Единствен државен регистар на претпријатијата и организациите на Украина

Од Википедија — слободната енциклопедија

Единствен државен регистар на претпријатијата и организациите на Украина (украински: Єдиний державний реєстр підприємств та організацій України, ЄДРПОУ) — статистички регистар на претпријатијата во Украина, автоматизиран систем за собирање, складирање и обработување на податоци за претпријатијата и организациите на сите форми на сопственост, како и нивните одделени поделби — филијали, одделенија, претставништва, итн.

Историја[уреди | уреди извор]

На 14 јули 1993 година со Одлуката на Кабинетот на министрите е воспоставен Државниот регистар на извештајните (статистичките) единици на Украина (украински: Державний реєстр звітних (статистичних) одиниць України, ДРЗОУ)[1]. На 22 јануари 1996 со Одлуката на Кабинетот на министрите е воспоставен Единствениот државен регистар на претпријатијата и организациите на Украина[2].

Назнака[уреди | уреди извор]

Во случај на ставање на еден субјект на стопанската дејност во ЕДРПОУ, му се дава назнака и кодови на класификационите ознаки. Назнаката е единствена за сиот информациски простор на Украина и се чува за субјектот на стопанската дејност во целиот период на неговото постоење.

ОКПО (руски: общесоюзный классификатор предприятий и организаций) во Украина бил активен до 1994 година, след тоа ЗКПО.

ЗКПО (украински: загальноукраїнський класифікатор підприємств та організацій) (10/12 бројки) бил во употреба до 1998 година.

Од 1998 година овој класификатор е наречен ЕДРПОУ (8/10 бројки).

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]