
  • Portraits intimes du XVIIIe siècle (1857)
  • La Femme au XVIIIe siècle (1862)
  • La du Barry (1878)
  • L’Art du XVIIIe siècle (1859–1875)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Edmond and Jules Goncourt Encyclopædia Britannica

Надворешни врски[уреди | уреди извор]