Едерлези (празник)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Едерлези
Прослава на Хедерлез на Крим
Доменипразничен настан
Поврзница1284
ОбластЕвропа и Северна Америка
Историја на впишувањето
Впишување2017 (12. сесија)

Едерлези или Хедерлез — традиционален празник во чест на пролетта. Се слави кај турските народи кои на овој ден го слават почетокот на пролетното напасување на стоката.[1] Во Македонија [2] и Србија [3] овој празник го слават Ромите. Едерлези се слави секоја година 6 мај, како Ден на пролетта, или празник на будењето на природата.[4]

Со усвојувањето на христијанството, Едерлези се совпаднал со Ѓурѓовден, кој исто така се слави на 6 мај. Кај некои народи Св Ѓорѓи се смета за заштитник не само на воините, туку и на сотчарите и земјоделците, иако во животописот на светителот нема факти кои би укажувале на неговата поврзанот со земјоделието. Но, на некој начин древниот пагански празник се споил со христијанскиот и се празнува во ист ден. Значењето и ритуалите на празникот Едерлези кај Гагаузите и на празникот во чест на Св. Ѓорѓи кај народите од балканско-карпатскиот регион во многу нешта се слични.

Вообичаено е Едерлези да се слави во природа. Тоа е и почит на древните обичаи на предците, а празнувањето на пролетта е токму онаму каде што се чувствува најцелосно - опкружено со првото зеленило и цветни дрвја и ливади.[5]

Празникот Ерделези во 2017 година бил вклучен во списокот на УНЕСКО за нематеријално културно наследство на човештвото, како културно наследство на Турција и Македонија.[4]

Етимологија[уреди | уреди извор]

Ритуали поврзани со обожување на паганско божество, чии обележја во христијанството од Свети Ѓорѓи, а во исламот од пророкот Ал-Кадир (арап. ٱلْخَضِر‎, турски: Hızır), биле многу распространети меѓу многу народи од Мала Азија и Средна Азија .

Етимолошки, името на празникот Хидрелес е изведено од имињата на религиозните личности Хизир и Илиас (пророкот Илија).[4] Овој муслимански назив за празникот Едерлези значи „ден на пророкот Илија - денот на Хизир Илиас“. Митолошкиот лик Хизир е поврзан со изворите на вода и делува како светец-заштитник на работниците, давател на изобилство и среќа.[5]

Хизир се смета за митска личност за која се повторуваат наративи во различни митологии и култури. Турскиот теолог Махмут Ерол Килич (турски: Mahmut Erol Kılıç) ја застапува идејата дека Идрис, Илиас и Хизир се различни имиња за иста личност, земени во различни времиња и од различни култури и дека овој лик е идентичен со ликот на богот Тот во Стариот Египет, Енох кај Евреите или Хермес кај Античките Грци.[6]

Церемонии за време на празниците[уреди | уреди извор]

Народен оркестар на прославата Хедерлез во Турција
Прослава на Хедерлез во Кишињев, главниот град на Молдавија

За време на празнувањето на оваа пригода се вршат различни церемонии и ритуали поврзани со природата, кои гарантираат благосостојба, плодност и просперитет на семејството и заедницата и го штитат добитокот и земјоделските култури за наредната година. Празникот го слават сите – семејства, деца, млади, возрасни, а сѐ е придружено со музика и игра. Ритуалите имаат длабоко вкоренети културни значења. Тие им даваат на заедниците чувство на припадност и културен идентитет и можност за зајакнување на односите. Сложената организација на сродни настани на локално, регионално и национално ниво обезбедува широко учество на поединци, групи и заедници. Херделез е препознаен како клучен дел од културниот идентитет на локалните заедници и поврзаните знаења и вештини се пренесуваат во семејството и помеѓу членовите на заедницата преку усна комуникација, набљудување, учество и настани. Затоа е вклучен во саписокот на УНЕСКО на нематеријално културно наследство на човештвото.[4]

Хедерлез кај турските народи[уреди | уреди извор]

Кај турскиот народ стар обичај е на овој ден да се склучи договор меѓу сопственикот на стоката и овчарот. Жените ги испраќале своите мажи на пасиштата и им подготвувале залихи за храна за патувањето. За таа прилика се подготвувала гозба, на која неминовно се служело „курбан“- јадење од овчо или јагнешко месо. Девојките и жените наутро се миеле со роса за убавина на нивните лица, а исто така подоцна во текот на денот се капеле во водата во која биле потопени лековитите билки собрани тоа утро, за добро здравје.[1] Исто така, на овој ден се почитувала и ритуалната забрана за активности поврзани со остри предмети, па шиењето и кроењето било забрането.

За време на свеченоста биле организирани различни натпревари, од кои главни биле коњските трки. Дури и денес, секоја година на Хедерлез, во малиот молдавски град Чатир-Лунга (руски: Чатыр-Лунга), позната по фарма за коњи, го организира коњичкиот натпревар „Алтин ат“ („Златен коњ“).

На постсоветските територии, Едерлези најмногу го слават Гагаузите и Кримските Татари. За Гагаузите, од памтивек, овој празник се поврзува со идејата годината циклично да се подели на две годишни времиња: од Хедерлез до есенскиот празник Касим трае лето, а од Касим до Хедерлез зима. За Хедерлез, со појавата на првото зеленило на ливадите, добитокот се носи на пасиштата, а дома се враќа дури на почетокот на ноември, на Касим. Овие два празника го симболизираат почетокот и крајот на сточарската и земјоделската година, поради што беа најважните празници за Гагаузите.[5]

Хедерлез меѓу Ромите на Балканот[уреди | уреди извор]

Херделез, односно Ѓурѓовден традиционално се одбележува меѓу ромското население на Балканот од 6 до 9 мај. Ромите го презеле овој празник од другите народи, приспособувајќи ги празничните церемонии на нивните верувања. На овој празник тие го слават заминувањето на зимата и доаѓањето на нивната омилена сезона - летото . Пред празниците обичај е да се чистат и бојадисуваат куќите во разни бои. Се купуваат нови облеки и обувки, со цел да се промени начинот на кој се менува природата. Ден пред празнувањето на празникот, на 5 мај, се оди во верски храмови во знак на благодарност на Бога. Истиот ден се собираат зелени гранки од топола и разни пролетни цветови и лековити билки. Со нив се украсуваат куќите, а лековитите билки се варат во вода во која подоцна се капат децата, за да бидат здрави како природата и високи како топола. Во овие ритуали, гранчињата, цвеќињата и „светата вода“ се симболи на животот и пролетта. Доцна попладне во рамките на празникот се колат јагниња. Овој празник трае четири дена и се одбележува со посета на роднини и пријатели, со многу музика и богата трпеза. Последниот ден Ромите излегуваат во природа за да се збогуваат со зимата и со нетрпение го очекуваат доаѓањето на летото.[3]

Ромите имаат двосмислено обележување на овој празник, кој го носат со себе како животна вредност од нивната древна татковина Индија. Во Хедерлез (некои научници го нарекуваат овој ромски празник Какави), се комбинираат два важни празници - празникот Холи и прославата на божеството Индра. Празникот Холи е од многу старо потекло и е опишан во древните индиски списи (сутри) и има свое длабоко духовно значење. Суштината на овој празник, кој е поврзан со многу митови и легенди, е прославата на конечната победа на доброто над злото. На денот на празникот, кој уште се нарекува и фестивал на боите, луѓето со голема радост се полеваат со вода, играат, слават, се радуваат и го дочекуваат летото. Друго значење е славењето на божеството Индра, кое за разлика од многу други ведски божества има свој човечки облик.[2]

Митови и легенди[уреди | уреди извор]

На Индра ѝ се припишуваат многу митски облици во борбите против демоните, но еден е посебен. Во тој мит, страшниот змеј (или змија) по име Вртра (Пречка) ја заробил водата во реките и не дозволувал наводнување на житните полиња ниту обезбедување вода за пиење за луѓето или за животните. Индра го убива змејот, ги испушта водите и му носи просперитет и изобилство на целиот жив свет. Ова е објаснување и за односот на Ромите кон Херделез и овој празник е тесно поврзан со нивниот идентитет.[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Гагаузский праздник Хедерлез“ Проверете ја вредноста |url= (help). Севастопольский городской национально-культурный центр. 8. 5. 2021. Посетено на 1. 6. 2021. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  2. 2,0 2,1 2,2 Тахири, Аријета (2020). „ЃУРЃОВДЕН, ПРАЗНИКОТ НА ЛЕГЕНДИТЕ, ТРАДИЦИЈА НА СИТЕ ИЛИ НА РОМИТЕ?“ (PDF). РОМА ИНДЕКС. 17: 3-5. Архивирано од изворникот (PDF) на 02. 06. 2021. Посетено на 1. 6. 2021. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |archive-date= (help)
  3. 3,0 3,1 Upoznavanje sa Romima i romskom kulturom. стр. 28-29. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help); |access-date= бара |url= (help)
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 „Spring celebration, Hıdrellez“. UNESCO. Посетено на 31. 5. 2021. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  5. 5,0 5,1 5,2 „Хедерлез“ Проверете ја вредноста |url= (help). Севастопольский городской национально-культурный центр. 6. 5. 2021. Посетено на 2. 6. 2021. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  6. KILIÇ, Mahmud Erol. "Ebu'l Hukemâ": Hikmetin Atası Hermetik felsefenin İslâm düşünce tarihinden görünümü“. Hermetics. Архивирано од изворникот на 2011-01-02. Посетено на 2. 6. 2021. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)

Литература[уреди | уреди извор]

  • Kyuchukov, Hristo; Marushiakova, Elena; Popov, Vesselin (2016). ROMA: PAST, PRESENT, FUTURE. Minhen: Lincom Academic Publisher. Посетено на 1. 6. 2021. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)
  • Sikimić, Biljana; Hristov, Petko (2007). KURBAN NA BALKANU (PDF) (engleski). Beograd: SRPSKA AKADEMIJA NAUKA I UMETNOSTI. Посетено на 1. 6. 2021. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]